На другава Мазда треба да менувам масло, 10w40. Моментално е на Repsol го зедов од Макпетрол демек "оригинал" ама не ме бендисува. Маздa и онака знаe општо како бренд да си срка малце масло а со ова Репсолов кај мене и малце повеќе, додуша колава има 315 000км. Претходно беше на Манол итоа еден локален механичар ми го источи директ од буре, прво ми беше сомнително ама се покажа најадекватно, ни да потроши, ни бучава, ни ништо. Кастрол имам и Арал користено ама бетар од Репсолов, додуша Репсолов нее лошо, чиста светликава боја има, адитивите, за разлика од Тоталот што го турив на 2ката.
Се мислам дали овај пат да идам на Lukoil, Eneos, Mannol пак или Valvoline од Синпекс или тоа полското Лотос исто од Синпекс као демек не се фалсификувани овие заедно со Лукоил и Репсолов.
Препораки и за 10w40 за старава и 5w30/40 за 2ката.?