Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407706 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1185 на: 06 Февруари 2015, 19:12:22 pm »

@Bicikle ама најубаво филипв прашај го, тој е авторитет на форумов за латерален генетски трансфер. Васил исто има големи познавања, и неговиот одговор би бил крајно релевантен.
Добар апетит.  :)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1186 на: 06 Февруари 2015, 19:50:26 pm »
Благодарам за препораката  :-*

http://depletedcranium.com/an-open-letter-about-gmos/

@Bicikle
Прочитај го текстов. Прилично концизно се одговорени многу од прашањата кои те интересираат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1187 на: 06 Февруари 2015, 20:02:35 pm »
Мене ме интересира само дали би можел некој нормален потрошувач да примети по вкус ГМО и органски патлиџан без притоа да има никакви разлики во големината,бојата,тежина итн. итн. ?

Не може. Нема зошто да може. ГМО не е некоја состојка која ја има или нема во храната, па да се познава или не се познава на вкус. ГМО храна си е храна ко и секоја друга: протеини, мрсно, вода, шеќери, што-годе...

Уште нешто: „органско“ и „гмо“ не се спротивставени поими. „Гмо“ растение може да биде „органски“ одгледувано.

Тоа „органско“ е жива глупост иначе. Таканаречената „органска“ храна ниту е по здава, ниту по вкусна, ниту е без пестициди, ниту ништо. Тоа е данок за незналици да плаќаат повеќе.

Тоа е исто ко што на некоја помада пишува „од природни состојки“. Тоа не значи ама баш ништо. Данок за лекоумни.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1188 на: 06 Февруари 2015, 21:18:40 pm »
Мада во голем дел библијата и науката се поклопуваат.

Хаха, хахаха аааааа.....

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1189 на: 06 Февруари 2015, 21:49:27 pm »
Чекај има и боље:
...дарвин и бог не би сакал да ги мешам, не во темава

И уште по-боље:
Како што знам модифициранито грав на пример ќе има мутиран протеин кој ќе биде составен дел од нашите клетки, и на крај ќе имаме мутиран бицес на пример. Тоа би требало да е факт, а како ќе се одрази на нашето здравје тоа е бруг муабет мислам.


Јас мислам дека ова само филипв може правилно да го објасни, стручно и по пропис да провери каде има logical fallacy (со се линкови и дефиниции за нив), со додатно објаснување за улогата на бобот во сузбивањето на митот за штетноста од ГМО преку укажување на постоење на peer reviewed студии за разликите во пуфањето од сплајсиран, и несплајсиран, боб(-:

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1190 на: 06 Февруари 2015, 22:05:50 pm »
Како што знам модифициранито грав на пример ќе има мутиран протеин кој ќе биде составен дел од нашите клетки

Ова не сум го приметил прееска.

Не, не е така, таман работа.

Прво и основно, се што јадеш и што кога било си јадел и што кога било ќе јадеш е генетски мутирано. Апсолутно се, без никаков исклучок. Ниту еден потомок не е идентична копија на родителите, СЕКОГАШ има НЕКАКВА мутација, некаква промена. Тоа е главниот „погон“ на еволуцијата.

Второ, ако изедеш - не знам - пченка која во себе содржи генетски модифиикувани гени (а која НЕ содржи??) тоа не значи дека тие гени ќе се пренесат во твоите, таман работа. Самиот процес на варење на храната тие кревки низи од атоми ќе ги направи парам-парче (исто ко, шознам, хормоните со кои се „дуеле“ пилињата или свинчињата во фармата, но тоа е друга тема). А и да не ги направи - ќе ги искењаш.

Што и да се деси, гените од храната нема да влезат во твојот геном. Во твојот геном можат да влезат само две нешта: гените од татко ти и гените од мајка ти (ама не идентични копии, туку мутирани, повеќе или помалку сменети, најчесто помалку).

Таман работа ако генетската информација се пренесуваше со јадење.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #1191 на: 06 Февруари 2015, 23:19:12 pm »
Мада во голем дел библијата и науката се поклопуваат.

Хаха, хахаха аааааа.....

Зависи како ги тумачиш работите... на пр во библијата се аам и ева, во науката е првите луѓе со XY хрмозоми... во библијата е ноевата арка, што всушност бил метеорот што не акнал пред мнооогу години и ги изништил голем дел од животните како диносаурусите... И ако има еволуција, зошто бактериите се сеуште бактерии не се печурки или жаби ?  Ај кажи еден пример што некој е сведок како од еден вид нешто еволуирало во друг вид. За човештвоти има записи и цртежи од најмалце 16.000год, па како што гледаш исти сме.. оки не дека не сме напреднале, дека нема теехнички напредок, ама сеуште сме луѓе... И да с разбериме, јас сум креација на безконечна интелегенција, ако некој ако се смета за мајмун- негов проблем :)
Е сеа да олабајме малце, имаше муабет низ градчево ни наше, као некој тип јадел пилеќи батаци и сабајлето ко станал му се мафтал као до колена.... Мит или вистина, појма нема, ама никако да ми се погодат такви батаци... беља работа.
Ако е апсулутно точен постов над мене(е сеа пошто ја не су компетентен да пресуда вака или така(ак ме најдовте мене)) не гледамникаква опасност од гмо, пошто нели храната ќе си се преработи во желудникот. Нормално нели ако не е таа пченката спомната во првите постови што била токсичнна...
И друго што сакав да прашам, нели има разлика од природно вкрстување на пиперки на пример и сплајсинг на истите, т.е. вкрстување со шпански мајмун на пример... ?
и има нели една поговорка, ние сме тоа што јадеиме, само не се сеќавам да сум излел легенда http://s2.postimg.org/4d4dkf3zd/10354880_10205177477662902_7551629918386152818_n.jpg  :)))

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1192 на: 07 Февруари 2015, 00:01:22 am »

Oфлеле... се качуваме по стрмата страна на планината Малкуверојатна.
Најпосле големите празнини во знаењето, сепак најдобро се објаснуваат со интелегентниот дизајн (на некоја непоимливо голема интелегенција).  ;)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #1193 на: 07 Февруари 2015, 00:56:18 am »
e aj ako znajs kazi. Aj sme nastanele od majmun, majmunot od riba ribata od ameba amebata od voda vodata od meteori i od planetata, tie od molekui, molekulite od atomi, atomite od big-benot... A big benot od dhto nastanal? koj ja sozdal pravobitnata energija/materija.... Ne rekov slepo da veruvas vo bog ili pop ali... kako i da e na taa tema moze da diskutirame beskonecno... da ne se oddaleciv ustvari jas malce...
sepak neli evulucijata e dovolno imteligentna i pametna? i strpliva izgleda posto se odviva nekoi 4.5 milijardi godini xD uspat ne veruva deka ke e na odmet nekomu da go izglea filmcevo, mada malce e nekako nametlivo ali u globala e samo muabet nisto poveke, nadvor od gmo-temata, onaka za relaks, ne mora da se fati zdravo za gotovo. http://www.filmovita.com/dokumentarac-teorija-evolucije-protiv-boga/ De facto kaj shto zavrsuva naukata pocnuva veruvanjeto vo 300 cuda...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1194 на: 07 Февруари 2015, 10:01:23 am »
Најпосле големите празнини во знаењето, сепак најдобро се објаснуваат со интелегентниот дизајн...

...или со теории на заговор.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ГМО
« Одговори #1195 на: 07 Февруари 2015, 15:57:33 pm »
Мене ме интересира само дали би можел некој нормален потрошувач да примети по вкус ГМО и органски патлиџан без притоа да има никакви разлики во големината,бојата,тежина итн. итн. ?

Не може. Нема зошто да може. ГМО не е некоја состојка која ја има или нема во храната, па да се познава или не се познава на вкус. ГМО храна си е храна ко и секоја друга: протеини, мрсно, вода, шеќери, што-годе...

Уште нешто: „органско“ и „гмо“ не се спротивставени поими. „Гмо“ растение може да биде „органски“ одгледувано.

Тоа „органско“ е жива глупост иначе. Таканаречената „органска“ храна ниту е по здава, ниту по вкусна, ниту е без пестициди, ниту ништо. Тоа е данок за незналици да плаќаат повеќе.

Тоа е исто ко што на некоја помада пишува „од природни состојки“. Тоа не значи ама баш ништо. Данок за лекоумни.
Фала на објаснување, а и клипот на Симо доволно долови одприлика за што се работи и како влијаат овие поими на психата на обичниот потрошувач.

Само ги потврди моите претпоставки дека обичен купувач кога ќе оди во маркет нема шанси да познае кој е ГМО, а кој органски производ.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1196 на: 07 Февруари 2015, 15:59:06 pm »
Само ги потврди моите претпоставки дека обичен купувач кога ќе оди во маркет нема шанси да познае кој е ГМО, а кој органски производ.

Уште еднаш: „органско“ и „ГМО“ не се исклучуваат меѓу себе, не се поларно спротивставени поими.

Некое јадење може да е ЕМ „органско“ ЕМ „ГМО“.

Некое друго јадење може да е НИ „органско“ НИ „ГМО“.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ГМО
« Одговори #1197 на: 07 Февруари 2015, 16:05:47 pm »
Цитат
Некое друго јадење може да е НИ „органско“ НИ „ГМО“.
Сега ме збуни, ако не ни ова ни ова, што е трето?
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1198 на: 07 Февруари 2015, 16:10:15 pm »
Трето е тоа што го јадеме секој ден

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1199 на: 07 Февруари 2015, 16:12:10 pm »
Цитат
Некое друго јадење може да е НИ „органско“ НИ „ГМО“.
Сега ме збуни, ако не ни ова ни ова, што е трето?

„Органско“ е ознака за начинот на одгледување, поточно типот на користени пестициди (не се користат синтетички, туку само „природни“)

„ГМО“ е ознака за начинот на кој е добиена сортата - со ГМО технологија (сплајсинг на ДНК фрагменти од други организми).

Па така, има и трето и четврто. Трето е не-гмо растение кое не е одгледувано „органски“, што вика васил, она што воглавно го јадеме секој ден. А четврто е гмо растение кое е одгледувано „органски“.

Ознаките „ГМО“ и „органски“ се неповрзани меѓусебно. Не зависат една од друга.