Од Сорос. Гарант има акции во Монсанто.
Во видеата што ги стави Фаланга, анти-ГМО (повеќе би го нарекол нати-Монсанто) активистот збори дека испитувањето што било скриено, а било водено од научникот избркан од работа спомнат во линкот на МечеТо, покажало дека не е проблемот во пестицидот што го создава растението, затоа што контролната група која добивала иста доза од истиот пестицид, помешана со немодификувано растение, не заболела.
50 пати слушнавме дека ГМО е опасно затоа што има пестициди, а човек кој е анти-Монсанто настроен, кој ги прати случувањата, јасно кажува дека на друго место се наоѓа проблемот. Друга била грешката што ја направиле при модификацијата и пробале да го заташкаат проблемот. Убав пример дека од рајата по ова прашање можеме да очекуваме само лаење од страв во погрешна насока.
Јас тука проблемот го гледам во Монсанто и во земјите кои ги одобриле нивните производи без прописно да ги испитаат, не во ГМО во глобала. Тоа што српските млекари пред година дена произведуваа неквалитетно млеко, не значи дека цело млеко во светот е ОТРОВ, како што милува ЛП да пишува.