Убавите софтвери за дијагностика имаат и графички приказ на параметрите (графиконче), па може да се прати како реагира ламбда сондата. Во работа, во зависнот од тоа во кој режим работи моторот, додавање - одземање на гас, може да ги прати реакциите на ламбдата. Одма ќе се види дали таа дава грешни резултати или резултатите што ги дава се последица на катализатор кој не функционира. Она што сакам да ти го кажам е дека можеби има пребогата или пресиромашна смеша, па тоа да се одразува на работата на сондите, и параметрите да излегуваат вон доменот на нормална работа на сондите.
Таков случај имав јас со плинскиот уред, си играв малце со мапите за плин за да добијам подобар риспонс при ниски вртежи, а добив упален чек енџин, со грешка за ламбда сонда. На крај поминав со џабе сменета ламбда сонда, после која повторно се појави чек енџин, се` додека не го рекалибрирав плинскиот компјутер.
Затоа прво една убава квалитетна дијагностика пред да превземаш било каква акција од типот менување сонди и вадење (промена) на катализатори. Инаку, катализаторите се отвораат и се става ново саќе на место на старото, а можеш и комплет нови заменски катализатори да ставиш.