Сеа бива или не бива зимно време конечен одговор?
Почекај да дојде пролет, кога преку ден температурата е над 20 степени.
Штосот е фолиите да се "испечат" после лепење, односно да се изложени на директно сонце за да може лепакот под фолијата да се развлече по цела површина на стаклото под дејство на перманентно топлинско оптоварување.
Зимно време може да ги лепиш, ќе се исушат ама на првото појако сонце во лето може да ти се јават меурчиња затоа што фолијата е преднапрегната при лепењето. Во зима фолијата нема погодни услови за да се "рашири" на прозорот заради топлинско оптоварување, па при првото појако сонце фолијата што била залепено во зима ќе има резерва за да се рашири на стаклото и ќе ти се појават меури или набори.
Овие дилатации (собирање-ширење) на фолиите се мали, но доволно за да направат беља.
При лепење сите користат индустриски фен за да ги растегнат фолиите за да легнат убаво на прозор. Ама летно време после лепењето колата ја оставаш на сонце и фолијата постепено се лади додека не се стемни и го снема сонцето и тој процес трае неколку часа после лепењето, а зимно време фолијата се лади веднаш штом излезе од гаража кај монтерот.