Нема што да му ја мислиш, носи ја на проверка во овластен сервис и толку . Проблемот е што ќе треба да одите во Скопје, ама сепак ќе вреди.
Мотори како мотори се одлично покажани ако се добро одржувани (редовно менувано синтетичко уље), ламелата треба да се види што е како е, како и двомасниот замаец да не е сјебан, значи никакви звуци со или без притиснато педала за куплунг, во висока брзина на ниски вртежи никакво тресење несмее да има ...
Да се провери да не дими многу и постојано, пошто може да е зезнат EGR вентилот или пак некое црево дупнато ... Никакви грешки на шал-табла, и при давање контакт да си забележиш дали сите сијалички светат т.е. се прави дијагностика на се ...
Стилото во принцип нема некои проблеми со суспензијата но ти провери си на нерамен пат да не тропка лупа нешто ... Види ги дисковите во каква состојба се ... Забрзај ја колата, стави ја во неутрална брзина и прикочувај малку да видиш да не занесува на некоја страна...
Всушност ова се работи кои треба да ги знаеш за секоја кола пред да купуваш
едно знај, за менување сијалица во фар колку што се сеќавам, треба да се вади цел браник