Јас лично до сега имам само позитивни искуства со ЕКТО горивата на Лукоил.
На VW Caddy (Cargo), со пројдени накај 280000 за три години, почнав да турам ЕКТО Дизел, и нема разлика во перформанси (као појако или поживо или нешто), НО не ни може да се очекува драстична разлика во перформанси, пошто е 2.0 SDI со 75 коња или така нешто, па да га еем... Што перформанси да очекуваш од тракторче?? МЕЃУТОА, потрошувачката се има намалено за некој процент. Тоа го приметувам одма, пошто знам колку ми требало претходно за одредена тура, и сега го проаѓа истиот пат, а останува повеќе гориво... ПОДОБРЕНА ПОТРОШУВАЧКА - CHECK!

На Mitsubishi Lancer 1.5, пројдени 24500 за три години, почнав да ставам ЕКТО Спорт 98, и барем до сега, имам САМО позитивни реакции од колата. Поживчана е, повеќе трза, дури мислам дека малце и звукот се има сменето, а потрошувачката пак ми е на истото ниво како претходно.
Тоа се моите искуства со ЕКТО горивата. До сега сум пунел строго на Макпетрол, арно ама, после ова, пунам строго на Лукоил.
--
Што се однесува за нивните горива, и потеклото... Му верувам на ЖилеПунто на муабетот, пошто правев муабет со штипјани, и баш они ми кажуваа дека масивна пратка иде во Штип, во резервоарите таму, па потоа се дистрибуира низ МКД. Ако некој проаѓа покрај Штип, накај Кочани, кај што е двоењето за Терминалот, има 4 огромни резервоари, што се троа тешки за промашување, така да... Мислам дека држи вода а?
