Што е подобро за моторот, поевтино масло и буџет филтри да се менува на 6 месеци... или поскапо фул синтетика со премиум филтри еднаш годишно?
Чисто од финансиска перспектива - се разбира секогаш е најдобро да се користи квалитетно.
Јас менувам на 10 000 км или 1 годишно, што попрво, тоа.
Но бидејки постојано сум во кола, оваа година првиот мал сервис беше на 29ти јануари, наредниот го направив на 16ти јули, 5 ипол месеци или 9000 км (сакав да изедначам, да биде на 140 000, па 150 000 итн).
Просекот ми излегува околу 1500-1700 км месечно, што значи годишно 18-20 000 км ме фаќа, што значи мора два пати мал сервис во една година