Јас ги перам колите кај Горан Шпиц лоциран на Илинденска карши салата Партизан. Дечките добрто работат а од време на време користат и добри средства. Најбитно е што во зима не користи четки. Инаку за дечките од последна седмица во Карпош 3 ги памтам цел живот, чистејќи ја хаубата од мушички со некое си теписонче или како ли го викаат " чудото " ја направија ко да ја поминале со шмиргла. После полираа арно ама сеуште има греботини. Совет не давајте им да чистат мушички со разни чуда единствено што работи е добро хемиско средство.
Исто и јас ке кажам...Кога имам време а е ладно, кај Шпиц колата ми ја перат екстра. Подобри не сум сретнал, а и Шпиц има искуство многу години зад себе во овој бизнис и дечкото професионално си ја извршува работата...Секоја чест за него...Немам замерки, добри се момците о работат со сунгер...Највише што ме нервира е перење со четка, поготово кога со скапаната пластика ти ја удираат колата односно гребат по бојата притискајки да истрљаат нешто...
Во услови кога е екстремно ладно секогаш го практикувам WashFabric бидејќи тоа е единствено место кое ја издувува водата после перење и шансите да ти замрзне нешто се сведени на минимум...Инаку пролет, лето, есен го вадам вапчето и сабота недела си губам време перејќи ја колата по 2 - 3 часа...
Не за џабе рекле старите - Своја рука како ке те почеша, туѓа нема шанса...
Инаку ако правиме муабет за најшкарт перална, дефинитивно ја прогласувам пералната "БАТЕ" за најшкарт перална....