Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1822445 пати)

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10830 на: 20 Февруари 2020, 23:14:36 pm »
Прво анимадунди, после адвокат.

Колку се наапани тие, ќе дознае цело село за 1 саат.
Ќе го решат наместо тој самиот да се замара. :)

Анумадунди? Со око не трепнуваат тие. Тоа се све фејк фрустирани створења.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10831 на: 20 Февруари 2020, 23:27:51 pm »
Мој другар има проблем со првиот негов комшија. Комшијата "чува" 10 кучиња во двор, не ги храни убаво, квичат лаат 24/7. Полиција не реагира, анима мунди не реагира, никој не реагира. Навечер не се спие никако, ни со нови прозори и нова изолација на куќата, неподнослив е соседниот двор. Уште да почнат да напаѓаат по комшии, тек тогаш ќе има пукање. ;D

Освен стрелање-отров за кучињата, некое правно институционално решение да предложите, или некој да имал сличен проблем? 

п.с. има ли некој да ми позајми апарат за мерење на јачина на звук- децибели? 

Од лично искуство, тешко дека ќе го решиш проблемот. Во комшии имам ист проблем, 100 пати пријавувано во полиција, ништо не превземаат. Моите комшии се одлучија да го средат проблемот со труење на кучињата, при што трујат и мачки...

За жал за ништо не ја бива полицијата и тие анима дунди организации освен за лапање пари и лаење по социјални мрежи.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10832 на: 20 Февруари 2020, 23:28:33 pm »
Прво анимадунди, после адвокат.

Колку се наапани тие, ќе дознае цело село за 1 саат.
Ќе го решат наместо тој самиот да се замара. :)

Анумадунди? Со око не трепнуваат тие. Тоа се све фејк фрустирани створења.

Абе, ја не викам дека ќе мрднат со повеќе од 3-4 прсти.

Со тие прсти ќе пројадат лајна на фецесбук и ете ти профит! :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10833 на: 20 Февруари 2020, 23:29:36 pm »
Прво анимадунди, после адвокат.

Колку се наапани тие, ќе дознае цело село за 1 саат.
Ќе го решат наместо тој самиот да се замара. :)

Анумадунди? Со око не трепнуваат тие. Тоа се све фејк фрустирани створења.

Абе, ја не викам дека ќе мрднат со повеќе од 3-4 прсти.

Со тие прсти ќе пројадат лајна на фецесбук и ете ти профит! :)
... а проблемот и натаму нерешен.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10834 на: 21 Февруари 2020, 09:31:39 am »
Значи институционално решение нема, и после кога човеќ ќе го реши проблемот со свои раце- проблем е. Ебати државата скапана мизерна.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10835 на: 21 Февруари 2020, 09:46:46 am »
Ако ништо друго не ти успее, се знае - тужба.

Основ:

http://www.gazibaba.gov.mk/business/media/pdf/zakonska_regulativa/pravni_raboti/sopstvenost_i_drugi_stvarni_prava/1-sopstvenost-i-drugi-stvarni-prava.pdf

Законов/членот може да е сменет во меѓувреме, али добар адвокат кој работи вакви спорови ќе го знае тоа.
Ова е делот - Соседско право од Законот за сопсвеност..
Видете си.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10836 на: 21 Февруари 2020, 09:48:48 am »
Значи институционално решение нема, и после кога човеќ ќе го реши проблемот со свои раце- проблем е. Ебати државата скапана мизерна.
A kako drzavata bi go resila problemot?
Da ogranici broj  na milenici, pa posle ebati drzavata nema sloboda :D

Ne e drzavata kriva za sekakvata stoka sto cekori po planetava zemja.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10837 на: 21 Февруари 2020, 10:03:35 am »
Државата треба да е државен кантар господине началниче. Треба да изнајди разумен компромис. Тоа дека е дозволено некој да чува 23 кучиња или крокодили, нека си ги чува под кревет кај него. Не можи за амбициите на некојси таму, цело време да го јади некој друг некој си таму... каде се тука правата на другиот?
Слично како кога го воведоја законот за пушење во затворена јавна просторија. Пушачите се побунија, биле дискриминирани што надвор ги избркале да пушат, а никако не сфатија дека некој одбрал да мези ракија и салата без некој да му чури под носот... па ти чадиш ебате, зошто дискриминиран...
Така и со пциштава, со што заслужил комшијата нон-стоп да му лаат гладни џукели?
Државнио кантар... или како што спомна Симо, да се отруја тој што ги чува џукелите во такви услови :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10838 на: 21 Февруари 2020, 10:19:50 am »

Тие одавде, ние одавде!

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10839 на: 21 Февруари 2020, 10:38:39 am »
Началнико со коњ, јас со спејс шатл...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10840 на: 21 Февруари 2020, 10:57:40 am »
Началнико со коњ, јас со спејс шатл...
Куќа на 3 спрата кренал! Помала од мојата, сполај му, ама пак!

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10841 на: 21 Февруари 2020, 12:24:05 pm »
Ако ништо друго не ти успее, се знае - тужба.

Основ:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

http://www.gazibaba.gov.mk/business/media/pdf/zakonska_regulativa/pravni_raboti/sopstvenost_i_drugi_stvarni_prava/1-sopstvenost-i-drugi-stvarni-prava.pdf

Законов/членот може да е сменет во меѓувреме, али добар адвокат кој работи вакви спорови ќе го знае тоа.
Ова е делот - Соседско право од Законот за сопсвеност..
Видете си.

Бучава и миризба. Ова ќе го разгледаме подетално, фала Стратро. :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10842 на: 24 Февруари 2020, 11:16:34 am »
Имам пишувано во темава пред неколку месеци за голгота која ја имавме јас и моето семејство.

Во кратки црти,соседите со кои граничам и се познати и на полицијата и на судиите.Некаде април 2019 година поради узурпација на влез со соседите постигнавме договор на мој трошок да ги урнам тие 60цм ограда и на направам нов столб.Како што се договоривме така и се направи,тие си направија нова влезна порта,но после еден месец почнаа да ставаат разни камења и коцки на тие 60цм.Побараа да им се плати 150е поради тоа што имале трошок за нова порта.така и се направи му се дадија 150е и се направи нотарски договор.После некои си месец и половина некаде јули 2019 повторно почнаа проблеми,повторно почнаа да ставаат разни предмети за тој простор да не го користам,имаа предлог да ми ги вратат тие 150 евра и плус 50евра надомест за столбот кој јас го правев.Така и бидна,само да се има мир,од соседот од другата страна купив некои си 3квадрати за 1500е за да можам со возило да влегувам во дворот.

Исто да напоменам дека дел од дворната површина со денационализацијата се води катастерски како земјиште на РМ,но за истото нема експроприација,во 1990 годината татко ми ја купил целата парцела.Со законот на денационализација поднесовме барање за повраток на земјиштето по основ на поранешна сопственост,според историјатот јасно се гледа парцелата од 1960 година некаде како се менувани сопствениците и како е дојдено до таа катастерска делба.Никогаш општината ни нема исплатено денар за експроприација,ниту пак е реализирана улица според некој си план од 1975 година е замислена.Во 2013 година после некои измени во закон за катастер од право на користење дел од дворот е заведено како земјиште на РМ.После разговор со одговорните лица во општината се поднесе барање за поврат на земјиштето и истото си е во процедура.

На 19 октомври 2019 година при поставување на метална ограда целата ситуација ескалира,соседката доживеа според мене нервен слом,почна најпрво со навреди,па потоа со закани,беше повикана полиција,истата на кратко си влезе дома но повторно почна со закани и навреди за после 19ч кога соседот си доаѓаше од работа за малку не ја згази мајка ми која одеше по уличката,туку само удри во корпата за одпадоци,повторно беше повикана полиција,по заминувањето на полицијата истите продолжија со закани со пиштоли и слично.Целиов случај повторно беше пријавен во полиција наредниот ден.Поради здобиениот стрес моравме да бараме и психијатриска помош.

После поставувањето на портата,неколку пати доаѓаа градежни инспектори по нивна пријава но по доаѓањето на лице место истите се повлекуваа бидејќи се си беше легално и немаше никаква узурпација.

Но тука не завршува прикаската,соседи како соседи мора да се разминат на да се сретнат,е па на секое разминување сосетката упатуваше навреди и закани,или ако сме во дворот провоцираа на разни начини.Дури соседката и плукаше на поштенското сандаче кое беше закачено на портата.Целава работа повеќе не се трпеше  и некаде почетокот на јануари ова година се поднесе приватна тужба за загрозување на сигрноста,мајсторите беа наведени како сведоци и со целата медицинска документација.

На првото рочиште тужените не можеле да најдат адвокат,а бараа и помирување и истото се одложи.Во меѓувреме имавме ајде да не го наречам притисок,туку ќе го наречам како молба од ''некој'' ако тужените се извинат,ветат дека во иднина нема да се закануваат и навредуваат,нема да ми влегуваат во дворот и дека ќе ги платат судските трошоци и сето ова да влезе во записник,да ја повлечеме тужбата.Денес така и беше,соседката беше денес одстранета од судницата поради непочитување на судијката.

Знам дека повеќето во оваа ситуација целава работа ќе ја терате до крај,но прв пат сме во вакви работи,татко ми до сега нема направено сообраќаен прекршок,ниту тужел ниту бил тужен,исто и мајка ми.
За разлика од соседите кои по мои сознанија едниот е моментално на извршување на уловна казна.А до сега има дебело досие како во полицијата така и во судот,одземено му е оружје,пред година две имаа претрес.Пред неколку месеци имаше полиции кај нив.Сведок сум на многу случки.

Да бидам искрен овие 9-10 месеци ,беа и сеуште ми се стресни,не знам дали едноставно ќе имаме мир.Се размилуваше дури и за продавање на куќата.

За крај ќе кажам дека ВМРО има уште влијание,и ако повторно дојдат на власт,ќе биде голем проблем за мене.
« Последно менување: 24 Февруари 2020, 11:22:11 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10843 на: 24 Февруари 2020, 11:54:44 am »
се е вака зашто не функционира ништо. Тоа што они имаат некакви проблеми е едно, ама да си функционира се како што треба нема да имате вакви проблеми, а и побрзо ќе ги решевте.И да ја продадеш куќата, пак истото може да ти се деси и со новите соседи.Плус па ако се замишљаат локални моќници дека се, те кршеле кутии за партија иди искочи на крај со таков профил.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10844 на: 24 Февруари 2020, 13:54:57 pm »
За тоа што не функционира ништо во право си.За тоа дека партиски војници и на едната и на другата партија имаат и дозволи за убивање.Но случајноста новите соседи да се:
Откажана од мајка и и татко и преку службен весник и нема контакт со браќа и сестри.
Нема контакт ни со мајка и татко ниту со сестри.
Тужен од скоро сите можни блиски роднини а и повеќето соседи.
Пријавуван во полиции од скоро сите соседи.
Дебело полициско досие.
Лежено затвор.
Пријавување во полиции,сопруга -сопруг,сопруг-сопруга,сопруга и син-сопруг.
Тужен од бивши началник на полиција за клевета.

Такви во мојот крај има 2-3,од кои еден ми е мене сосед.
Среќа......
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!