Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408470 пати)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #105 на: 11 Септември 2013, 19:50:51 pm »
Кај реков јас дека гравот во петок го зголемува животниот век? Фала Богу, не го ни намалува.

А што е причината за употреба на антибиотици и вештачки хемии, in a first place?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #106 на: 11 Септември 2013, 19:52:49 pm »
Кај реков јас дека гравот во петок го зголемува животниот век? Фала Богу, не го ни намалува.

А што е причината за употреба на антибиотици и вештачки хемии, in a first place?
Причината? Тоа што луѓето живееле 25-35 години едно милион години, и наеднаш почнале да живеат 80 години.


http://en.wikipedia.org/wiki/Life_expectancy

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #107 на: 11 Септември 2013, 19:57:20 pm »
Живееле кратко пошто ги јаделе диносауруси, лавови, тигри, мечки, колосеуми, војни и политичари. Нарочито денес.

А и подобро да живеам 60 години слободно, отколку 80 и да робувам на лекови.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #108 на: 11 Септември 2013, 19:58:46 pm »
Си утнал некаде 60. Пишува 31. Уживај до 31. И побарај да ти ги извадат вакцините што си ги примил како дете. И прашај ги постарите од 31 дали би сакале да цофнат на место или би се напиле апче за да поживеат уште 49 години.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #109 на: 11 Септември 2013, 19:59:00 pm »
Живееле кратко пошто ги јаделе диносауруси, лавови, тигри, мечки, колосеуми, војни и политичари. Нарочито денес.

 ;D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #110 на: 11 Септември 2013, 20:05:09 pm »
Си утнал некаде 60. Пишува 31. Уживај до 31. И побарај да ти ги извадат вакцините што си ги примил како дете. И прашај ги постарите од 31 дали би сакале да цофнат на место или би се напиле апче за да поживеат уште 49 години.

My bad. Апче - да. Како вакцината - еднократно. Ама да зависам од апчИЊА, не - фала.

И чисто се сомневам дека ќе цркнам на 31, пошто веќе фаќам накај 30. А антибиотици, не се сеќавам да сум земал. Можда некое аналгинче (2-3 пати), парацетамолче (5-6 пати), аспирин (1-2 пати).. И то.

Чисто се сомневам дека од главоболка предизвикана од премореност, или болење на грло од многу deep throat :P, ќе умрам за некоја година.

Ќе вадам душа 100 години. Не благодарение на лекови или вештачка храна.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #111 на: 11 Септември 2013, 20:08:15 pm »
„Не фала“ зошто не ти требаат. На оние што има требаат, а им се живее...

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #112 на: 11 Септември 2013, 20:09:12 pm »
Фала Богу дека не ми требаат. Исто како и ГМО.

Ама кога се мора - се мора.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #113 на: 11 Септември 2013, 20:11:10 pm »
Значи како и секој судски процес ни останува да најдеме докази дека нечини ГМО. Епа повелете по еден интернет и барајте. Јас ќе барам, зошто баш ме заинтересира ова пред некој месец.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #114 на: 11 Септември 2013, 20:19:23 pm »
Значи како и секој судски процес ни останува да најдеме докази дека нечини ГМО. Епа повелете по еден интернет и барајте. Јас ќе барам, зошто баш ме заинтересира ова пред некој месец.

Може и вака, пошто арно ни е и со оваа храна.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #115 на: 11 Септември 2013, 20:20:57 pm »
Значи како и секој судски процес ни останува да најдеме докази дека нечини ГМО. Епа повелете по еден интернет и барајте. Јас ќе барам, зошто баш ме заинтересира ова пред некој месец.

Може и вака, пошто арно ни е и со оваа храна.
Ете има бенефит за производителите и продавачите во најмала рака. За нив чини. Аргументите се на нивна страна. Ама дека нечини, штурци само.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #116 на: 11 Септември 2013, 20:26:56 pm »
Нормално дека некој мора да се офајди од тоа, затоа и е измислено. Чисто се сомневам дека е за бенефит на човештвото.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #117 на: 11 Септември 2013, 20:29:04 pm »
И колите се прават за да се офајди некој, ама ете ни се погодија за до Грчка.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: ГМО
« Одговори #118 на: 11 Септември 2013, 20:29:57 pm »
Има и по некоја нус појава, не викам "не".

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #119 на: 11 Септември 2013, 21:10:50 pm »
Аргументите се овие:

1 Неизбежни се. Профитот го врти светот, а ГМО носи поголем профит.

2 Затоа што се неизбежни мора да научиме како безбедно да ги вклучиме во нашиот живот, а тоа нема да можеме да го направиме ако ставиме забрана и мислиме дека со тоа сме го решиле проблемот.

3 Ако ставиме забрана, а другите не стават (под претпоставка дека ќе бидат успешни и нема да се отрујат во процесот), ќе ни го уништат земјоделието со неконкурентно пониската цена и пак ќе јадеме ГМО, затоа што секоја голема компанија за производство на храна ќе набавува ГМО поради пониската цена и повисокиот квалитет.


Тоа е исто како фирма во денешно време да не сака да се префрли на компјутери, зошто тоа е некоја нова проклета машина. Лист си е лист бе, документ, тапија, го држиш во рака, мириса на мастило, како бог што сакал да биде. Ова податоци, невидливи, магија некоја, ќе ти цркне системот еден ден и ќе се чешаш.

Истиот муабет е. Стравовите се донекаде издржани, но придобивките се огромни, па вреди да се научи нешто ново и да се направи промена кон подобро, зошто ако ние не направиме, другите ќе направат.

1. Ако така си зацртал така е. Мене брашното од 20 денари, оризот од 45, компирот од 20 денари, доматот од 25 и пиперките од 25 денари ми се сосема достапни. Не сакам да бидат 2 денари поевтини. А и напротив, ГМО отровот нема да биде поевтин, нивната цел е да продаваат монопол, затоа нивните семиња ја загадуваат земјата, и после ГМО отров, на таа земја НЕ РАСТИ НИШТО ДРУГО. Откако ќе го осигураат монополот со отровот, тогаш тие ќе ја диктираат цената.

2. Не гледам ниту една причина зошто би морал да вклучам ОТРОВ во мојот живот.

3. Никој нема да го уништи нашето земјоделие. Нашето земјдоелие е најконкурентно на пазарот. Природната храна секога ќе има повисока цена и ќе биде повеќе барана од ГМО отровот!

4. Аналогијата со компјутерите ти е погрешна.



Значи како и секој судски процес ни останува да најдеме докази дека нечини ГМО. Епа повелете по еден интернет и барајте. Јас ќе барам, зошто баш ме заинтересира ова пред некој месец.
АМеричките профитерски гнаси донесоа закон со кој, секој нов производ може да се пушти на пазарот како исправен, се додека не се докаже спротивното. Па така, некои производи поминуваат и по 20 години во продажба пред да бидат укинати. Откако ќе ги укинат, потоа МОНСАНТО прави нов отров со ново име, и повторно го пласира на пазарот за следните 20 години. На тој начин НЕПРЕЧЕНО продаваат отров.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need