Хмм, изнапишав малце подолг пост, ми го снема нешто.. Ај сеа истото у кратки црти:
Јас би бирал 1.4 или 1.8. 1.4 иде скоро исто (исто) како 1.6 (брзо по ставање на 1.4 го исфрлија од понуда 1.6), а троши драстично помалку, разликите во забрзувањето од 0-100 е затоа што со 1.4 мора во 3-та да стигнеш до 100, а со 1.6 може и со втора, но во реалноста не е побрз.
1.8 е солидно побрз од 1.6, а троши скоро исто како 1.6 така да тоа е играта.
Со 1.8 и ентузијастичко возење, очекувај 10-11 литри градска, со 1.4 не повеќе од 9. Жена ми редовно вади 8,2 градска, што може да се смета за нормално возење (не е желка у сообраќај, да се разбереме

За дизели, би го бирал 140 кс мотор. и 115 е ок, али никако 80кс. Исто и за бензинец, никако 1.2
Што се однесува до остатокот на возилото, треба да се провери:
Предни стабилизатори, задни чаури на полукрута осовина, обавезно амортизери, држачи на мотор, евентуално да се врзе на компјутер, да се провери да не има некоја перманентна грешка (ербези, can-bus и сл). 1.6 е познат по проблеми со тротл боди, мада повеќе немале отколку што имале проблеми. Коили-те за свеќици знаат исто да бидат проблематични на првите серии (sagem коили).
Воглавно е здраво ауто, лесно за одржување, без многу пропусти при дизајнирање на некои решенија. Проверена mcpherson предна суспензија и полукрута задна оска. Доволно простор во гепек, а ако ги смениш звучниците (фабричкото радио е ок), ќе добиеш и солиден звук, добро е акустички средено
