Не сум циничен, туку прашувам просветлен човек.
Генетското покрстување, прекрстување, калемење, природна и вештачка селекција природна работа. Најчесто дава одлични резултати. Проблемот можеби настанува што со присилно чепкање се забрзува целиот процес.
Прво, „просветленост“ се однесува на духовно знаење, во друг контекст е заебавање.
Второ, што е тоа „генетското покрстување, прекрстување“? Ти сериозно накај духовното го носиш муабетов?
Сериозно, тие методи на кои мислиш тоа исто се генетски модификации но се работи за докажно безбедни методи. Ако врстиш две крушки, хибридот може да не биде успешен ама резултирачките плодови нема да бидат небезбедни за никој. Калемењето сметај го за трансплантација, исто е сосема безбедно. Таквите методи се докажани како безбедни преку милиони практични опити.
Од друга страна генетскиот инжинеринг е нешто сосема друго. Сплајсање, сечење, на генетските секвенци на еден организам и вментување во генетските секвенци во друг организам. Ама пази, тоа го прават за сосема различни организами, како на пример компир и риба, пошто крушка и крушка можат природно да се оплодуваат една со друга и размножуваат - нема потреба од генетски инжинеринг.
Добиените резултати се не се докажно безбедни за исхрана. Тоа се нови организми добиени со генетски инжинеринг меѓу сосема различни и несродни организми. Поедноставено кажано резултатот е нешто сосема ново, нешто кое дигестивниот систем и имуниот систем го немаат „видено“ и искусено до сега, и имуниот систем може да реагира панично. Има индикации (дури и научни студии) дека многу автоимуни болести дека како главен тригер имаат исхрана со ГМО.