Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цитат: zeroSignal на 19 Декември 2013, 11:17:54 amАј шит ју нот, официјална маркетинг кампања на Опел за Адам:(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Мислам дека ни Фаланга не може да го одбрани ова.Ни фаланга неможе да влезе во тоа.
Ај шит ју нот, официјална маркетинг кампања на Опел за Адам:(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Мислам дека ни Фаланга не може да го одбрани ова.
Не зборуваме за љубовта кон животните. И јас сакам животни било какви. Зборуваме за јавната инволвираност на кучињата секаде и во секој момент. Тоа е тоа што не е дозволено. Јас детето не го носам секаде а камо ли па куче. Безвезно е да се прави муабетов, куче во ресторан, мислам дното на глупоста world wide.
Цитат: Deni на 19 Декември 2013, 11:21:19 am(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Zhiva glupost e postot, ama neka si sedi.
Јас не гледам причина зошто не би имало места каде што ќе биде дозволено да се влезе со миленик. Не секаде, туку обележано во кој локал може, а во кој не може.Читајќи ја дискусијава добив впечаток дека повеќето тука мислат дека ако е дозволено влегување со миленик, дека внатре од 20 маси на 16 би седеле кучиња. Не е така. Од моето искуство низ светов, таму каде што било дозволено влез со миленик, максимум да имало 3 и тоа кучиња и тоа во поголем ресторан.Прво е до културата. На човекот. Па после како ја пренел истата на миленикот. Или детето.Значи јас ако треба да излезам со сопругата во некој ресторан со пријатели, нема да ги земам децата со мене затоа што џабе сум излегол во ресторан со пријатели. Доколку пријателите имаат деца, идеме таму каде што е приспособено и за деца.Значи јас ако треба да излезам со сопругата во некој ресторан со пријатели, нема да го земам песот со мене затоа што сум излегол во ресторан со пријатели.Но се случило непланирано да сме на прошетка, па се оддолжила прошетката, па сакаме да седнеме да јадеме. Зошто во тој случај да нема објект каде ќе може ние да ручаме,а со нас да биде присутно кучето (пошто куче имам)?Мислам дека премногу оптимистички го сфативте тоа дека ако се дозволи такво нешто, па сега сите што имаат кучиња секој ден ќе почнат да се ранат во ресторани и да си ги влечкат кучињата или мамбите.БТЊ, за балканското размислување и менталитет, па и Србија е балкан, па ете од таму почна дискусијата.Јас сум 100% убеден дека повеќе човек ќе ти посмета во било каков локал отколку нечив миленик.И ќе споделам 2 примери.1. Седнуваме во Германија во традиционален ресторан во хотел од 5 ѕвезди. Седиме, муабетиме, јадеме. Влегува фамилија од 6 луѓе + куче (огромно, магаре, претпоставувам некоја Дога дека беше).Јас со колегата се погледнавме под око, а Германецот не примети и не праша што е проблемот. Му посочивме да го види тоа што ние го видовме. На тоа тој се насмеа и само рече, се’ додека не прави проблем кучето, тогаш нема никаков проблем. И за воља на вистината, после второто пиво, многу погласни беа мажјаците од 6-торката погоре отколку кучето што мрдна 2 пати со опашката. А дамбетер не изненади кога конобарот,му донесе вода во чинивче за кучиња од ресторанот.2. Сефте кога го земавме Оги (куче марка Ши-Цу, уште си го чуваме), сакавме да одиме на одмор со него. Тоа што беше тука од администрација, чипови си завршивме, па остана да бараме сместување. Пишавме мејл во еден хотел во Хрватска и напоменавме дека сакаме да претстојуваме со куче, марка Ши-Цу. Бевме многу инзенадени од одговорот, цитирам: - Почитувани, во нашето 15 годишно работење со хотелиерство ниту еднаш не се случило куче да поврати во лифт, да моча на скали, да се дере од тераса и да фрла пивски флаши во базен. Одтука, ќе ни биде задоволство да ве угостиме вас и вашиот миленик.Ете така.