Одисеја го гледавме со сопругата во кино, се мислев дали да го гледам поради негативните критики и коментари, ама филмот позитивно ме изненади. Искрено не ми засмета што Елена од Троја беше со потемен тен 
Јас ќе го гледам вечер, очекувам да биде одличен. Како и сè друго од Нолан.
Ама како и сè друго, филмот доби хејт. Највеќе од разно-разни „инфуелнсери“ и „јутубери“ и слично, кои прават „контроверзни“ и хејтерски содржини само за да приберат кликови.
Ај за Нолан рано е...мада цапна на гованце со Одисејов.
Абе „интернет познавачите“ рекоа готово, Нолан во пензија ќе оди... Ама
очигледно не е баш така.
Да не се разбереме погрешно, хејтери секогаш ќе има. Ама сега хејтот е индустријализиран и воден од профит. Се заработува од хејт, особено на интернет. Негативни наслови добиваат повеќе кликови, негативни видеа добиваат повеќе прегледи. И не е само за филмови, за сè е така.
И жал ми е дека е така. Живееме во многу цинично време.