Автор Тема: Изгубен/украден клуч. Што сега?  (Прочитано 6770 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Изгубен/украден клуч. Што сега?
« на: 22 Јули 2013, 08:45:30 am »
Вчера, за време на роденденската прослава на син ми (фала!), мистериозно ми исчезна клучот од кола. На клучот пишува „Нисан“, а кај мене на паркинг нема друг нисан, така да на „пронаоѓачот“ на клучот нема да му треба долго време да сфати која кола може да ја отклучи и провози.

Колата е „Каско“ осигурана, но сепак неќам да ми ја украдат.

Што да правам? Има ли начин да се - штознам - смени кодот на клучот за овој украдениов повеќе не може да се користи?

Дали да пријавам во полиција?

Дали да пријавам во „нисан/рено“?

Како би постапиле вие?

Секој совет е добредојден.

Отсутен nevian

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 248
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #1 на: 22 Јули 2013, 08:48:33 am »
Провери си низ дома, син ми ги “суреди„ клучевите во сифонот за одвод во купатило :) Ги барав цели 3 саати. Убаво претреси си под кревети под гарнитури, во кујна и тн. а и види си во купатило :)
"Its one thing to understand how to bolt aftermarket parts to your car. Its another thing entirely to understand how they all work together."

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #2 на: 22 Јули 2013, 08:49:07 am »
Незнам за твојот случај со клучот, но ке спорелам мислење за 206-ка.
Ако го смениш кодот на клучот, нема да можеш да ја запалиш колата, но затоа можеш да отклучиш се, претпоставувам дека е истото и за твојата кола...
Пошто механички се отклучува, со брцање на клуч во бравата...
Е сега он ако сака да ти ја краде колата, ке вергла ама нема да запали...

Единствено доколку не сакаш да менуваш брави и клучеви и кодови у комплет, стави си еден поквалитетен аларм...
Или па да најдеш комплет од друго возило...

Или па ко мистер бин да си ставиш катанче :D :D :D
Шала на страна...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #3 на: 22 Јули 2013, 09:26:41 am »
ФИЛИП, ЏАБЕ КАСКО. Мора да им ги предадеш клучевите од колата при евентуална случка, ако ги немаш двата... Многу ќе опадне премијата. консултирај се веднаш со упатени лица за ова.

јави се во нисан за промена на клучеви, само очекувај голема сума.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #4 на: 22 Јули 2013, 09:30:30 am »
ФИЛИП, ЏАБЕ КАСКО. Мора да им ги предадеш клучевите од колата при евентуална случка, ако ги немаш двата... Многу ќе опадне премијата. консултирај се веднаш со упатени лица за ова.

јави се во нисан за промена на клучеви, само очекувај голема сума.

Значи, доволно е некој шапшал да ти стопи клуч и го јадеш у секој случај? Ебате таквото осигурање :-(

Сеа ќе вртам у нисан да видам колку ќе ме израдуваат

%!$@&^#%$!&#^%!$&@%

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #5 на: 22 Јули 2013, 09:32:19 am »
Веројатно ќе треба да се смени бравата, имобилајзерот и ECU-то, па да се добијат нови кодирани клучеви. Нови брави на вратите веројатно исто така.

Не звучи разумно евтино.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #6 на: 22 Јули 2013, 09:35:51 am »
Brat mi go izgubi klucot od Corsa D, vo olimpija ni pobaraa 3500 den so toa sto se cekase 2-3 nedeli.Po klucari prasuvav od 3000 do 4500 mi kazuvaa ceni a vo Panevski&Sinovi vo Kumanovo duri 7500.Posle eden mesec go najdovme vo krevet zbutan :)
Druze sepak mislam nikoj nema da ti krade kluc na rodendeska zabava,prevrti se naopaku ke izleze nekade

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #7 на: 22 Јули 2013, 10:00:24 am »
Со оглед на тоа што било родененденска забава на син ти(нека е жив и здрав), не верувам дека некој ти го украл бидејќи луѓето што си ги викнал и присуствувале се твои луѓе што ги знаеш. Не знам колкав е син ти, но ако е помал и имало помали дечиња, ништо чудно да е зафрлен некаде, пошто се заиграле. Земи пребарај убаво по дома, како што ти пишале погоре, ама и отпочни си процедура за мењавање клуч, односно код. Иначе, не верувам дека ќе треба да менуваш брави, туку само имобалајзерот и централното ќе се репрограмираат(или како и да се вика тоа) да читаат друг код. Или пак, само бравата од возачката врата ќе треба да се смени, пошто мислам дека веќе на сите нови возила има само една брава.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #8 на: 22 Јули 2013, 10:03:59 am »
веројатно клучот е со кодирано палење и е пријавен во еку-то на компјутерот.
Процедурата е следна:
Одиш во овластен сервис, им кажуваш дека ти фали кључ, а со себе го носиш резервниот.
Они го одјавуваат изгубениот од централата а го оставаат само резервниот. Во меѓувреме си нарачуваш нов клуч, па кога ќе стигне новиот клуч, повторно со двата клуча процедура на пријавување на новиот клуч на центрлата.

Среќниот „наоѓач“, освен што може да ти ја отвори колата, друго не може да напраи. Уствари може и на шлеп служба да ти го качи аутото.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #9 на: 22 Јули 2013, 10:07:11 am »
Роденденот беше во локалниот кафич. Покрај нашите гости, имаше и две-три маси со други гости, неповрзани со роденденот.

И јас мислам дека не е украден, туку некаде забатален. Проблемот е што не можам да бидам 100% сигурен. И го нема. Синоќа со газдата на кафичот го претресовме цел кафич, маси, шанк, под, вецеа, дворчето надвор... Го нема.

Во нисан ми бараат 15.000 денари за нов клуч. Не е проблем за парите, проблем е што АКО клучот е украден и ако овој новиот е трет функционален клуч, тогаш каското не ми важи у случај да ја снема колата.

За комплет мењање брави, имобилајзери, чуда и добивање два скроз нови клуча ми бараат 1500 евра :-\ И тогаш ми важи каско.

Крф му јебем да му се изнаебем.

Не знам дали има поента да пријавувам у полиција?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #10 на: 22 Јули 2013, 10:10:02 am »
Мора да постои начин да се избрише изгубениот клуч. Конкретно јас имам за алфата еден таков, изгубен па најден (трет) кој бил одјавен од централата. Со тој не може да ја заплам колата. Не ни можам повторно да го пријавам еднаш одјавениот клуч.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #11 на: 22 Јули 2013, 10:11:13 am »
Не ми спомнаа таква варијанта у нисан. Ај уште еднаш ќе ги потрпрашам.

Како ќе го „избришат“ изгубениот клуч? Тој и резервниот не се електронски идентични?

Претпоставувам дека со така „избришан“ клуч нема да работи даљинско отклучување/заклучување? Ќе „работи“ само механички ако се брцне у брава, така?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #12 на: 22 Јули 2013, 10:15:33 am »
15.000 денари?

Whoa.

Интересен ми е моментот со каското - ако е изгубен/украден клучот, Каското не важи?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #13 на: 22 Јули 2013, 10:17:26 am »
Јас сметам дека клучот се наоѓа дома, или во домот на некои од пријателите земен по грешка.

Не ми спомнаа таква варијанта у нисан. Ај уште еднаш ќе ги потрпрашам.

Како ќе го „избришат“ изгубениот клуч? Тој и резервниот не се електронски идентични?

Претпоставувам дека со така „избришан“ клуч нема да работи даљинско отклучување/заклучување? Ќе „работи“ само механички ако се брцне у брава, така?
Ноооооооу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Изгубен/украден клуч. Што сега?
« Одговори #14 на: 22 Јули 2013, 10:18:05 am »
Не се идентични. Имаат уникатен код. Во софтверот на имобилајзерот или ECU-то се авторизира кои клучеви со уникатен код можат да добијат автентикација да го запалат возилото. Нешто како MAC address филтеринг, ти се разбираш во тие работи.

А веројатно ќе биде паметно да пријавиш во полиција, за да постои записник дека е украден. Недај боже да ти затреба за каското