Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 280400 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1605 на: 13 Март 2024, 16:46:11 pm »
Тоа све канти без дпф врват без проблем, разни маслари вие вредности гледате. Нит тој таму што е вработен гледа, нит тие машините се баждарени некогаш.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1606 на: 13 Март 2024, 16:50:13 pm »
Потврдувам дека не се баждсрени и не се мери како што треба. Во Хрватска те враќаат ако им отидеш со ладен мотор. Топол и издуван мотор (на автопат) вади до 6 пати пониски вредности, исто така пишува да не се гасне возилото додека се чека ред, кај нас не е така.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6299
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1607 на: 14 Март 2024, 00:04:46 am »
Како прво кај дизелот се мери само зачаденост/чадливост.. Самата машина/програма ти дава знак кога да ставиш кога да даваш и да држиш туража.. Границата е 3.. Мада кај дизеливе 95% поминуваат на издувни (без разлика имало немало дпф катализатори или било што)..

Кај бензинците се мери СО, СО2, НС, О2, NOX, Lambda, RPM.. Исто и кај нив самата машина ти кажува што и како и ти дава средна вредност.. Најважни за возило со катализатор CO до 0.30 .. Ламбдата треба да е 1000 +-200.. Hc да не е повеќе од 800.. Кај нив мислам дека ни 70% од коливе не поминуваат на издувни посебно без катализатор нема шанси да помини, нормално ако се мери регуларно..

И секоја година мора да се баждари све и свашта во техничкиот, редовно иди инспекција све живо и диво проверува.. Мора да имаш податоци за сите возила од најмалку 3 години уназад..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1608 на: 14 Март 2024, 00:17:53 am »
Сега е веќе појасно.

Сепак, гледам ламбда вредноста е изразена во проценти.
Прво мерење 98% со рпм 984,  второ мерење 99% со рпм 2.282

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1609 на: 14 Март 2024, 00:18:11 am »
HC 800 е огромна бројка. За астра г бензин со еуро 2 е до 100 дозволено.

Едит:
Дијагностика на мотор со помош на екотест

О2 заедно со HC дава CO2 и H2O
O2 заедно со CO дава CO2
CO е индикатор на заситеност на смесата
HC е индикатор на заситеност (или сиромашност) на смесата и лошо (изместено) палење
CO2 е индикатор на успешност на процесот на согорување, т.е е највисок при вредност 1 на ламбда сондата

Доколку количината на CO расте, тогаш O2 се намалува
Доколку количината на О2 расте, тогаш CO се намалува

Анализа на резултати:

•CO.....CO2.....HC.....O2 - причини за проблемот
- висок.низок.висок.висок - Заситена смеса со проблеми при палење
- висок.низок.висок.низок - Неисправен термостат или сензор за температура
- низок.низок.низок.висок - Пропуштање на воздух во издувен систем позади катализатор
- низок.висок.низок.висок - Грешка при убризгување, катализаторот ја извршува својата функција
- висок.низок.умерен.висок - Заситена смеса, вишок гориво
- висок.висок.висок.висок - Неисправна дизна, неисправен катализатор
- низок.низок.висок.висок - Неисправна свеќичка, сиромашна смеса, неисправен сензор за проток на воздух (MAF) или лошо дихтување на доводните цевки зад сензорот

Како добри (читај македонски) вредности кои се применувале во Хрватска до пред некоја година, а дури за астра г од 98ма се смешни граници се:
Температура на вода - минимум 80°C (би рекол повеќе)
При празен ход:
CO (%) - макс 0.5%
CO2 (%) - мин 13% - макс 18%
HC (ppm) - макс 100 (би рекол за постара кола до 300, за комплетно исправна 150)
O2 (%) - макс 0.5%

При повишен ход:
Вртежи во минута - мин 2500, макс 2800
CO (%) - макс 0.3%
CO2 (%) - мин 13% - макс 18%
HC (ppm) - макс 100 (би рекол за постара кола до 300, за комплетно исправна 150)
O2 (%) - макс 0.5%
Ламбда - мин 0.97, макс 1.03
« Последно менување: 14 Март 2024, 00:56:52 am nestor04 »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1610 на: 14 Март 2024, 00:23:39 am »
HC 3.876,00 прво мерење, 3.870,00 второ мерење.

Ај сега :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1611 на: 14 Март 2024, 00:48:25 am »
Дополнив.

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8141
  • Малерозен дрводарец
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1612 на: 14 Март 2024, 01:58:49 am »
Кога ќе почнете со процентиве ни чатче пе-те не ме опраа...
Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1613 на: 14 Март 2024, 02:58:13 am »
Еве ги кај мене резултатите. Какви се резултативе ?


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1614 на: 14 Март 2024, 07:05:20 am »
Еве ги и моите од i10
Дали секој технички со фура своја приказна со вредностите?




Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1615 на: 14 Март 2024, 09:35:36 am »
@FiLo идеални резултати би рекол. Само кочењето слабо и рачната. Среди си ги. За издувни гасови е перфект.

@Mikius висок О2 и тоа многу. HC огромен. Прво осигурај се како е мерено.

Според вртеживе од 950 мерено е на ладен мотор¿
« Последно менување: 14 Март 2024, 09:43:11 am nestor04 »

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1616 на: 14 Март 2024, 09:53:15 am »
@FiLo идеални резултати би рекол. Само кочењето слабо и рачната. Среди си ги. За издувни гасови е перфект.

За кочењето можеби машината дава такви резултати, мегутоа во реално возење кочи саглам, не смеам кочница да допрам одма лепи успорува.
Башка сите 4 дискови се нови сосе плочки и глицерин, лани во мај ги заменив.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6380
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1617 на: 14 Март 2024, 09:59:38 am »
@FiLo  Резултатите од кочењето се одлични и на рачната исто така.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1618 на: 14 Март 2024, 10:15:40 am »
@FiLo идеални резултати би рекол. Само кочењето слабо и рачната. Среди си ги. За издувни гасови е перфект.

@Mikius висок О2 и тоа многу. HC огромен. Прво осигурај се како е мерено.

Според вртеживе од 950 мерено е на ладен мотор¿
А уљето не го гледаш?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8821
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1619 на: 14 Март 2024, 10:33:03 am »
Vrednostite za izduvni gasovi ne se tocni. Sum gi gledal kako gi pravat, koga na pc mu vika stisni polna gas on samo dopira papucani tolku. Da merat vistinski pomalce guzva ke ima vo gradov vo soobrakjaj