Јас слично се заебав така пред некоја година. На бензинската кај мене во маало ноќта супер98 пумпата ја смениле со дизел а уште ознаките ги немаа сменето. И ко што се паркираат некои дибеци на сред пумпа, а јас се брзав застанувам и викам ај ќе стаам 98 наместо 95, да не чекам оти многу брзав. Кога ете ти го од таму пумпаџијата се дере „абе дизел ставаш“ а јас начукав некои 500-600 денари дизел во Спаркот. Од прво мислев ме заебава. После ми вика абе ноќеска го сменивме со дизел.
Ај што си испцијав се испцујав. Не ја запалив колата, ја избуткав до пред зграда па утре дента со Опелот на тако ми го влечевме Спаркот до Олимпија моторс на сервис. Кога стигнавме таму се собраа сите Опелот да го гледаат наместо спаркот ама нејсе. За 3-4 саата ми се јавија дека е готов. Одам да го земам и си викам сега кој знае колку ќе ме заколат. Си викам ајде докај 2000 денари да ми земат нема да се расправам, башка си реков, ако ми е, за казна. Одам на каса и ми вика тој: Дечко 300 денари. Молам? 300 денари? Ти луд да не си? Еве ти 500 почастете се со колегите по едно чоколадо. Фала пријатно.