@MecheTo Последна реплика, пошо реално малку почнавте нервиве да ми ги кинете, а тоа не е добро работа, ни за вас ни за околинава.
Член 43
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со
уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за
учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло - забрана на минување,
- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога
ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак
што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за
другите учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале
да го преминуваат коловозот.
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска
противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата
од ставот (1) на овој член.
Ако не си писмен, не знаеш да читаш, не сфаќаш или од било која причина тераш инает, во Став 5 ти е напишано дека секое постапување спротивно на став 1 е казниво со 250 евра. Јасно ти е до сега?
Во став 1 е објаснето кој семафор - која боја е за што. Јасно?
За жолта што стои? жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога
ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак
што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за
другите учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале
да го преминуваат коловозот.
ЗНАЧИ ЗАБРАНА ЗА МИНУВАЊЕ. З А Б Р А Н А З А М И Н У В А Њ Е. З А Б Р А Н А З А М И Н У В А Њ Е. З А Б Р А Н А З А М И Н У В А Њ Е. Ок е или пак да ти повторам неколку пати??
Дали ќе те казнат по овој основ или не, ќе треба да се докажуваш дали си можел да запреш или не. Така да шансите за казна ти се 50%. Никаде не вика на жолто не се казнува, туку ти вика забрането освен... А за црвено ти вика само забрането.
Жиле го застанале за жолто, се договориле дека е жолто, тој додека го правел записникот да се поштеди од трошење време на суд и слично зошто во меѓувреме му текнало дека ќе се консултира со некој, па на суд ќе проба да негира или небитно, му подметнал црвено. Најголем број од луѓето веруваат на полицаецот па не проверуваат што потпишуваат. Ако стигне на суд, црвено е далеку поотежителна околност од црвено.
Ете соберете се сега 3ца адвокати или колку и да сте, еден нека пише жалба, еден пријава до внатрешна контрола, еден нека спрема терен на врховен и ќе го спасите од казна.
Јасно ти е или уште не? Ако не слободно пак прашај, пак ќе ти објаснам.
@loopz во ковид 19 сите беа стручни лица, доктори, фармацевти со 1000 години стаж, со по 2-3, кој 5 прочитани статии, тука сите се адвокати, затоа и толку натегање.
За проста работа 250 еу прекршочна казна, толку јасно напишан член, некој те убедува дека не може да те казнат, епа да ми извините ама не можев да преќутам. Мн глупости игнорирам, ама кај што се во прашање пари/казна, не можам да ќутам.