Поназад често пишував за корупцијата во процесот на истражување на безбедноста од исхрана со
генетски инжинирана храна. Сето тоа се случува преку подмитување на познати и престижни академици и научници - се со цел да се созаде божемниот „консенсуз“ со кој денес се расфрла и шуто и рогато, и секој рандом бот. Стратегијата им едноставна - ако група луѓе
неаргументирано и постојано повторуваат една работа - таа лага демек ќе стане вистина.
Епа за наша среќа, работите полека почнуваат да испливуваат на виделина.
Дами и Господа, со извинување за претстојната когинитивна дисонанца, и без понатамошни воведи - ви го претставувам следниот, мошне интересен и поучен, напис:
How Monsanto Solicited Academics to Bolster Their Pro-GMO Propaganda — Using Taxpayer DollarsThousands of emails reveal how the biotech giant enlisted public university academics to prop up their massive PR machine.
http://www.alternet.org/food/monsanto-scandal-biotech-giant-solicited-academics-fight-their-pro-gmo-warThe Monsanto public relations machine has done a stellar job in recent years of reducing the GMO debate to one that pits “pro-science advocates” against “anti-science climate-denier types” — with Monsanto portrayed as being squarely planted in the pro-science camp.
But that well-oiled machine may be starting to sputter.
Turns out that Monsanto executive solicited pro-GMO articles from university researchers, and passed the “research” off as independent science which the biotech giant then used to prop up its image and further its agenda.
We know this, thanks to thousands of pages of emails obtained by
U.S. Right to Know (USRTK) under the Freedom of Information Act (FOIA). And because a host of news outlets—including the
New York Times, the
Boston Globe,
Bloomberg, the
StarPhoenix and others — are now running with the story.
Целосниот текст, со сите линкови кон изворните материјали го имате на првиот линк.
Во меѓувреме, момците од офнет завршиле добра работа со преводот:
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/nauka/kako-monsanto-ja-modificira-naukataКако Монсанто ја модифицира науката22 Октомври 2015 - 08:57Приказната за тоа како Монсанто користи угледни научници за својата ПР кауза е приказна за вишок пари и кусок академски интегритет.
Десетици илјади страници електронски и други преписки добиени благодарејќи на американското "Право да се знае" (дел од Актот за слобода на информациите) ја откриваат сликата за тоа како добро подмачканата ПР машинерија на гигантот за генетски модифицирани организми ја впрегнува науката и нејзините поткупливи претставници.
Во крајна линија, шемата е едноставна: тивко се најмуваат угледни претставници на академскиот свет да напишат нешто позитивно за ГМО а потоа истите тие заклучоци се преточуваат и дисеменираат наоколу како предавања, референци, блог постови и анализи.
Сето ова го има сумирано Стивен Друкер во својата книга "
Изменети гени, извртена вистина" во која се вели:
"Над 30 години, стотици (ако не и илјадници), поборници на биотехнологијата вработени во научни институции, владини бироа и корпоративни седишта, систематски ја компромитираат науката и ги извртуваат фактите за да се поддржи генетскиот инженеринг со што директно придонесуваат во нашите чинии да стигнува таква храна".Меиловите и документите на 43 државни универзитети во САД во кои се вклучени научници, економисти, правни и комуникациски експерти, откриваат дека главен плејмејкер на Монсанто бил Ерик Сакс, нивен главен човек за тн "стратешки ангажман" во чии шеми секогаш била вклучена платена ПР фирма која се користела како трета, независна страна.
На пример, во 2013-та, тој контактира 9-тмина угледни академици изложувајќи им го планот тие накратко да ги скицираат политиките за важни прашања од биотехнолошката сфера. Изборот токму на овие луѓе бил правен "поради нивното влијание врз јавните прашања, ГМО регулациите и мислењето на конзументите".
Потоа, нивните заклучоци доаѓаат во рацете на платени ПР фирми (една од нив маскирно наречена "Американски совет за наука и здравје") кои ќе го менаџираат процесот на нивна имлементација и ќе ја координираат нивната веб промоција. Со други зборови заклучоците од академиците ќе бидат
мерчајндазирани и претворени во едиторијали, блог постови, теми за говорници на дебати, семинари, вебинари и слично.
Оваа трета страна се вметнува за да се создаде илузијата дека авторите пишуваат и комуницираат слободно, без вклученост на Монсанто.
Сето ова, се разбира, завршува со големи пари: Федералните регулатори за нови генетски модифицирани семиња даваат зелено светло за нивна регистрација по интервенцијата на академиците во Департментот за земјоделство во полза на индустријата, откриваат меиловите. А научниците и нивните Универзитети добиваат грантови.
Еден од најеклатантните примери за најмување вклучува професор од Харвард.
"Тој лани пишува статија за поддршка на ГМО-то која добива голем научен и јавен публицитет, но истовремено ги премолчува конекциите со Монсанто и нивните ПР фирми", открива новинарка на Бостон Глoуб.Преписките откриваат дека истиот оној Ерик Сакс од Монсанто, на професорот Калестус Џуманот му предложил тема, заклучоци и наслов за неговиот нареден труд. На крајот Џуманот го сменил само насловот но сето друго останало во рамките на
нарачката.[/quote]