Се гледа на можноста да се земе нов автомобил и споредбава ќе биде на помош на повеќе луѓе, па затоа ајде пишувајте кој што знае.
Колата би била за брат ми со тоа што тој го има крајниот збор и изборот ако воопшто се оди на ваква варијанта, нов автомобил.
1. Renault Clio 0.9 tCe Dynamique Energy 90ks
Се работи за клиото со највисокото ниво на опрема. Со оглед дека го прочитав CarClub тестот на Клиото и видов некое видео на YouTube по мене ова е правиот избор. Би требало и да се доплати за некој дотаток но тоа ќе се види на крај.
Цена на овој модел: 14388 еур
2. Ford Fiesta Titanium 1.0 GTDi 100ks
Исто така се работи за фиеста со едно од повисоките нивоа на опрема. По мене убав изглед со тоа што 3 цилиндарски форд мотор??
Цена на овој модел: 13500 еур
3. Hyundai i30 1.4 DOHC TREND 100ksВторото ниво на опрема.
Цена на овој модел: 13600 еур
4. Kia Pro Ceed 1.4 DOHC EX 90ksСе работи за основен модел на Pro Ceed со тоа што има се што ти е потребно. Има опција и појак мотор 1.6 со 126кс.
Цена на 1.4: 12600 еур
Цена на 1.6: 13600 еур
5. Suzuki Swift Sport 1.6 136 ks
Од опрема има се што може едно сузуки да содржи
Цена на овој модел: 13900 еур
6. Suzuki SX4 1.6 2WD 120ksПојакото ниво на опрема но погон на предните тркала.
Цена на овој модел: 12690
Тоа е понудата која досега ја гледавме. Ако имате некоја идеа за возило од 10 до 15 илјади евра дадете предлог, но во таа цена да биде добро опремен автомобил колку што може за тие пари.
п.с. Ајде да ве видам форумаши што ќе кажете
п.п.с Администратори ќе може ли некако во темава да се стави гласање пошто неможев да се снајдам