@Vasil монологов на типов сум го гледал (слушал) и претходно, еве и сега го пуштив уште еднаш за да видам... каде побогу е поврзаноста со конкретните peer reviewed научни студии што ти ги посочувам.
Типов никако не зборува за тие конкретни студии. Студии со кои се покажуваат големи количини на хербициди кај ГМО растенијата, и докажано е покажана една голема разлика меѓу оригиналот и ГМ рекомбинантот: значајно намалени количини на есенцијални амино-киселини??
Инаку типов би бил интересен соговорник на нашава тема на форумов, пошто за разлика од вас барем го коментира Докинс (иако перфидно го вади од контекст). Секако, муабетот со мене не би му бил така едноставен, како што на видеото е тоа селективно коментирање на погодни (глупи) прашања од посетителите на неговата фејсбук страна.
И шо сеа, ми падна таквото ако го погледав видеово што си го линкал. И не само што го погледав, туку ете и го прокоментирав.
А Ти... толку си надмен што не сакаш ни да ги погледеш студиите и документарецот што јас ти го посочувам?
Не само ти, неколкумина сте активни на темава, ама не ви се коментира ништо што не е дојдено од вас.
Чудна сорта сте, и ти, и filipv, а богами и Deni копипејстерот. Како да не сте дојдени тука за да дискутирате, туку да се карате. Како поинаку да се разбере постојаното и целосно игнорирање на покази и докази... Излегува како намерно да не сакате да се соочите со вистината, поедноставно е да не знаеш и да не се замараш со суровата реалност.
Во тој случај што можам да направам, со сила ум не можам да ви дадам.
Можам само да ве поздравам со
Бора Чорба.