Читајте поспоро ако не можете да разберете... (почињам да ве мешам искрено). Монсанто е само мал од приказната, не е Монсанто тој што (директно) влијае врз научната заедница, и врз регулаторните тела (такви лошо конципирани какви што се). Туку
тие што ги управуваат работите се
тие кои го поседуваат Монсанто и воопшто ГМО индустријата, но исто така тоа се истите моќници кои поседуваат и многу други индустрии и бизниси (и не најмалку банкарството).
И не знам што сте толку опседнати со ликови како Миленко и не знам уште друг од тие што редовно ги спомнувате. Да не ги слушам спомнати чат-пат од вакви како вас -јас воопшто не би ни знаел дали тие ликови се живи или не. Скраја да е, не па да ги следам/гледам/читам.
Но вие изгледа редовно ги следите, и детално сте запознаети со нивниот „светол лик и дело„.
И BTW, си останува констатацијата дека ни ти, ни некои други овде дежурни контраши,
немате подолг од неколку реченици сопствен пост на темава (за техничките или научните моменти). Пастирани туѓи текстови, кои не се детално коментирани од одреден аспект на муабетот... не се рачунаат.
Реалноста е дека освен ако не се работи за некои други лагано (или целосно) офтопик моменти, како сега ова што се дискутира во последните неколку постови... другите постови редовно се кратки постови со содржина чисто од расправачко-карачко-демагошки карактер.
Намера и желба за спротиставување: многу. Но познавање и објаснување на што се засновани тие ставови: ИЧ. Само нечии туѓи пишувања, туѓи досетки, рашионалвики цитати, и ништо друго.
Се разбира, Ти во секое време можеш да ме демантираш и да напишеш еден подетален текст (ама со свои зборови), каде ќе образложиш зошто Ти се залагаш и ја браниш ГМО индустријата, во оваа нејзина денешна форма -неконтролирана и нерегулирана... и нормално, небезбедна.
Тоа, се некако се сомневам дека ќе се случи...
П.С. Сето ова се однесува и на ФилипВ и на Васил, со извинување што ве мешам понекогаш