На ист начин е модифицирано како „традиционалното“, само што се барани други квалитети (изглед, наместо вкус). Ни едното ни другото не спаѓаат во ГМО, такви какви што се расправаат во темава.
Овие новиве начини за модификација, дозволуваат многу прецизни промени, за да можат да се задржат оригиналните квалитети. Опозицијава тврди дека тоа и не е така прецизно како што тврдат и дека имало некои нус појави (сеуште недокажани, ниту пак е покажан механизмот со кој би настанале). Дури ни тие не тврдат дека се менува вкусот (барем оние поупатените).