Фала ви и за овие совети, али искрено да ви кажам, не сум поддржувач на тепање, а јас не сум му дозволил да вози секако, тоа со брат му они. 18 годишниот син има два скутери и ете, биднало. Не би ми паднало ни на крај памет дека би возел на едно тркало на булевар нити било каде друго а ни да вози скутер без возачка али не сум го ни видел кога го земал. Ништо, ќе ја оправаме работава некако. Бев, се исконсултирав со адвокат, го ангажирав и ми објасни што како треба. Ако некој се нашол во слична ситуација и му е потребен совет нека пише на порака, ќе му кажам што како треба. А малово е доволно уплашено од ситуацијава поради полицијата, ми плачеше и греота е сега на сето тоа уште да му ја врзам една.
Друже,
Малото, после Х време ќе ти направи пак беља. Пак ќе плаче. Пак ќе ти биде жал.
Ок. Ќутек не мора да му удриш.
Скутерот што го возел бил на поголемиот син. Тој има 18 години, веројатно нема никакво чувство за одговорност кон брат му. Штом му го дал моторот и му овозможил услови да се однесува неразумно, грешката е и кај него.
Јас да сум на твое место, скутерот ќе го исечам пред нивни очи на пола со бонсек или со циркулар и ќе го дадам во отпад, а тој вториот скутер ќе го продадам и ќе ги покријам трошоците за казни и адвокат.
Мора да добијат школо и двајцата.
Подобро они да си ја маваат главата од ѕид затоа што не мислеле разумоно отколку да изгинат некаде, не дај боже.