Нафтената компанија „Лукоил“ Македонија, за прв пат на Балканот денес го промовираше новото енергетски ефикасно и еколошко гориво „Екто“.
Продажбата на горивото почнува од утре, а цените на трите вида горива ќе бидат како на стандардизираните горива.
Бензинот „Екто плус“ е соодветен на стандардот Еуросупер БС 95, „Екто спорт“ на Еуросупер БС 98, а „Екто дизел“ на Еуродизел БС.
Сите три горива ја зголемуваат моќноста на моторот и ја намалуваат потрошувачката на гориво, а воедно и значително го намалуваат количеството на штетни материи за околината.
„Имајќи го во предвид фактот дека во македонија се користат многу стари автомобили со дизел мотори, на нашите бензински паралелно ќе се продаваат и „Екто“ дизел и стандардниот Еуродизел БС„, соопшти генералниот директор на „Лукоил“ Македонија, Андреј Куку.
http://tocka.com.mk/index12.php?ID=43652