Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1725622 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1500 на: 04 Септември 2013, 11:09:31 am »
Аиии аиии аиии, веќе почнавме со лични навреди?

Јас тебе нема да те вреѓам иако си заслужил со сите твои изнесени лаги и дезинформации.
http://www.bobistheoilguy.com/motor-oil-101/

Еве прочитај како 300 фаренхајтови степени е горна граница при која маслото мора да ги задржи карактеристиките.
Кај мене на пежото имаше мерач ос Пежо 206 S16 во кое има термометар за маслото и од кој црвено почнуваше над 150 степени температура на маслото.
Кај спортските возила кои користат обични синтетички масла температурата на маслата одат и до 200 степени.



Ова пежо користи масло SAE 10-40.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1501 на: 04 Септември 2013, 11:14:32 am »
НЕ!

Будала е директен превод од fool, што во англискиот нема значење на навреда.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1502 на: 04 Септември 2013, 11:17:14 am »
Како и да е. Ете го едитирав мојот пост погоре и ти ставив и линк да прочиташ, тоест да се информираш како и фотографија од кокпит на Пежо 206 со мотор од 110 кс.
Погледни ја левата сказалка.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1503 на: 04 Септември 2013, 11:20:13 am »
На сликата се гледа мерач на температура на масло, каде црвено е на140степени. Дали тоа треба да ми значи нешто?

Можам да те наполнам со информации за температурата на маслото, но искрено не сакам, оти не заслужуваш.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1504 на: 04 Септември 2013, 11:28:41 am »
Нека ти биде над 140 степени. Тоа сепак се однесува на полу синтетско масло. Синтетичките масла се уште постабилни на високи температури.
Заклучокот е дека (ај нека ти биде) 140 степени е нормална работа температура на маслото а не е превисока како што сакаш ти да кажеш. Погледни примери на интернет ги имаш стотици каде на помоќни мотори кои немаат специфични побарувања за масло границите се уште повисоки. На спортските возила се уууште повисоки кои патем имаат и радијатори, тоест ладилници за маслото.

Еве ти обичен тест да видиш дека кај твоето хјундаи температурата на маслото ти е најмалку 110 степени во било кој момент после подолго возење. Земи дигитален термометар, врзи го дали преку OBD или како и да е. Ќе видиш дека температурата на водата ти е 90 степени. Изгаси го моторот но остави го контактот уклучен за OBD-то да работи. ќе видиш како температурата ќе ти скокне на 100-110 степени во рок од 4-5 минути. Тоа е поради тоа што температурата на металот во моторот а секако и на маслото кое е во директен контакт со истиот е повисока од температурата на водата а бидејќи водата не кружи низ моторот додека е моторот изгаснат има време водата да ја абсорбира топлината од металот односно блокот па и другите метални делови кои се добро термички проводници. А направи го истово после возење на пример од Колари до Стража, сликај и постирај ги сликите тука да ги видиме.

Кај мене на спаркот температурата ми се качува од 90 до 105 степени а станува збор за нов мотор кој има само 50кс и само 50-тина килограми маса.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1505 на: 04 Септември 2013, 15:22:43 pm »
НЕ!

Будала е директен превод од fool, што во англискиот нема значење на навреда.

Дедо ми знаеше што е будала а појма немаше дека било преведено од англиски :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1506 на: 04 Септември 2013, 15:36:21 pm »
Будала во Македонскиот јазик е навреда...
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1507 на: 04 Септември 2013, 15:47:02 pm »
Филип кај тебе во Пунтото немаше термометар за масло?

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1508 на: 04 Септември 2013, 15:52:42 pm »
Нема, меѓутоа на дијагностика може да се види...перката уклучува на 98 степени кај мене, а сигурен сум дека маслото е над тоа...многу над тоа
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1509 на: 04 Септември 2013, 15:56:41 pm »
Перката нема врска со температуратаа на маслото.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1510 на: 04 Септември 2013, 16:01:27 pm »
Маслото е сигурно повеќе над 98 степени ;)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1511 на: 04 Септември 2013, 16:04:44 pm »
При температурата на водата 98 степени, маслото може да биде 70 степени а може и да биде и 120.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1512 на: 04 Септември 2013, 17:28:52 pm »
Едно е сигурно, температурата на маслото (исто као и на течноста за ладење) не е хомогено распределена. Маслото што го подмачкува цилиндерот преку уљниот прстен сигурно е изложен на прилично високи температури. Тука треба да се бара термичата стабилност која маслото треба да ја има. Ако зборуваме за својствата на маслото. Индикиаторот во колата ја покжува температурата на маслото во каналите во блокот која нормално ќе биде пониска од онаа што го начекало маслото во клипот.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1513 на: 04 Септември 2013, 22:04:17 pm »
Фаланга, ете зимата што помина не го трошеше ич маслото, пошо редовно проверувам. Откако фанаа горештините, од април годинава, за една недела свртив околу 700 км. Кога се прибрав по дома, проверив масло и фалеше малку на шипката. Се распрашав по сервисери, каде е маслото, каде се губи, и сервисерот ми кажа, дека маслото почнало да губи вискозност (пошо имаше поминато скоро една година откако е сменето) и си го сркаше по малку кога се вози на топлото време поголеми километражи. Истотака ми кажа дека Опелите си имале афинитет, да си сркнат малку масло на поголема километража и при возење на поголеми обртаи. Така да, затоа и напоменав дека не секое масло е исто, и различно реагира на повисоки температури и возење при повизоки обртаи. Може и јас сум во грешка, ама ете не се разбирав многу во масла , затоа и прашав што масло да земам, пошо ГМ-то не ми го прави кејфот. :)

Значи кај тебе проблем е високата километража, високиот број вртежи и намалената вискозност на маслото бидејќи е старо и веројатно контаминирано со нус продукти од согорувањето а не високата температура на маслото.

Сега јасно ли ти е?
Маслото кога ќе подостари и ќе се извалка со гасови кои проаѓаат низ кариките ја губи вискозноста, станува потечно и тогаш полесно минува низ кариките, влегува повеќе во цилиндрите и таму согорува. Понатаљму полесно проаѓа низ разни хихтунзи, семеринзи и слично и можеби од таму истекува. Кога моторот е постар, кариките се поизедени и пропуштаат масло и гасови. И конечно високиот број на вртежи во моторот проследени со повеќе притисната папуча за гас го зголемуваат притисокот на запаливата смеса во цилиндарот кој што притисок мора да се намали низ кариките, предизвикува микро луфт низ кој излегуваат гасовите но и влегува масло во цилиндарот. Да напоменам дека темературата на издувните гасови е окулу 800 степени целзиусови кај бензинците кои работат на бензин а акулу 950 степени на плин па така и самите гасови го прегреваат маслото.

Тоа е она што Тролски патишта упорно се прават на ретардирани и не сакаат да сфатат дека 100 - 150 степени воопшто не е висока температура за маслото. Се надевам дека ме разбра.

Разбрано Шефе. :) Фала за објаснувањето. :)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1514 на: 05 Септември 2013, 00:29:41 am »
Едно е сигурно, температурата на маслото (исто као и на течноста за ладење) не е хомогено распределена. Маслото што го подмачкува цилиндерот преку уљниот прстен сигурно е изложен на прилично високи температури. Тука треба да се бара термичата стабилност која маслото треба да ја има. Ако зборуваме за својствата на маслото. Индикиаторот во колата ја покжува температурата на маслото во каналите во блокот која нормално ќе биде пониска од онаа што го начекало маслото во клипот.
Се согласувам во потполност.
Давачов сигурно не е онаму каде што најмногу се загрева маслото....