Која финта ја имаа во Бугарија со датата на осигурување сврзани со сообраќајната полиција. Купуваш кола на цол табли, ти средуваат документи тие “услужливите“ од плацот. Тргнуваш накај граница и на пет км од Дупница те сопира сообраќајна полиција и проверува документи и ти кажува дека осигурувањето почнува од утре.
Имаш три опции. 100 евра да го подмачкаш и продолжуваш понатаму. 500 лева (250 евра) казна, одиш во хотел, ја оставаш колата таму на па продолжуваш утре. Или, сопственикот на плацот ти дава автовоз услуга до граница за 150-200 евра.
Во Германија е регулирано на друг начин. Купуваш полиса за осигурување ама траењето и почнува од моментот (во буквална смисла) кога ја регистрираш колата и трае точно 365 дена до 00:00. Притоа, осигурувањето автоматски се продолжува (освен ако експлицитно не ја промениш осигурителната агенција). Ако ја дерегистрираш/продадеш/паркираш во гаража и не сакаш да ја возиш, ја одјавуваш од регистар и осигурителната агенција ти ги враќа назад преплатените пари.
Со други зборови, федералната агенција за сообраќај има достап до сите осигурителни куќи/агенции и тоа што се случува во Македонија/Бугарија/Србија е невозможно да се случи.