Значи овој проблем е стварно тешко да се докаже, кога бев на одмор зошто бевме 4 души во кола се случуваше полесно веројатно, сега е малце потешко, но се случува повторно. Пробав денеска околу 20-30 минути низ Скопје, но неможев да најдам гужва а и веќе беше 16 часот па си тргнав за накај Велес. Во Порше им реков дека следен пат кога ќе го добијам проблемот ќе отидам до кај нив да видат, друго немаше што да се прави. А сигурен сум дека знаат што е проблемот одприлика.
Со еден другар кој што е механичар правев мубает и негово мислење е дека направиле грешка кога ми го смениле замаецот што не го смениле и сетот ламела и потисна со него, он мисли тоа дека е проблемот, но дека се јавил малце покасно заради тоа што колата е релативно благо возена и повеќе на отворено. Е сега ако е тоа проблемот е доста лошо зошто мое мислење е дека е нивна грешка уште тогаш, нивно мислење нема да биде тоа сигурно
Инаку гледам Лошко има малце помешано со километражата. Значи колата моментално има 93521км и на 24609км е сменет двомасниот замаец, додека сеуште ја возам првата ламела и потисна. А за тоа дека веќе тешко да купам ауди им кажав уште кога ја оставав колата, каде што и одговорниот за сервис призна дека проблемот со кумплугот на овие А4 е стварно доста чест и изразен.