Гласање

Која кола за брат му на Cranium?

Renault Clio 0.9 TCE
13 (26.5%)
Ford Fiesta 1.0 GTDI
6 (12.2%)
Hyundai i30
2 (4.1%)
Kia Pro Ceed
5 (10.2%)
Suzuki Swift Sport
21 (42.9%)
Suzuki SX4
2 (4.1%)

Вкупно гласови: 49

Автор Тема: Совети при одбирање на нов автомобил!  (Прочитано 38433 пати)

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 930
Совети при одбирање на нов автомобил!
« на: 20 Август 2013, 18:27:54 pm »
Се гледа на можноста да се земе нов автомобил и споредбава ќе биде на помош на повеќе луѓе, па затоа ајде пишувајте кој што знае.
Колата би била за брат ми со тоа што тој го има крајниот збор и изборот ако воопшто се оди на ваква варијанта, нов автомобил.

1. Renault Clio 0.9 tCe Dynamique Energy 90ks

Се работи за клиото со највисокото ниво на опрема. Со оглед дека го прочитав CarClub тестот на Клиото и видов некое видео на YouTube по мене ова е правиот избор. Би требало и да се доплати за некој дотаток но тоа ќе се види на крај.

Цена на овој модел: 14388 еур



2. Ford Fiesta Titanium 1.0 GTDi 100ks

Исто така се работи за фиеста со едно од повисоките нивоа на опрема. По мене убав изглед со тоа што 3 цилиндарски форд мотор??

Цена на овој модел: 13500 еур



3. Hyundai i30 1.4 DOHC TREND 100ks

Второто ниво на опрема.

Цена на овој модел: 13600 еур



4. Kia Pro Ceed 1.4 DOHC EX 90ks

Се работи за основен модел на Pro Ceed со тоа што има се што ти е потребно. Има опција и појак мотор 1.6 со 126кс.

Цена на 1.4: 12600 еур
Цена на 1.6: 13600 еур



5. Suzuki Swift Sport 1.6 136 ks

Од опрема има се што може едно сузуки да содржи

Цена на овој модел: 13900 еур



6. Suzuki SX4 1.6 2WD 120ks

Појакото ниво на опрема но погон на предните тркала.

Цена на овој модел: 12690




Тоа е понудата која досега ја гледавме. Ако имате некоја идеа за возило од 10 до 15 илјади евра дадете предлог, но во таа цена да биде добро опремен автомобил колку што може за тие пари.  ;D

п.с. Ајде да ве видам форумаши што ќе кажете
п.п.с Администратори ќе може ли некако во темава да се стави гласање пошто неможев да се снајдам

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20058
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #1 на: 20 Август 2013, 18:38:31 pm »
Според мене Suzuki Swift Sport :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17294
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #2 на: 20 Август 2013, 18:40:33 pm »
Обавезно Swift Sport, ако брат ти смее да вози кола над 75 KW.

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 930
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #3 на: 20 Август 2013, 18:41:31 pm »
Според мене Suzuki Swift Sport :)

Добра опција но забелешка имам за багажникот, не собира баскет што се вика. Башка има проблем со разубедување на моите за незаконско возење на појака кола. Сепак благодарам за мислењето не се знае што ќе излезе до крај :D

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20058
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #4 на: 20 Август 2013, 18:52:26 pm »
Ако е за нов автомобил Seat Leon 90 кс :) ( во законските ограничивања )
Не ја сфаќам потребата од нов прв автомобил..

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 218
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #5 на: 20 Август 2013, 18:53:09 pm »
спомна дека највисоката сума е 15 и ако сакаме можеме да дадеме одредени предлози, за плус 1000 имаш доста добра понуда од опел....http://www.automakedonija.com.mk/opel/uploads/ASTRA_NG_MY'14A%20(05.07.2013).pdf   според ценовникот opel astra active 1.4turbo излегува 16 што во споредба со горенаведените е според мене многу подобар автомобил .... а исто така има и друга понуда за opel antara   

http://www.automakedonija.com.mk/opel/ponudi_detail.asp?ID=4   15800  + плин 700 нешто над 16 а можеби ти спуштиле и уште на цена доколку плакаш во готово....според мене најдобра понуда е антарата која е неколку класи над наведените но доколку е преголема и несака suv тогаш на второ место е астрата

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #6 на: 20 Август 2013, 18:56:37 pm »
Свивтот би го елиминирал одма, кога во опција влегуваат покомотни возила нема што да размислувам за него. Исто така и SX4, не ми се свиѓа ич. За останантите многу многу тешко би се одлучил. Киата ми има опасен дизајн сериозно би размислил за неа, со појакиот мотор. Фиестата не сумљам дека е одлична башка со високо ниво на опрема, многу ме интересира како влече моторчето, 100кс не се малце за таа каросерија. И клиото ми се свиѓа...  ;D Најубаво брат ти да оди и да ги тестира колите така најдобро ќе си одлучи.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #7 на: 20 Август 2013, 19:02:27 pm »
1. Fiesta
2. ProCeed 1.6
3. Swift
4. Clio
5. ProCeed 1.4
6. i30 1.4
7. SX4

Секако овој е редоследот ако се земе предвид дека возилото ќе се вози на Бензин. Во реалноста (при мое лично купување) возилото веднаш ќе се преправи на LPG и автоматски редоследот се менува во следниот:

1. Proceed 1.6
2. Swift 1.6
3. SX4 1.6
4. Proceed 1.4
5. i30 1.4

Сепак доколку се дозволи додавање на возила јас би ги додал:

Skoda Octavia,
VW Polo Tsi или 1.4 (за LPG)
Honda Civic 1.4 (за LPG)
Dacia Duster 1.5 dci
Fiat 500

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 930
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #8 на: 20 Август 2013, 19:04:54 pm »
Свивтот би го елиминирал одма, кога во опција влегуваат покомотни возила нема што да размислувам за него. Исто така и SX4, не ми се свиѓа ич. За останантите многу многу тешко би се одлучил. Киата ми има опасен дизајн сериозно би размислил за неа, со појакиот мотор. Фиестата не сумљам дека е одлична башка со високо ниво на опрема, многу ме интересира како влече моторчето, 100кс не се малце за таа каросерија. И клиото ми се свиѓа...  ;D Најубаво брат ти да оди и да ги тестира колите така најдобро ќе си одлучи.
тоа е наредна фаза тест возења и понуди од салоните :D
Ако е за нов автомобил Seat Leon 90 кс :) ( во законските ограничивања )
Не ја сфаќам потребата од нов прв автомобил..
не е прв сега има смарт :D

п.с. Бидејќи се упиша на факултет во Штип ќе треба почесто да патува па му треба некој подобар автомобил од смартот

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 930
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #9 на: 20 Август 2013, 19:05:57 pm »
1. Fiesta
2. ProCeed 1.6
3. Swift
4. Clio
5. ProCeed 1.4
6. i30 1.4
7. SX4

Секако овој е редоследот ако се земе предвид дека возилото ќе се вози на Бензин. Во реалноста (при мое лично купување) возилото веднаш ќе се преправи на LPG и автоматски редоследот се менува во следниот:

1. Proceed 1.6
2. Swift 1.6
3. SX4 1.6
4. Proceed 1.4
5. i30 1.4

Сепак доколку се дозволи додавање на возила јас би ги додал:

Skoda Octavia,
VW Polo Tsi или 1.4 (за LPG)
Honda Civic 1.4 (за LPG)
Dacia Duster 1.5 dci
Fiat 500

ми се свиѓа распоредот ;)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20058
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #10 на: 20 Август 2013, 19:10:31 pm »
На тој од Штип не може да оди и во Скопје на предавања? А чим се има пари за нов автомобил не се проблем и 2/3 казни во 2 години да се платат :)

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3777
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #11 на: 20 Август 2013, 19:15:54 pm »
A za Peugeot nekoe ne e raspolozen, 208ce, 308ce, 301ce vo kraen slucaj?

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 930
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #12 на: 20 Август 2013, 19:16:55 pm »
A za Peugeot nekoe ne e raspolozen, 208ce, 308ce, 301ce vo kraen slucaj?

не му се свиѓа ниедно :D

На тој од Штип не може да оди и во Скопје на предавања? А чим се има пари за нов автомобил не се проблем и 2/3 казни во 2 години да се платат :)

па не размислуваат моите баш така.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20058
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #13 на: 20 Август 2013, 19:19:26 pm »
http://www.opelauto.com.mk/content/dam/Opel/Europe/macedonia/nscwebsite/mk/13_Tools/01_Pricelists/2013/MK_Corsa.pdf

1.4 turbo, па и атмосферецот е во класа на овие што ги имап набројано

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9209
  • Аstra la vista baby !
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #14 на: 20 Август 2013, 19:21:37 pm »
Мора да е нова ?

Еве според мене една одлична понуда:
ASTRA Ј -COSMO
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=899804