Автор Тема: Во чест на Скопје  (Прочитано 3867 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Во чест на Скопје
« на: 26 Јули 2013, 08:50:04 am »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #1 на: 26 Јули 2013, 09:03:56 am »

Hajduk vcera...


« Последно менување: 26 Јули 2013, 09:25:03 am Stratro »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #2 на: 26 Јули 2013, 09:38:07 am »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #3 на: 26 Јули 2013, 09:39:44 am »
Hajduk vcera...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ја видов сликава вчера, кнедла ми застана во грло.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #4 на: 26 Јули 2013, 09:52:47 am »
50 години од смртта на Дедо ми димче, брат на дедо ми Миле и 50 годишнина од бракот на нејзините на жена ми ;D во шатор пред официрски дом ;D
Имам фотографија дома дедо ми Миле што го сликал дворот во Црниче, пукнатина во земјата широка пола метар и долга окулу 200 метри. Страшна работа било тоа.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #5 на: 26 Јули 2013, 11:21:41 am »
Дај сликата Миле...

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #6 на: 26 Јули 2013, 11:40:31 am »
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #7 на: 26 Јули 2013, 12:09:39 pm »
50 години од смртта на Дедо ми димче, брат на дедо ми Миле и 50 годишнина од бракот на нејзините на жена ми ;D во шатор пред официрски дом ;D
Имам фотографија дома дедо ми Миле што го сликал дворот во Црниче, пукнатина во земјата широка пола метар и долга окулу 200 метри. Страшна работа било тоа.

kade be u crnice? pred edna godina propadna zemjata kaj komsijata u dvor i toa pribajagi golema i dlaboka rupa... da ne zborime za istoto mesto :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #9 на: 26 Јули 2013, 15:14:48 pm »

Цитат
#СкопјеСеСеќава на многу приказни од земјотресот. Јас во срцето си ја носам приказната за дедо ми, раскажана од баба ми.
Ден пред земјотресот, дедо ми му ја продал старата куќа во Чаир на комшија Албанец. Му требале пари да ја доврши новата куќа што ја градел во Црниче. Утрината на 26 јули се срушил таванот и еден од ѕидовите на недоизградената куќа. Ѕидот им ги поклопил нозете на петте внучиња, за среќа без поголеми повреди. Дедо ми го расчистил хаосот и по неколку часа од катастрофата отишол да види што се случува со комшиите во Чаир. Старата куќа целосно се урнала, за среќа, празна. Го нашол комшијата, се изгушкале што се живи и му ги вратил парите од купопродажбата на куќата. За дедо ми бил неважен купопродажниот договор. Важно било дека двете семејства немаат дом. Му ги оставил парите на човекот за да изгради нова куќа на местото на урнатата.
Во периодот на згрижување на семејствата без домови, на дедо ми му понудиле барака во Тафталиџе затоа што старата куќа се урнала, а немал со што да ја догради новата. Ја одбил понудата велејќи дека помошта повеќе им е потребна на други семејства затоа што неговото семејство има барем темели...
Долги години по неговата смрт со боревме со недостатокот на простор за живеење за големото семејство. Ама, баба ми секогаш не потсетуваше на гордиот и чесен дедо. И со години го чуваше во плакарот тешкото дебело војничко ќебе, единственото нешто што дедо ми го земал како помош за настраданите во земјотресот, за да ги покрива ноќе внучињата што спиеле во „новата куќа“ без ѕидови и таван.
Скопје го сакам поради таквите како дедо ми.

Биби @The_Bibi_


Цитат
Активирај го земјотресот во себе. Сруши ги сите нестабилни кули од карти од 150 денари партија, карта на малограѓанштина или карта на голема република за малокурефци. Збриши ги бараките од предрасуди и стереотипи. Земи ги гневот и агресивноста и запали ги на ѓубриште. Сакај ги твоите, не свири на пешачки кога возиш и јади доста патлиџани и лубеница. Здроби ги бедемите кои егото ги гради за одбрана од минатите искуства кои се - минати. Живеј сега. Гради мостови повеќе од споменици. Гради ветерници. Биди Дон Кихот и не плаши се да згрешиш. Верувај. Претерувај. Оди до крај. Па почни пак од почеток. Пушти го земјотресот во тебе, нека истресе се на што не му е место во тебе. Надмини се себеси, биди суперчовек и постави го тоа како стандард, па труди се да го надминеш, повторно и повторно. Пушти му книжна десетка на заспан бездомник на тротоар, во внатрешен џеб, да се изненади кога ќе се разбуди. Почасти го комшијата пиво и ќебапи еднаш месечно. Купи ѝ цвеќе на жената во вторник, без причина, донеси и го дома во заби и земи ја во танго манир веднаш чим ти отвори врата. Пешачи и вози точак. Оди на театар, оди на Матка, оди по ѓаволите, оди некаде. Па пак врати се. Ова е твој дом.

Биди солидарен, биди брат, биди другар, биди човек. Изгради нов и подобар ти.
ЗЕМЈОТРЕСОТ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ
Бетмен

Цитат
После неполн час од ударот дојде војската од Куманово и ни се придружи во спасувањето. Со нив беше еден старешина Пере, не му го помнам презимето, кој буквално не знаеше да запре. Се протнуваше под плочите, копаше, ги вадеше циглите. Најлошо беше што можеше сè да се урне и нас да не затрупа. Но, во тие моменти, воопшто на тоа не мислевме. Кога дојде војската добивме некаква сигурност, некаква поткрепа дека не сме сами.

По неколку часови почнаа со камиони да доаѓаат доброволци од Прилеп, Тетово, Куманово и Велес. Проблем беше што и тие беа голораки, бевме без механизација. Дотогаш немавме видено булдожер. Прекината беше и струјата и водата. Војската со староседелците го понесе целиот товар на спасувањето. Така беше некаде до пладнето.
Скопје се сеќава на херојот кој спаси 36 луѓе

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #10 на: 26 Јули 2013, 15:16:14 pm »
Скопје се сеќава... Бранко е крив за земјотресот!
Добредојдовте во вестите на Сител.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #11 на: 26 Јули 2013, 15:17:40 pm »
Скопје памти.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #12 на: 26 Јули 2013, 17:20:19 pm »
Скопје веќе не е Скопје. Сега е Бејрут.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20210
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #13 на: 26 Јули 2013, 18:59:47 pm »
Која е зградата на првата слика?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Во чест на Скопје
« Одговори #14 на: 26 Јули 2013, 19:11:56 pm »
Офицерскиот Дом.