АНТИ АНТИ ГМО ПИСМА НА ЧИТАТЕЛИ
http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/anti-anti-gmo-pisma-na-chitateli
Делумно се сложувам со писателот освен со следново:
„Процесот е анатема, исто како што религиозните фанатици не размислуваат. За мислењето е потребен сомнеж, а они не сакаат да се сомневаат. За да се сомневаат треба да работат за да разберат што се случува околу нив и многу е полесно да ги купат туѓите мислења на големо. Но кога ќе се решат да го направат тоа знаат дека може да ја одберат погрешната страна, па ја одбираат таа што најмалку ќе ги придвижи во непознатото. Кога основата на вакво нешто е глупост тогаш нема поента од дебатирање со нив.“
Тоа не е точно. Бидејќи главни придвижувачи на анти-ГМО се токму тие врвни биолози, поатолози, технолози и слично. Не е точно дека буба има пуштено некој си мочко читајќи хејтерски натписи, туку научници здружени со други групи научници кои со материјален доказ докажуваат дека ГМ пченката е отровна за цицачите на поинаков начин од тој што е штетен за инсектите. Понатаму, има материјални докази за фармерите од Индија кои одгледувале BT памук и сите се разболеле. Значи, СОМНЕЖ навистина ПОСТОЕЛ чим тие добиле 300 миљарди долари или што и да беа фонд и почнале да истражуваат.
Значи донесени се заклучоци, но не е сеуште познато што е тоа што е отровно. Како што посочи V од видеото кое го посочив јас, глувците кои јаделе ГМ пченка умреле, но не и оние кои јаделе органска пченка но пиеле пестицид посебно. Значи пестицидот директно не е причинител на проблеми туку нешто друго кое треба допрва да се испита.
Како и со секоја технологија, додека е млада може да има (не да може, туку сигурно е дека има) одредени недостатоци. Биотехнологијата концептуиално може да биде корисна и не треба да се осудува по дифолт. Но грешка е заради правење профит да се форсира технологија која не е тестирана и е потенцијално фатална и тоа worldwide.