Mногу е смешно како си успеал да ги запамтиш важните моменти, но само како нешто за подбивање.
Но секако... НЕ, на жалост во светов денес сеуште не постојат адекватни и
прифатени научни методи за контрола на безбедноста на ГМО. Уште поважно, не постојат ни соодветни меѓународни институции за регулирање на ова прашање.
Исто смешно е што цитираш некој безимен блогер како (аматерски се обидува да) дискредитира докажан научник како што е
Џејн Гудал.
Но сепак најсмешно е како без ронка свој сопствен коментар цитираш некои рандом претпоставки на авторот, кои истиот (нормално) не ги поткрепува со ниеден доказ (затоа што такви не постојат). Авторот го замислувам како Пинокио, додека се колне дека не е на нечиј платен список, во исто време додека без никакви докази тврди дека рекомбинираната
дезоксирибо
нуклеинска
киселина, е сосема безбедна како метод за добивање на ГМО за човечка исхрана (иако постојат бројни студии кои го докажуваат спротивносто).
Алас, тоа на жалост не може да се дискутира со некој што не разбира за што му се зборува, исто како што не разбира што е разликата меѓу генетска селекција и генетски инжинеринг со сплајсинг на ДНК спиралата.
Од тој аспект, за крај би се цитирал себеси:
Проблемот е во тоа што лепење на „аргументи„ кои ти лично не ги разбираш, нема нешто многу поголема тежина од гласно прдење. Не разбираш што постираш, а потоа не разбираш ни што ти реплицираат.
Најверојатно поефикасен би бил некој бот со едноставно напишан код, барем точно ќе може да се подеси кои киворди да ги зема како критериум за последователно спамирање на темава.
П.С. Колку што се смешни неуките цитати на некои безимени дискредитори на потврдени научници, толку од друга страна пак е тажно како никој до сега не постираше за актуелното официјално влегувањето на ГМО индустријата во Македонија, на мала врата преку зделката со ДуПонт.