Автор Тема: Тресење при тргање со загреано возило  (Прочитано 16147 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #45 на: 22 Август 2013, 14:40:15 pm »
Мислам дека опцијата до овластен сервис во Србија на пример ти е добра варијанта за почеток, малку ќе те кошта патот и проверката, но сепак овластен сервис се и сигурен сум дека одлично ги познаваат колите. Па друго е кога од двајца ќе добиеш мислење.

А тоа не сум сигурен дека ќе бидат баш чисти со гаранцијата, кога ти цело време си го пријавувал проблемот. Работата е да се најде причинителот на проблемот, па после доколку овластениот од Србија ти издаде документ за ова, тешко дека нашиве така лесно ќе се исперат пред Главната централа.


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #46 на: 22 Август 2013, 15:38:42 pm »
Abe gledaj da si go resis problemot, batali sudski procesi i DPI, plati si na drugo mesto privatno i sredi ja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Re: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #47 на: 22 Август 2013, 16:33:21 pm »
Tezok problem za dokazuvanje e . Eve 30 min sum niz skopje perfektno raboti kolata, koa ke stasam u veles ke pocne da dupi. Marfi :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #48 на: 22 Август 2013, 16:40:02 pm »
Веројатно треба време да загрее ламелата. Веројатно нешто не лежи како што треба и доаѓа до пребрзо трошење на некои склопови. Колава би требало да помине околу 250.000км со оригналниот сет замаец и кумплуг, а кај тебе поминува 30.000 што е скоро 10 пати помалку од предвиденото. Фабричка маана која во МК не се способни да ја отстранат, и заради која ќе ти се одмили колата.

Мислам дека најмногу што можеш е да му кажеш дека не си задоволен од нивната услуга и од нивниот сервис, и дека следната твоја кола ќе биде Мерцедес/БМВ

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #49 на: 22 Август 2013, 17:32:49 pm »
Како и да е доколку треба да се мења сет јас тоа не би го правел во официјалниот сервис, дечките се неспособни..

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #50 на: 22 Август 2013, 17:39:41 pm »
Од каде знаеш дека се неспособни? Не е фер и не е добро да се шират неосновани муабети односно клевети...
Него тоа се прави на малку покултурен начин...
Саше пријавил дефект...
Кога ја земал колата требал да побара написмена потврда за тврдењето дека колата е во беспрекорна состојба и дека нема никаков проблем, што е проверено и каква интервенција и проверка е направена, под кој услови итн итн...
Со еден начин работен налог дека возилото е во исправна состојба и покрај пријавата на корисникот за проблемот...
Само така имаш официјален документ врз основа на кој во некоја понатамошна ситуација можеш или не можеп да обвиниш некого, односно да покренеш некаква постапка...
Се друго од типот рекла казала муабет, ала Куоре, можеш да Окачиш мачку о реп, што би рекле србите...

Поздрав и убаво попладне...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #51 на: 22 Август 2013, 18:50:10 pm »
Сале, муабетот не е рекла казала, мислењето е стекнато од искуство со два нови фолксвагена претходно елаборирани. За да окарактеризираш нешто треба внимателно да пратиш кој какви искуства имал со дотичниот сервис.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #52 на: 22 Август 2013, 21:41:07 pm »
Значи овој проблем е стварно тешко да се докаже, кога бев на одмор зошто бевме 4 души во кола се случуваше полесно веројатно, сега е малце потешко, но се случува повторно. Пробав денеска околу 20-30 минути низ Скопје, но неможев да најдам гужва а и веќе беше 16 часот па си тргнав за накај Велес. Во Порше им реков дека следен пат кога ќе го добијам проблемот ќе отидам до кај нив да видат, друго немаше што да се прави. А сигурен сум дека знаат што е проблемот одприлика.

Со еден другар кој што е механичар правев мубает и негово мислење е дека направиле грешка кога ми го смениле замаецот што не го смениле и сетот ламела и потисна со него, он мисли тоа дека е проблемот, но дека се јавил малце покасно заради тоа што колата е релативно благо возена и повеќе на отворено. Е сега ако е тоа проблемот е доста лошо зошто мое мислење е дека е нивна грешка уште тогаш, нивно мислење нема да биде тоа сигурно :)

Инаку гледам Лошко има малце помешано со километражата. Значи колата моментално има 93521км и на 24609км е сменет двомасниот замаец, додека сеуште ја возам првата ламела и потисна. А за тоа дека веќе тешко да купам ауди им кажав уште кога ја оставав колата, каде што и одговорниот за сервис призна дека проблемот со кумплугот на овие А4 е стварно доста чест и изразен.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #53 на: 22 Август 2013, 21:53:01 pm »
Не е само до Ауди проблемот, сите коли со двомасен замаец се поприлично осетливи на ова. Новите технологии со хидраулични куплунзи, двомасен замаец итн...што би требало да го направат возењето удобно неретко се случува сосем спротивното.

За сметка на ова вградуваат помалку квалитетни зглобови и менувачи од причина што дцомасниот замаец е тука да ги прими сите "удари".

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #54 на: 23 Август 2013, 08:43:40 am »
Не е само до Ауди проблемот, сите коли со двомасен замаец се поприлично осетливи на ова. Новите технологии со хидраулични куплунзи, двомасен замаец итн...што би требало да го направат возењето удобно неретко се случува сосем спротивното.

За сметка на ова вградуваат помалку квалитетни зглобови и менувачи од причина што дцомасниот замаец е тука да ги прими сите "удари".
Moже да пратиш линк за ова?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #55 на: 23 Август 2013, 10:50:59 am »
А тебе ти треба линк? Малку логика, стави на кола што е предвидена со ДМФ, СМФ и ламела со пружини, вози ја ко ненормалнен и ќе видиш што ќе се случи. Исто како и ремапот, после него веднаш ќе дознаеш која е слабата карика во преносот.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #56 на: 23 Август 2013, 11:06:29 am »
А тебе ти треба линк? Малку логика, стави на кола што е предвидена со ДМФ, СМФ и ламела со пружини, вози ја ко ненормалнен и ќе видиш што ќе се случи. Исто како и ремапот, после него веднаш ќе дознаеш која е слабата карика во преносот.

Сепак ми треба доказ.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #57 на: 23 Август 2013, 13:39:56 pm »
Првпат слушам, а би било фино доколку има некое истражување за тоа. Двомасните замајци често стануваат едномасни при замена од економска гледна точка, што страда тогаш?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #58 на: 23 Август 2013, 14:32:46 pm »
Цитат
....The dual mass flywheel is an aid to making the gear change on your car lighter and more positive while also making the engine and gearbox smoother and quieter. So how does it work, in order to make an engine smoother you need to increase the mass of the flywheel but as you do this the mass of the gear train effectively becomes less as a proportion of the total mass that is in motion and you will get noise, rattles and vibration from the gear train, in order to get round this you would traditionally have increased the mass of the gear train which in turn would mean that the syncro’s (the brake that matches the speed of the gears that are about to be engaged) also had to become stronger and there fore the gear change becomes heavier and more agricultural. To get round this you have to increase the mass of the gear train without increasing the mass of the gears, this is done by splitting the flywheel into two separate masses (hence the name “dual mass flywheel”), one mass that is attached directly to the engine and one mass that is attached directly to the input shaft of the gearbox, these two halves are then separated from each other by a damper which stops the natural vibration of a large high capacity, high compression engine being transferred to the gearbox. ...

http://www.alfaworkshop.co.uk/alfa_dual_mass_flywheel.shtml


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Тресење при тргање со загреано возило
« Одговори #59 на: 23 Август 2013, 16:39:08 pm »
Добро четиво. Но јас тебе те сватив дека


За сметка на ова вградуваат помалку квалитетни зглобови и менувачи од причина што дцомасниот замаец е тука да ги прими сите "удари".

Не се сложувам со тврдењето дека се вградуваат помалку квалитетни менувачи  во однос на SMF.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need