31
Генерални Муабети / Одг: Занимање на форумџиите
« Последна порака nestor04 на 24 Ноември 2026, 14:39:45 pm »0:46
Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!
CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!

Ова за становите е точно. Интересно е што авто салоните имаат друга политика.
Се надевам после почетокот на GTA 6 ќе има позанимливи активности. Веројатно не сме дел од таргет групата, ама да палам конзола за да местам скали, билдам, купувам цвеќе, возам по прописи, пијам протеински шејкови, да земам облека за девојка ми, да го гледам синот на Фејстајм итн...психички ме изморува.

Со здравје да се вози, ова и Форментор ептен ми се свиѓаат.И мене од кога искочи Форменторот ми се слабост Cupra ама ги возев двете и имаше многу предности а смешна разлика во цена па така падна одлуката за Терамар.
Ke сакаш ли да пишеш подетално кои се главните разлики? Дали ги возеше двете со иста моторизација? Кое е помеко и потивко?
Поставени се на различни платформи, Форменторот е на платформа на Леон па така и се однесува во однос на спортско возење но ентериерот му е веќе outdated (со оглед на тоа што веќе имав Леон 2014 ми се чинеше дека не се сменило многу) исто така звучна изолација крш во споредба со Терамарот кој и те како се осеќа дека е поновиот модел, развиен е на иста платформа и се прави во иста фабрика со Ауди Q3 а не се осеќа толку СУВ поставеноста бидејќи има агилност целиот сетуп, башка амортизацијата DCC е исто нова и подобро оптимизирана. Секако комфорот на задна клупа и волуменот во багажниот се исто плус со оглед на тоа што имам 2 деца
Камионџии да кажите некое чаре за нафтава? Ужасно смрди в кабина. Да перам мотор или само полошо ќе направам со оглед на тоа што надвор е -6? Ми се врти во главава од миризбата, 10 часа сум во возилово. Со парно вклучено не осеќам миризба.
