Како што знам модифициранито грав на пример ќе има мутиран протеин кој ќе биде составен дел од нашите клетки
Ова не сум го приметил прееска.
Не, не е така, таман работа.
Прво и основно, се што јадеш и што кога било си јадел и што кога било ќе јадеш е генетски мутирано. Апсолутно се, без никаков исклучок. Ниту еден потомок не е идентична копија на родителите, СЕКОГАШ има НЕКАКВА мутација, некаква промена. Тоа е главниот „погон“ на еволуцијата.
Второ, ако изедеш - не знам - пченка која во себе содржи генетски модифиикувани гени (а која НЕ содржи??) тоа не значи дека тие гени ќе се пренесат во твоите, таман работа. Самиот процес на варење на храната тие кревки низи од атоми ќе ги направи парам-парче (исто ко, шознам, хормоните со кои се „дуеле“ пилињата или свинчињата во фармата, но тоа е друга тема). А и да не ги направи - ќе ги искењаш.
Што и да се деси, гените од храната
нема да влезат во твојот геном. Во твојот геном можат да влезат само две нешта: гените од татко ти и гените од мајка ти (ама не идентични копии, туку мутирани, повеќе или помалку сменети, најчесто помалку).
Таман работа ако генетската информација се пренесуваше со јадење.