Џандарот е тука да го спроведе законот. Не спроведува закон теничкиот преглед. Проблемот е што нема кој да го казни техничкиот преглед што издава документ за хомологација на возило, кое технички не ги задоволува законски пропишаните норми.
Исто така, никој не може тебе да те спречи, да однесеш на технички преглед законски затемнета кола, па после впишување на податоците во сообраќајна, да си ги смениш за црни вреќи.
Значи, без разлика што пишува во сообраќајната, законот јасно кажува која може да биде затемнетоста со фолии на стаклата. Со тоа, џандарот има право да те прати на дополнителен технички или на мерење, (во некои земји и со рачни мерачи на лице место) и ако се утврди поголема затемнетост од законски дозволената, тогаш треба да го папаш.
Е сеа, све е тоа теорија.. во пракса кај нас кој како ќе се снајде.