Автор Тема: 1.2 TSI 105  (Прочитано 41287 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #135 на: 17 Август 2013, 19:51:58 pm »
Колку што знам, различна е турбината. Може да грешам.

Па чим е иста кубикажата, а различна коњажата, или се зголемени максималните вртежи (што не ми се верува), или е поинакво турбото. Трето нема.

Или само различна електроника, а друго се исто.

Хмм...

Моќност (киловати или коњи) = момент * вртежи. Значи, за да се зголеми макс. моќнос, треба да се крене или макс. момент, или макс. вртежи, или и едното и другото.

Моментот може (колку што знам) да се качи на два начина: со зголемување на ефикасноста или со просто дотурање на повеќе гориво.

Ефикасноста може да се зголеми само со качување на притисокот кој го генерира турбината. Ако ова може да се регулира електронски - пеки.

Ако се модификува мапирањето, па се тура поише гориво - пак пеки.

За некој друг начин на вадење поише коњи од еден ист хардвер не ми текнува.

Може лупам глупости, од памет пишувам.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #136 на: 17 Август 2013, 19:56:25 pm »
можеби мапата на турбината е друга (други лопатки во однос на 85кс) + сменета мапа на компјутерот (зголемен притисок), а може и само мапа на компјутерот  (зголемен притисок).
Nm е единица за ефикасноста на моторот, а моќноста (вртежите) е работата која може да ја сработи моторот. Nm најлесно се зголемуваат со зголемен притисок на турбото...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #137 на: 17 Август 2013, 20:01:51 pm »
Според тебе једино логично е ако турбото е друго. А секако поефтино, поедноставно и често решение е само "чипивање" на послабиот или "detune" на појаката варијанта.

Bmw 116, 118 и 120d мислам дека се идентични, само софтверот е друг.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #138 на: 17 Август 2013, 20:08:10 pm »
ненеее, реков дека може да е и само мапата, мада ниедна друга фирма не прави такви фитни освен VAG. За дизел моторите на BMW сите до еден се различни! 118d ќе да беше со 1600 бари common rail, 120d со 1800 бари, 123d со 2000 бари.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #139 на: 17 Август 2013, 20:11:19 pm »
На филипв мислев, тапаталк не ми јави дека некој друг пишал у меѓувреме :)

Иначе 116д и 118д се само со различна мапа, за 120 не сум 100% сигурен.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #140 на: 17 Август 2013, 20:13:39 pm »
Nm е единица за ефикасноста на моторот

Не. Ефикасноста не се изразува во единици, туку како однос (најчесто процент)

А Nm е единица за вртлив момент.

а моќноста (вртежите)

Моќност е едно, вртежи се друго. Моќност се мери во вати, а вртежи се бројат во единица време (најчесто минута)

работата која може да ја сработи моторот.

Моќноста не е работата која може да ја сработи моторот, туку работата која може да ја сработи моторот во единица време. Мотор од 50 коња и од 500 коња ќе завршат иста работа - на пример, ќе качат кола на средно водно - но моторот од 500 коња ќе ја заврши истата работа за пократко време.

На филипв мислев, тапаталк не ми јави дека некој друг пишал у меѓувреме :)

Епа тогаш не си прочитал внимателно што пишав, пошто и самиот го посочив мапирањето. Прочитај уште еднаш.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #141 на: 17 Август 2013, 20:15:17 pm »
за овие што ти ги набројав, убризгувањето е сигурно така, за друго нешто дали е сменето стварно не ми текнува, има неколку години од кога искочија...

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #142 на: 17 Август 2013, 20:22:59 pm »
Nm е единица за ефикасноста на моторот

Не. Ефикасноста не се изразува во единици, туку во релација (најчесто процент)

А Nm е единица за вртлив момент.

а моќноста (вртежите)

Моќност е едно, вртежи се друго. Моќност се мери во вати, а вртежи се бројат во единица време.

работата која може да ја сработи моторот.

Моќноста не е работата која може да ја сработи моторот, туку работата во единица време која може да ја сработи моторот. Мотор од 50 коња и од 500 коња можат да завршат иста работа - да качат кола на средно водно - но моторот од 500 коња ќе ја заврши истата работа за пократко време.

На филипв мислев, тапаталк не ми јави дека некој друг пишал у меѓувреме :)

Епа тогаш не си прочитал внимателно што пишав. Прочитај уште еднаш.
а сега и предавања ке си држиме за единиците од SI системот? :)
1. Кога е најефикасен моторот? Кога има најголем вртежен момент.
2. Моќноста е функција од моментот, а бидејќи вртежите се мерат во вртежи во минута (времето не се менува), се менуваат вртежите. Со тоа моќноста е зависна од вртежите. Односно моќноста ќе се зголемува до оној момент кога  моментот (кој опаѓа со вртежите) е толку мал, да ако вртежите продолжат да се зголемуваат, крајниот резултат во формулата за моќност, константно ќе се намалува....

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #143 на: 17 Август 2013, 20:32:59 pm »
а сега и предавања ке си држиме за единиците од SI системот? :)

Епа јеби га, кога ќе кажеш дека Nm се мерка за ефикасност, морам да реагирам :-)

1. Кога е најефикасен моторот? Кога има најголем вртежен момент.

Апсолутно неточно, особено неточно кај атмосферски бензинци кои имаат најголем вртлив момент високо во вртежите. Тогаш ни случајно не се најефикасни.

Моторот е најефикасен кога со најмало можно количество гориво завршува најголема можна работа, а тоа е кога паразитските загуби на енергија се најмали, а паразитските загуби растат пропорционално со вртежите. Моторот е најефикасен кога работи во најниските можни вртежи за зададената задача, бидејќи тогаш коефициентот на полезно дејство е најголем затоа што загубите се најмали (поради најмалите можни вртежи).

Замисли обичен, атмосферски бензинец. Кога ќе биде поефикасен? На 5000 вртежи (макс момент!) во трета или на 2000 вртежи во петта?

Моќноста е функција од моментот, а бидејќи вртежите се мерат во вртежи во минута (времето не се менува), се менуваат вртежите. Со тоа моќноста е зависна од вртежите.

До тука си добар, но...

Односно моќноста ќе се зголемува до оној момент кога  моментот (кој опаѓа со вртежите) е толку мал, да ако вртежите продолжат да се зголемуваат, крајниот резултат во формулата за моќност, константно ќе се намалува....

...моментот опаѓа со вртежите само кај дизелите. Кај бензинците расте (атм) или останува ист (турб).

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #144 на: 17 Август 2013, 20:49:23 pm »
Ако сакаш стручно да праиме муабет тука на форум не е проблем, машински имам завршено, само неќам да ги замарам другите со ТЕОРИЈА која не е многу разбирлива за другите, а и не ги интересира... Апсолутно не си во право по никоја точка.

Очигледно не си видел мапа на бензинец, поготово на АТМОСФЕРЕЦ. Једино VTEC успева да го задржи моментот...

Моторот е најефикасен на ПИКОТ на Nm, под тоа најефикасен се подразбира полезно дејство, те. за количество дадена енергија,колку енергија ќе добиеме. Во превод, ова што ти го кажа во пракса Е точно, но МАТЕМАТИЧКИ не е, поради тоа што ако колата како што пиша ти, ја возиш на ПИКОТ на Nm, кај моето ауто е 3400 RPM, тоа не значи дека моторот најмалку ТРОШИ , туку најмалку троши во однос на тоа колку може да СРАБОТИ (повлече). Во пракса моторот најмалку троши на лер гас, но е НЕМОЌЕН да напраи ништо поише од тоа едвај да ја помери колата, што значи горивото за тие обртаи он го троши само за да ги совлата своите загуби и да му остане уште некој процент колку да работи мирно и да го врти алтернаторот.

Поради ова се што горе ти го наведов, производителите речиси секогаш, последната брзина од менувачот ја прават да биде точно негде кај максималниот момент на моторот, при дадена брзина отприлика 120-130км/ч

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #145 на: 17 Август 2013, 20:55:27 pm »
ок нека не преселат модераторите во соодветна тема, па ќе продолжиме

Но, морам да кажам дека сум фрапиран што некој кој има завршено машински може да каже дека 1. ефикасноста се мери во Nm, 2. да ги изедначи моќноста и вретежите, за на крај да финишира со тоа дека 3. моќноста е работата која ќе ја заврши моторот.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #146 на: 17 Август 2013, 20:55:54 pm »
http://www.wentec.com/unipower/calculators/power_torque.asp
Пробај на овој калкулатор, да си видиш колкав ти е моментот при максималната моќност, и спореди го со пикот, па кажи кој е поголем ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #147 на: 17 Август 2013, 20:58:25 pm »
Ве молам не се расправајте за електронски разлики во модели. Постојат и тоа е поприличен факт. Филип немаш основа за мауетот дека се различно.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #148 на: 17 Август 2013, 20:58:42 pm »
ок нека не преселат модераторите во соодветна тема, па ќе продолжиме

Но, морам да кажам дека сум фрапиран што некој кој има завршено машински може да каже дека 1. ефикасноста се мери во Nm, 2. да ги изедначи моќноста и вретежите, за на крај да финишира со тоа дека 3. моќноста е работата која ќе ја заврши моторот.
овде не сме на прадавања, нит на полагање, нит има публика која ги интересира дефиниции, туку реални 'селски' муабети кои секој може да ги разбере. А ако сакаш за термичка ефикаснот, коефициенти, ИТД, поготово на тема мотори СВС, нема проблем, се ќе ти биде објаснето. BTW прашај ги професорите од МФС што предваат мотори СВС, на чија дипломска останнаа подзинати ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #149 на: 17 Август 2013, 20:59:58 pm »
Филип немаш основа за мауетот дека се различно.

ти прочита воопшто што напишав погоре, или?