ФОРУМ.CARclub.mk

Автомобили => Техничко Одржување => Тема започната од: Sase_91 на 30 Јули 2013, 16:35:01 pm

Наслов: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Sase_91 на 30 Јули 2013, 16:35:01 pm
Читајќи по интернетов ми текна дека на форумов немаме ваква тема, која е доста интересна за мене. Особено е интересна од страна што нашите сервиси на големи ги скратуваат интервалите за речиси секој сервис и секоја ставка иако за некој немаат никакво оправдување во поглед на нечисто гориво, температури....

Лично кај мене за возило Ауди А4 B8 2.0 ТДИ, разликата помеѓу сервисните интервали и промената на деловите кој ги препорачува фабриката, а кој сервисот е следна:
                                                           Фабрика / Порше Македонија
Промена на уље и филтер за уље           15.000км /  10.000км
Замена на филтер за воздух                  90.000км /  10.000км (ова смешно е веќе :) )
Замена на филтер за гориво                  60.000км / 60.000км (овој филтер по моја иницијатива го менувам на 20ккм)
Замена на филтер за прав и полен         30.000км / 10.000км
Замена на течност на сопирачки            36 мес.   / Сеуште немаат сменето, колата наполни 4год, следниот сервис сигурно ќе побарам ова
Замена на запчест ремен                     180.000км/ 90-100.000км.

Исто да напоменам дека и во сервисната книга се свесни дека се работи за Македонија така да напоменуваат дека тука не важи LongLife(иако ставаат LL уље) интервалот за сервис, и веројатно сите препораки за смена и проверка на делови се направени во согласност со условите во нашата земја.

Значи, како што може да се види од погоре споредбените ставки, сервисот Порше Македонија скратува на скоро секоја ставка. На пример филтерот за воздух на моторот не гледам зошто би се менувал на 9 пати помала километража од пропишната. Се согласувам дека 90ккм се премногу за кај нас, но мислам дека и 30ккм се сосема солидна километража која без проблем би ја издржал, конркретно и кај мене каде што колата се вози 75% на отоворено сигурен сум дека на 10ккм филтерот е прилично чист. А од друга страна за филтерот за гориво препорачуваат како што навела  фабриката, а истиот вреди скоро исто колку филтерот за воздух т.е. доста е ефтин.

Друга голема разлика приметувам во препорачаниот голем сервис, т.е. замена на запчест ремен. Тука се препорачува замена на сетот запчест ремен на 180ккм, а никаде не се спомнува водена пумпа, заради тоа што веројатно истата е предвидено да трае колку и возилото, но во Порше Македонија препорачуваат големиот сервис да се прави на 90 до најкасно 100ккм и при тоа да се смени сет запчест ремен, сет клинест ремен и водна пумпа. Искрено  не е нешто многу скап и тој  сервис во однос на класата на колата и јас ќе го правам на 100ккм, но сеуште не ми е јасно зошто во сервисниот план пишуваат едно, а во сервис кажуваат друго.

На оваа тема имам разговарано во Порше и одговорот им е дека го скратуваат интервалот заради гориво, климата, патишта и уште 100 глупости кој немаат врска и ги зборвуаат како програмирани. Јас до сега на сите сервиси ги менувам сите препорачани работи од Порше од причина што не се воопшто скапи а не верувам дека и штети на колата порано да смениш филтри и сл :)  но исклучително ме нервира оваа нивна пракса и политика зошто е еден вид на лажење во сервисниот план.

Исто да напоменам дека добар другар кој има добри пријатели во Порше и поседува Пасат 2.0 ТДИ B7 и Поло 1.4 доби препорака од пријателот сервисите да ги прави на 15.000км и се освен филтерот за гориво да си менува според сервисниот план. Исто така и гаранцијата важи се додека се придржуваш до сервисниот план.

Каква е ситуацијата со вашето возило, што препорачува фабриката, што препрачува сервисот и се разбира што слушате вие од сето тоа ?
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: zeroSignal на 30 Јули 2013, 17:06:39 pm
Наскоро треба да правам трет сервис на Голфот (на 12ти ми закажаа), па ќе се распрашам убаво.

Информациите кои ги имам (неофицијални, секако) се дека сервисите може да се прават на 15.000 наместо на 10.000 км, без загуба на гаранцијата.

Од друга страна, филтер за воздух би менувал на секој сервис, со оглед на квалитетот на воздухот во Скопје. На Леонот редовно го вадев филтерот меѓу сервиси да го истресам, пошто беше као загипсиран. На Голфот не ми текнало, али еве ќе го извадам деновиве и ќе го сликам, баш да го видам во која состојба е пред сервис.

Најверојатно сервисните интервали се скратени пошто нив така им одговара. Би било интересно да побараме официјален допис од VW за намалените интервали, за да видиме официјално објаснување. Рекла-казала муабетите кои ги кажуваат не се официјални, а факт е дека здраво дерат на некои работи во сервис.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Спенсер на 30 Јули 2013, 17:27:35 pm
Каде да најдам сервисни интервали за голф 5 косилица ??? За некој ден, 130.000км...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Sase_91 на 30 Јули 2013, 17:31:11 pm
Веројатно во папката што ти ја дале со колата кога сте ја купиле. Кај мене таму има се, и од таму се информацииве. Се е преведено на Македонски.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Tischläufer на 30 Јули 2013, 18:18:52 pm
Наскоро треба да правам трет сервис на Голфот (на 12ти ми закажаа), па ќе се распрашам убаво.

Информациите кои ги имам (неофицијални, секако) се дека сервисите може да се прават на 15.000 наместо на 10.000 км, без загуба на гаранцијата.

Од друга страна, филтер за воздух би менувал на секој сервис, со оглед на квалитетот на воздухот во Скопје. На Леонот редовно го вадев филтерот меѓу сервиси да го истресам, пошто беше као загипсиран. На Голфот не ми текнало, али еве ќе го извадам деновиве и ќе го сликам, баш да го видам во која состојба е пред сервис.

Најверојатно сервисните интервали се скратени пошто нив така им одговара. Би било интересно да побараме официјален допис од VW за намалените интервали, за да видиме официјално објаснување. Рекла-казала муабетите кои ги кажуваат не се официјални, а факт е дека здраво дерат на некои работи во сервис.


Не се губи гаранцијата зошто они не можат да докажат дали си го возел голфот во идеални или во тешки услови. Тоа најдобро ти си го знаеш. Ако знаеш дека си возел во тешки услови прави на 10к па и помалку, ако не тогаш искористи и направи на 15к. Немој само да ти трпи голфот зошто ти си бил/не бил стипса ;D

Смени си сам дома масло на 7к километри ако го оптеретуваш моторот и користиш гомно од нафта, па оди на 15к на редовен сервис. Јас така направив на Твингото. Вика прв сервис и редовни сервиси на 10к км, но јас сменив масло на 5000 и имам уште 1200км до редовниот сервис.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: FilipM на 30 Јули 2013, 19:11:14 pm
На пунтото редовен сервис е на 10 000км.

Масло
Филтер масло
Филтер воздух

Филтер за полен е на секој втор сервис или 20 000км

Свеќици се мислам на 30 000км


Јас правам сервис на 7 до 8000км, менувам се што има од филтри и тоа е тоа. Филтер за воздух секогаш, кога успеа БМЦ филтерот на претходната кола да се направи црн за само 10 000км, можам да замислам што се случува со обичните
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: RedEco на 30 Јули 2013, 22:00:09 pm
Temava ti e na mesto...
Servisite gi pravam na 10k kako sto predviduva nasiov servis. Sepak fabrikata predvidela za EU uslovi, kaj nas ovaa prasina i losa nafta ja nema vo EU. Taka da dosega dva servisa napraviv, za nekoj mesec se blizi i tretiot. Jas vleguvam so kolava na gradilista kade ima prasina vo izobilie,  filterot za vozduh i polen sigurno se betonirani. Sepak mislam deka podobro e redovno duri i porano nekoj kilometar da smenam, posle da bide docna...   ;)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: FilipM на 30 Јули 2013, 22:13:40 pm
Не е само со колите, кај нас купуваш патики, два пати дневно ги гланцаш во сунгерче за да светат. Низ европа каде што сум бил, освен ако не газиш низ земја или камчиња, еднаш неделно ги чистиш...ете толкава е разликата
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darko mk5 на 30 Јули 2013, 22:24:47 pm
вака ќе кажам за порше. утнав еден сервис и отидов на 16.000 т.е. 6000 од пропишаниот... ми намигнаа само и рекоа не касниш многу, резервар-два гориво...што значи не е фрка и да отидеш на 15 000. друго незнам од кај  ова дека запчест ремен се мења на 180к километри коа у сервисна книшка пишува на 90.000 (ај може на а4ката е различно што не верувам. 180к се МНОГУ!) ако филтер за воздух го остаиш до 60к си луд! па и за филтерот за гориво важи истава констатација! горивото е сериозно прљаво! средство за сопирачки нема никој да ти смени у редовен сервисен интервал едино ако ти не си побараш. истото и за свеќици.  освен за филтри и масло за све ти викаат пожелно е али не мораш! додека колата е под гаранција ќе ти мењаат и тоа што треба и тоа што нетреба..после тоа ти си тој што треба да им каже дали да се мења нешто или не :)

edit: водна пумпа ти ставаат репарирана. кога мењав сет каиши сменета беше и пумпата и ме кошташе 2500 денари.

инаку од досегашно искуство се покажало дека мање више им верувам во порше..
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: FilipM на 30 Јули 2013, 22:28:50 pm
А менувал некој глицерин во овластен сервис? Колку кошта? Сакам да им побарам на следен сервис (15 000км, но возилото не е произведено сега, има неколку години)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darko mk5 на 30 Јули 2013, 22:30:33 pm
ако не ти се изедени плочките мој совет ти е само да си дотуриш ако ти фали.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: FilipM на 30 Јули 2013, 22:32:49 pm
Имам поминато 10500 км, но колата е произведена 2009 година. Да чекам до промена на плочки? :)

Инаку воопшто не фали, на МАХ е
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: yarre на 30 Јули 2013, 22:36:04 pm
Тука има некои специфични и секако чудни работи.
Сервисите ( и званичните и незваничните ) ќаруваат највеќе на уљето, па јес вала што почесто то боље. Останатите филтри не се нешто скапи, ама претеризам е 10К КМ.
На времето јас коа ја возев Леонитна, талентите од Кадис викаа сервис на 7.500 ( за уље) а филтри на 15.000, секој втор. Ете го есапот, во уљето.
Е сеа, кај некои увозници, на инсистирање може да се тера сервис на 15.000 и да се задржи гаранцијата, а некои веќе почнаа да нудат продолжена гаранција, што генерално кошта колку 3 сервиса, па јас тука би инвестирал, а би се изборел да добијам редовен сервис на 15.000.

Инаку не верувам дека овластените сервиси би ни понудиле информација за евентуална препорака од производителите за намалениот број на километри, и мое лично убедување е дека тоа го прават на своја рака за профит.

Глицерин обавезно менувам на 3 години, иако ме гледаат попреку ви сервис, фацата е гледај го будалиот, глицерин ќе мења.

Јас би препорачал да си барате редовен на 15.000 КМ, со задржување на гаранција, мислам дека сите преќутно ке одобрат, само да не се дига џева. Се под 15.000 не го гледам како мој трошок, пошто ако треба и на 5 ке правам, ама многу ми растат ушите кога без некаква реална потреба го пунам џепот на увозникот.

Чудно е што во Порше ставаат репарирани водни пумпи, веројатно тоа е некое корпоративно правило на ниво на порше.


Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: FilipM на 30 Јули 2013, 22:39:13 pm
Во Фиат, најповеќе ќар прават со филтрите, маслото е иста цена како и малопродажната. Искрено воопшто не ми смета да ја сервисирам колата на 7-8 000 наместо на 10 000км. И вака и така, претежно догаѓа два пати годишно
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darko mk5 на 30 Јули 2013, 22:41:18 pm
Имам поминато 10500 км, но колата е произведена 2009 година. Да чекам до промена на плочки? :)

Инаку воопшто не фали, на МАХ е

пичи си :)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: vele85 на 30 Јули 2013, 22:42:00 pm
Vo  Ka-Dis isto e na 10 000 km redoven servis bez razlika dali stavas polusinteticko ili sinteticko ulje,nareden servis pravam na 15k pa ako sakaat nek mrsat muda  :)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darko mk5 на 30 Јули 2013, 22:43:42 pm
yarre ti vika imas reparirana za 2500 so isto onolku garancija kolku i novata koja kosta 6500. konkretno za mojot tip na vozilo.. e sea kolku ;e izdrzi gospod znae :) ma da bidejki imam dosta blizok covek na visoka pozicija vo porse on mi garantira deka kje izdrzi isto sto i novata taka da...4000 u dzeb :)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Sase_91 на 31 Јули 2013, 00:56:09 am
Па реално не гледам зошто би ја сменил мојата пумпа за репарирана, значи вадиш исправна пумпа за да ставиш некоја која била неисправна и ја поправале. За нова да, но со репарирана по мене нема логика, и детално ќе ги распрашам за тоа кога ќе го правам големиот сервис на 100ккм. Инаку како што кажав и јас, се додека сервисот сосе сите филтри е оваа цена, јас ќе ги менувам сите. Но сепак како и што кажав, ме нервира лажењто на увозниците кој во сервисен план кажуваат едно, кога ќе ја купиш колата друго.

Еве една слика и од препорачаното менување на  ребраст каиш на 180ккм.
(http://i.imgur.com/TDYAvZE.jpg?1)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darko mk5 на 31 Јули 2013, 01:20:59 am
kaj mene u servisna imas eden kup vakvi intervali..do kaj 600 000 km...taka da vidi ponapred da ne imas uste nekoja stavka :) ili pa nekoj ti skinal stranica od kniskata ;D
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Sase_91 на 31 Јули 2013, 01:31:10 am
Ништо не е скинато, се е во ред :). За секој дел кој што се менува има препорака. Исто така има и препорака на секој сервис што треба да се провери посебно и да се обрне внимание(спони, подвозје, подмачкување на граничниците на вратите, проверка на светлата....)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Tommy на 31 Јули 2013, 01:56:22 am
Кај мене стои 10 000 милји за менување на уљето...
40 000 миљи за поголема инспекција...

Уље менувам на 10 000км сосе сите филтри... детална проверка на секој 20к...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: AllMightyMe на 31 Јули 2013, 10:01:22 am
Јас си направив свој интервал на работи за Алфа Ромео 147 JTD 85kw

За овие 2 години проаѓам годишно по околу 6000 км и е околу 50/50 отворено град со тоа што ретко возам во типичните градски дневни гужви.

Промена на уље и филтер за уље           10.000км  или 1 годишно
Замена на филтер за воздух                  20.000км
Замена на филтер за гориво                  20.000км
Замена на филтер за прав и полен         20.000км - 30.000км
Замена на течност на сопирачки            е за ова незнам ќе се размисли
Замена на запчест ремен                     (тешко дека ќе поминам препорачана км) / 5 години
Замена на течност во менувач               веќе направено, и до крајот на животниот век на колата не верувам дека ќе треба  ;D

Ако има некој совет слободно нека пише.

Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: zeroSignal на 31 Јули 2013, 10:05:46 am
Јас би го скратил интервалот на промена на филтер за воздух. Колите ни се гушат во прашина.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Deni на 31 Јули 2013, 10:09:22 am
Па ти кога сакаш можеш да си го смениш. Тоа е барем лесно и ефтино.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: AllMightyMe на 31 Јули 2013, 10:10:19 am
:)

Па кога ќе видиш со моменталната км што ја поминувам таман на секое 2 менување (така ми е планот со другите филтри) ;D Инаку се сеќавам, кога првпат менував филтер, колата имаше поминато 7-8000 од претходниот газда и околу 1500 од мене. Филтерот ко за некое чудо беше прилично чист.

Али ќе се земе во предвид укажувањето.

@Deni

Инако во упатството пишува дека филтерот за водух се менува лесно, не е така во пракса. Колата мора да оди на дигалка и да се извади заштитната пластика одоздола, цревото за турбо, како би се добило пристап до кутијата. Така да на овој филтер се губи време колку за сите останати.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Deni на 31 Јули 2013, 10:14:59 am
Јас си тргнав од кај мене, се извинувам... Кај некои коли многу полесно се манува филтер за воздух и за клима. И може самиот корисник да го стори тоа.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: FilipM на 31 Јули 2013, 10:15:39 am
Кај мене е нецели 7 минути работа за двата филтри :)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: onak на 31 Јули 2013, 10:34:31 am
Па реално не гледам зошто би ја сменил мојата пумпа за репарирана, значи вадиш исправна пумпа за да ставиш некоја која била неисправна и ја поправале. За нова да, но со репарирана по мене нема логика, и детално ќе ги распрашам за тоа кога ќе го правам големиот сервис на 100ккм. Инаку како што кажав и јас, се додека сервисот сосе сите филтри е оваа цена, јас ќе ги менувам сите. Но сепак како и што кажав, ме нервира лажењто на увозниците кој во сервисен план кажуваат едно, кога ќе ја купиш колата друго.

Еве една слика и од препорачаното менување на  ребраст каиш на 180ккм.
(http://i.imgur.com/TDYAvZE.jpg?1)

оваа страна ти е за ПРВИТЕ СЕРВИЗИ ОД ФАБРИЧКИ СЕТИНГ... значи од кога ке го земеш од фабрика, наведен е списокот кое што треба да се смени на која километража.. после тоа сервисот ти кажува кога што да смениш... значи фабричкиот ребраст каиш треба да се смени на 180. а после ке се мења на 90, како што ти викаат во порше.. гледаш дека доле во забелешка имаш дека ОД ДАДЕНАТА КИЛОМЕТРАЖА СЛЕДИ КОНТРОЛА НА СЕКОИ 30к. километри...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: MecheTo на 31 Јули 2013, 10:56:45 am
Масло не се знае кога е сменето и филтер за истото.Нафтен филтер истотака,воздушниот се чисти со дување на компресор еднаш денот или на 2-3 дена зависи од расположение  :D.Прашина има малку  ;D
0.40с

Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Tischläufer на 31 Јули 2013, 12:18:33 pm
Јас би го скратил интервалот на промена на филтер за воздух. Колите ни се гушат во прашина.

Па ти кога сакаш можеш да си го смениш. Тоа е барем лесно и ефтино.

Или пак на секое влегување во Washfabrik можеш да го извадиш и исмукаш со усисивачот...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Dzo на 31 Јули 2013, 13:20:43 pm
Некој со информација за сервисни интервал за 1.2тси и 1.4тси 122 ?
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Sase_91 на 31 Јули 2013, 15:56:55 pm
Па реално не гледам зошто би ја сменил мојата пумпа за репарирана, значи вадиш исправна пумпа за да ставиш некоја која била неисправна и ја поправале. За нова да, но со репарирана по мене нема логика, и детално ќе ги распрашам за тоа кога ќе го правам големиот сервис на 100ккм. Инаку како што кажав и јас, се додека сервисот сосе сите филтри е оваа цена, јас ќе ги менувам сите. Но сепак како и што кажав, ме нервира лажењто на увозниците кој во сервисен план кажуваат едно, кога ќе ја купиш колата друго.

Еве една слика и од препорачаното менување на  ребраст каиш на 180ккм.
(http://i.imgur.com/TDYAvZE.jpg?1)

оваа страна ти е за ПРВИТЕ СЕРВИЗИ ОД ФАБРИЧКИ СЕТИНГ... значи од кога ке го земеш од фабрика, наведен е списокот кое што треба да се смени на која километража.. после тоа сервисот ти кажува кога што да смениш... значи фабричкиот ребраст каиш треба да се смени на 180. а после ке се мења на 90, како што ти викаат во порше.. гледаш дека доле во забелешка имаш дека ОД ДАДЕНАТА КИЛОМЕТРАЖА СЛЕДИ КОНТРОЛА НА СЕКОИ 30к. километри...

Да, али колата кај мене е купена нова, така да веројатно би било 180ккм да се смени првиот сет, а не 90ккм. А и ако работат со оригинални делови како што викаат, значи пак треба да се менува следниот пат на 360ккм. Додека на 30ккм само контрола и проверка дали е во ред, секако по потреба и замена. Јас решив на 100ккм да го правам сервисот зошто  е огин и пламен ако нешто заглави и заебе со него. Додека ако имам на пример Гаранција 4год како што има во некој земји, правам доста километри и ја возам колата по прописи, не би го сменил до 150ккм. 
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: LosiPatista на 31 Јули 2013, 16:54:07 pm
Partner 1.6 HDI има интервал на промена на каиш (timing belt) на 240.000км.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: marsher на 31 Јули 2013, 17:08:10 pm
http://www.servicing.peugeot.co.uk/media/deliacms/media/45/4504-09afda.pdf

http://cdn603.ilcdn.net/files/20110223193902/gatesdocs/TimingBeltReplacementGuide.pdf
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: onak на 01 Август 2013, 00:50:29 am
Partner 1.6 HDI има интервал на промена на каиш (timing belt) на 240.000км.

пази да не...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darko mk5 на 20 Август 2013, 14:04:09 pm
Па реално не гледам зошто би ја сменил мојата пумпа за репарирана, значи вадиш исправна пумпа за да ставиш некоја која била неисправна и ја поправале. За нова да, но со репарирана по мене нема логика, и детално ќе ги распрашам за тоа кога ќе го правам големиот сервис на 100ккм. Инаку како што кажав и јас, се додека сервисот сосе сите филтри е оваа цена, јас ќе ги менувам сите. Но сепак како и што кажав, ме нервира лажењто на увозниците кој во сервисен план кажуваат едно, кога ќе ја купиш колата друго.

Еве една слика и од препорачаното менување на  ребраст каиш на 180ккм.
(http://i.imgur.com/TDYAvZE.jpg?1)

оваа страна ти е за ПРВИТЕ СЕРВИЗИ ОД ФАБРИЧКИ СЕТИНГ... значи од кога ке го земеш од фабрика, наведен е списокот кое што треба да се смени на која километража.. после тоа сервисот ти кажува кога што да смениш... значи фабричкиот ребраст каиш треба да се смени на 180. а после ке се мења на 90, како што ти викаат во порше.. гледаш дека доле во забелешка имаш дека ОД ДАДЕНАТА КИЛОМЕТРАЖА СЛЕДИ КОНТРОЛА НА СЕКОИ 30к. километри...

Да, али колата кај мене е купена нова, така да веројатно би било 180ккм да се смени првиот сет, а не 90ккм. А и ако работат со оригинални делови како што викаат, значи пак треба да се менува следниот пат на 360ккм. Додека на 30ккм само контрола и проверка дали е во ред, секако по потреба и замена. Јас решив на 100ккм да го правам сервисот зошто  е огин и пламен ако нешто заглави и заебе со него. Додека ако имам на пример Гаранција 4год како што има во некој земји, правам доста километри и ја возам колата по прописи, не би го сменил до 150ккм.  

Шо има врска дали е нова или стара купена? сервисен интервал си е сервисен интервал. дали си 100ти или прв газда не гледам зашто би било различно.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: JAck-S на 29 Август 2013, 18:44:00 pm
Различно е. Никоаш не си сигурен дали е вратен километражникот :)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Diesel на 29 Август 2013, 19:17:53 pm
Одлична тема.

Вака - Opel Astra Classic II (aka Astra G) со 1.4 Ecotec Twinport мотор со 90 КС. Сервисната книшка вели:

Масло - до 30.000 километри, во зависност од условите и начинот на возењето, или еднаш годишно. Се согласувам.
Филтер за масло - заедно со маслото, види погоре. Се согласувам.
Филтер за воздух - на 4 години или 120.000 км. Во никој случај - минимуН еднаш годишно.
Филтер за полен - на 2 години или 60.000 км. Исто, не ми е по ќеф. Еднаш годишно.
Филтер за гориво - на 4 години или 120.000 км. Го оставив еднаш 5 години поради тоа што мислев дека не се менува, повеќе не. Еднаш годишно.
Свеќички - на 4 години или 120.000 км. Може да помине, пошто еднаш ги менував. Се согласувам.
Антифриз - не е споменат во сервисната книшка, стои "визуелна проверка и дотурање по потреба". Јас ќе го менувам еднаш на 5 години, пошто е црвен. Зелен, жолт или син - на две години.
Глицерин - ПОДНАЈИТНО, на секои ДВЕ ГОДИНИ, од сега па натаму. После тоа што го извадив од системот - петгодишен глицерин.. Никогаш повеќе не би си дозволил. По сервисна книшка - на две години или 60.000 км.
Батеријата на далечинското од централното - на две години или 60.000 км. Прв пат ја сменив после пет години. Резултатот е фантастичен, и за 70 денари, би ја менувал секоја година.
Клинест ремен - спомнат е, ама само со "визуелна проверка". Односно, додека не се скине. :P

Течност во серво, масло во менувач и фреон во климата - сервисната вика само "визуелна проверка", или да се дотури по потреба.

Се останато - плочки, дискови, гуртни, запчест ремен, подизачи, курац-палац - после 10 години или 150.000 км.

За добошите вика само да се вадат и чистат на 4 години или 120.000 км.

Преоптимистички се некои сегменти од сервисните интервали за наши услови, дефинитивно. А и плус, нема шанса предвремена промена на било која компонента да штети на колата.

Ебеш овластен. Само во своја режија.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: LosiPatista на 02 Септември 2013, 22:30:54 pm
Partner 1.6 HDI има интервал на промена на каиш (timing belt) на 240.000км.

пази да не...

Неинформиран, повторно.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: A4-B8 на 24 Септември 2013, 13:05:36 pm
Па реално не гледам зошто би ја сменил мојата пумпа за репарирана, значи вадиш исправна пумпа за да ставиш некоја која била неисправна и ја поправале. За нова да, но со репарирана по мене нема логика, и детално ќе ги распрашам за тоа кога ќе го правам големиот сервис на 100ккм. Инаку како што кажав и јас, се додека сервисот сосе сите филтри е оваа цена, јас ќе ги менувам сите. Но сепак како и што кажав, ме нервира лажењто на увозниците кој во сервисен план кажуваат едно, кога ќе ја купиш колата друго.

Еве една слика и од препорачаното менување на  ребраст каиш на 180ккм.
(http://i.imgur.com/TDYAvZE.jpg?1)

оваа страна ти е за ПРВИТЕ СЕРВИЗИ ОД ФАБРИЧКИ СЕТИНГ... значи од кога ке го земеш од фабрика, наведен е списокот кое што треба да се смени на која километража.. после тоа сервисот ти кажува кога што да смениш... значи фабричкиот ребраст каиш треба да се смени на 180. а после ке се мења на 90, како што ти викаат во порше.. гледаш дека доле во забелешка имаш дека ОД ДАДЕНАТА КИЛОМЕТРАЖА СЛЕДИ КОНТРОЛА НА СЕКОИ 30к. километри...

Да, али колата кај мене е купена нова, така да веројатно би било 180ккм да се смени првиот сет, а не 90ккм. А и ако работат со оригинални делови како што викаат, значи пак треба да се менува следниот пат на 360ккм. Додека на 30ккм само контрола и проверка дали е во ред, секако по потреба и замена. Јас решив на 100ккм да го правам сервисот зошто  е огин и пламен ако нешто заглави и заебе со него. Додека ако имам на пример Гаранција 4год како што има во некој земји, правам доста километри и ја возам колата по прописи, не би го сменил до 150ккм. 

Шо има врска дали е нова или стара купена? сервисен интервал си е сервисен интервал. дали си 100ти или прв газда не гледам зашто би било различно.

Common rail TDI  motorite imaat pomali trzai od obicnite dizel motori i zatoa rebrastiot se menuva na 180 000, barem fabrickiot, A ti ako sakas mozes i na 5000 da go menuvas, rabotata bese zosto ako e fabricki preporacano da se menuva na 180000 vo Porshe ti go menuvaat na 100 000 kilometri, jas imam germansko Audi a4 ima pominati 135 000 i nema smeneto rebrast kais, vo kniskata pisuva zamena na 180 000 sto e tocno. Novite dizeli ne se kako postarite so obicna bos pumpa zatoa i tolkav interval ima za menuvanje na kaisot.
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: Cuore Sportivo на 15 Октомври 2013, 09:48:43 am
Како и да е, поминав со 50 еу, да  кажам право очекував многу повеќе :) . Се разбира дека не сакам да се расипува нешто и да плаќам, но секоја машина се расипува така и ова. Се надевам нема да имам проблеми понатаму. Следна поскапа работа е големиот сервис кој во комбинација со малиот чини околу 35-40к. До сега за 100ккм имам дадено 4500ден за непредвидени интервенции што мислам дека не е воопшто голема сума за 4год и 100ккм.

Што опфаќа големиот сервис ?
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: Sase_91 на 15 Октомври 2013, 10:34:05 am
Ребраст Каиш, Линиски Каиш и сите пропратни затегачи со нив мислам. Плус со него се прави и мал сервис со сите можни филтри(воздух, уље, клима, нафта). Не сум сигурен дали се менува глицеринот. Исто така размислувам и за промена на уљето во менувачот но незнам колку е паметно тоа, страв ми е да не направат некоја беља мајсториве во Порше зошто одлично си функционира мењачот и со уље старо 100ккм.
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: velestrumf на 15 Октомври 2013, 10:46:27 am
Не го мењај ако немаш потреба.
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: zeroSignal на 15 Октомври 2013, 10:51:12 am
Јас не би играл на таа карта. Јас би менувал уље во мењач на одредени интервали - ете на 100.000 км, може и помалку.
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: velestrumf на 15 Октомври 2013, 10:56:23 am
Јас не се сеќавам некогаш да се појавила потреба од мењање на уље во мењачите на нашите Кедија. А имаат поминато многу повеќе од 100.000 км.
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: ARMEX на 15 Октомври 2013, 10:57:35 am
ОТ. Има теми за сервиси, големи и мали.
Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: Sportex на 15 Октомври 2013, 10:58:40 am
Не го мењај ако немаш потреба.

Ostaj go da kabardisa!

Наслов: Одг: Квалитет на горивата во МК
Поставена од: AllMightyMe на 15 Октомври 2013, 11:05:06 am
Znam deka nema kaj nas obicaj sa se menuva ulje vo menuvac, ali koga jas se mislev padnav na muavetot deka kako za zapcanicite taka I za diferencijalot sekogas e dobrodojdeno svezo ulje.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Diesel на 15 Октомври 2013, 11:48:40 am
ОТ. Има теми за сервиси, големи и мали.

Каишот ставен ли ти е?
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: nikola_bb на 21 Октомври 2013, 12:57:05 pm
Во дилема сум за 306-кава моја. Според техничка документација вика промена на масло на 30 000км или 2години. До сега на секое возило сум менувал на 1 год. безразлика на километрите. Дали да земам некое поквалитетно масло и да терам 2 години мада ме замислува тоа што во нашиве катастрофални услови се вози колата...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: velestrumf на 21 Октомври 2013, 12:59:00 pm
Ја не би ризикувал :)
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Filip_90 на 21 Октомври 2013, 21:34:56 pm
Јас не би играл на таа карта. Јас би менувал уље во мењач на одредени интервали - ете на 100.000 км, може и помалку.
Кога прашав таму ми рекоа дека треба да се загрева мањачот за да истече уљето и дека сеуште не мањале уље на голф 5 (односно сакаа да кажат: не го мењај) :D
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: nsx-r на 21 Октомври 2013, 23:43:27 pm
Во дилема сум за 306-кава моја. Според техничка документација вика промена на масло на 30 000км или 2години. До сега на секое возило сум менувал на 1 год. безразлика на километрите. Дали да земам некое поквалитетно масло и да терам 2 години мада ме замислува тоа што во нашиве катастрофални услови се вози колата...

шо се праиш луд за 1500 денара,мењај го таму на 10к км и цепај
тотал кварз 9000 10-40
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: ARMEX на 22 Октомври 2013, 00:01:21 am
ОТ. Има теми за сервиси, големи и мали.

Каишот ставен ли ти е?

Не е каиш, со ланец ме врзуваат и тој го кинам.  ;D

Он топик, на колку се менува ланец? Кога ќе почне да тропа затегачот или има некој интервал?
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Bugar на 22 Октомври 2013, 01:23:10 am
Lanec se menuva ko ke protropa i ne moze vekje da se zategnuva.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: onak на 22 Октомври 2013, 01:29:37 am
ОТ. Има теми за сервиси, големи и мали.

Каишот ставен ли ти е?

Не е каиш, со ланец ме врзуваат и тој го кинам.  ;D

Он топик, на колку се менува ланец? Кога ќе почне да тропа затегачот или има некој интервал?

ако не ти тропка ланецот, и не ти се појавува ефект на закаснета реакција терај... ланец се мења баш ако ти појави ваков симптом.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Simo - Carrier159 на 11 Февруари 2014, 19:50:14 pm
Има некој информација на 207 1.4 HDI на колку км или месеци се менува сет ремени?
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: karajann на 12 Февруари 2014, 04:13:30 am
Во врска со сервисните интервали би сакал да кажам дека во Македонија не се толко лоши условите како што се обидуваат да ги представат увозниците со нивните сервиси. Доказ за тоа е што на никоја сервисна книшка или упатство од автомобил не ги пише интервалите што ги кажуваат. Или се кажуват устно или со некаков лист без печат и потпис. Еве ги моите искуства:

Хит Ауто поранешен дистрибутер за Renault
-захефтен лист без печат и потпис и пречкртан дел од текст
-ако е така како што пишува зошто не ставиле печат или да ја испечатиле гаранцијата со правилните километри
(http://i.imgur.com/1i5N0mW.jpg)
(http://i.imgur.com/RphzuQe.jpg)
Плус на сите други потрошни делови ме убедуваат да ги менувам на пола интервал(ако ребрест каиш пише дека се менува на 120 000 км ме убедуваат да го сменам на 60 000)

Опел
-Во упатството за употреба за Македонија е напишано на секои 30 000 км, во гаранцијата и во продолжената гаранција ништо не пишува, а кога ја подигав колата ми рекоа на секои 7 500 км
(http://i.imgur.com/mUal06q.jpg)

Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: MAPJAH на 27 Август 2014, 13:24:23 pm
Да ја воскреснам темава :) Лани летото од Волксваген Дуизбург официјален салон и сервис купив за полото BBY код на мотор затегачи водна пумпа и 2 ребрести (мал и голем) за 320еур со гаранција од 120 000км, истите во порше скопје се околу 50 000ден (колата не вреди толку) и се со гаранција од 90 000км, како и се останато што има по мала гаранција од европската...
Логички е да ги намалуваат сервисните интервали затоа што ќе неможат да извадат плата за сервисерите, ако се земе просек на поминати км на годишно ниво во Мк и број на продадени нови возила... 7500км промена на масло во официјален сервис каде што се треба да е оригинал, кого прават будала? Јас сите коли што сум ги имал се од Германија со сервисни интервали според пропишана книга, и до сега немало никаков проблем ниту со турбина ниту со чадење лоша работа на мотор и слично...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: stefanel984 на 01 Септември 2014, 14:16:20 pm
хм, сум имал различно возило...кангото го носиме на редовен на секој 10.000 така ни рекоа, берлингото на секој 15.000....а иначе кај каишите на мотор(ребраст, клинест) на Партнер со 1.9д промена прва имаше на 210.000 км и тогаш прв пат осетивме потреба за промена на дискови......чинквеченто фиат прв ребрас на 90.000 и плочки на 65.000 ама кола возена о дпочетници и 95% тешка градска вожња.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Drive-r на 02 Септември 2014, 00:00:21 am
Во врска со сервисните интервали би сакал да кажам дека во Македонија не се толко лоши условите како што се обидуваат да ги представат увозниците со нивните сервиси. Доказ за тоа е што на никоја сервисна книшка или упатство од автомобил не ги пише интервалите што ги кажуваат. Или се кажуват устно или со некаков лист без печат и потпис. Еве ги моите искуства:

Хит Ауто поранешен дистрибутер за Renault
-захефтен лист без печат и потпис и пречкртан дел од текст
-ако е така како што пишува зошто не ставиле печат или да ја испечатиле гаранцијата со правилните километри
(http://i.imgur.com/1i5N0mW.jpg)
(http://i.imgur.com/RphzuQe.jpg)
Плус на сите други потрошни делови ме убедуваат да ги менувам на пола интервал(ако ребрест каиш пише дека се менува на 120 000 км ме убедуваат да го сменам на 60 000)

Опел
-Во упатството за употреба за Македонија е напишано на секои 30 000 км, во гаранцијата и во продолжената гаранција ништо не пишува, а кога ја подигав колата ми рекоа на секои 7 500 км
(http://i.imgur.com/mUal06q.jpg)



Слично како што планирам во блиска иднина да му правам, ама лично.

Промена на 2 год. или 15.000км, притоа обрнувајќи на маслото кога ќе го купам да има уште рок мин. 2 год.
Оваа примена само со фул синтетичко масло!
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darkserial на 25 Февруари 2023, 23:11:34 pm
Ај да ја отворам пак темава ;D

Препорака совет искуство за:

Golf 5 1.9 tdi
Возам по 4-5000 км годината.
Ставам масло 5w-30 Long Life 504 507.

На колку време да сменувам масло, филтер полен, маслен, воздушен, гориво?
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: n1kola на 25 Февруари 2023, 23:23:39 pm
Јас лонг лајв што го ставаш би го менувал на 1.5-2 години или би ставал 5w 40 и би го менувал еднаш годишно . Филтри јас лично не ги менувам порано од 2 години, освем маслениот секој сервис нормално.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: darkserial на 02 Јуни 2023, 00:51:32 am
Филтер гориво сменив пред една и пол година, со големиот сервис сменив се.
Имам поминато 8000км и сега ќе правам пак мал сервис, ќе сменам масло и филтер масло и филтер воздух.
Дали има потреба да сменувам и филтер гориво? Или наредниот мал сервис? ;D
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Nandor The Relentless на 02 Јуни 2023, 00:53:14 am
Ситни пари се, дамуеам, смени...
Јас вртам тоа на ресет секоја година (иако ми рекле "шочети...")
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: nestor04 на 02 Јуни 2023, 01:34:03 am
Зависи, јас Ридекс филтер за астрата зедов за 2 ипол евра. Другар од тука купи филтер Хенгст за поло бензин 1400 денари. Преку еден сервис јас мислам да се менува, најдобро е за џебот така.
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Busav на 02 Јуни 2023, 10:42:53 am
За фиат дукато 3800 е филтер за нафта :(
На овој сервис го сменив и се зафркнав пошто беше како нов ,нафта ставам на црна река пошто имам кеш бек :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Nandor The Relentless на 02 Јуни 2023, 19:52:01 pm
За фиат дукато 3800 е филтер за нафта :(
На овој сервис го сменив и се зафркнав пошто беше како нов ,нафта ставам на црна река пошто имам кеш бек :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Те тера некој тенџериња да возиш...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Busav на 02 Јуни 2023, 19:57:20 pm
За фиат дукато 3800 е филтер за нафта :(
На овој сервис го сменив и се зафркнав пошто беше како нов ,нафта ставам на црна река пошто имам кеш бек :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Те тера некој тенџериња да возиш...
Барем не е шкода

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Nandor The Relentless на 03 Јуни 2023, 02:05:22 am
За фиат дукато 3800 е филтер за нафта :(
На овој сервис го сменив и се зафркнав пошто беше како нов ,нафта ставам на црна река пошто имам кеш бек :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Те тера некој тенџериња да возиш...
Барем не е шкода

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Чичин, ако немаш добра плата, тоа не е моја кривица изопште и уопште.
Види, разгледај, може треба да смениш нешто во животот.
Доста беа грнци, ваганци и лонци...
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Busav на 03 Јуни 2023, 02:06:37 am
За фиат дукато 3800 е филтер за нафта :(
На овој сервис го сменив и се зафркнав пошто беше како нов ,нафта ставам на црна река пошто имам кеш бек :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Те тера некој тенџериња да возиш...
Барем не е шкода

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Чичин, ако немаш добра плата, тоа не е моја кривица изопште и уопште.
Види, разгледај, може треба да смениш нешто во животот.
Доста беа грнци, ваганци и лонци...
Собим точак ке возам,шкода не возам

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: Nandor The Relentless на 03 Јуни 2023, 02:11:36 am
За фиат дукато 3800 е филтер за нафта :(
На овој сервис го сменив и се зафркнав пошто беше како нов ,нафта ставам на црна река пошто имам кеш бек :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Те тера некој тенџериња да возиш...
Барем не е шкода

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Чичин, ако немаш добра плата, тоа не е моја кривица изопште и уопште.
Види, разгледај, може треба да смениш нешто во животот.
Доста беа грнци, ваганци и лонци...
Собим точак ке возам,шкода не возам

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Никој не ти рече Шкода да возиш...
Туку да размислиш за животни одлуки.

NМА РАЗЛNKA
Наслов: Одг: Интервали на мали и големи сервиси
Поставена од: changetheoil savethecar на 20 Јули 2023, 22:54:04 pm
Intervali       1-------2-------3----4----5----6
MASLO         x          x         x     x     x     x
F-MASLO      x          x         x     x     x     x
F-POLEN       x          x         x     x     x     x
F-VOZDUH                x               x            x
F-GORIVO                           x                  x