не ми е јасно кој ви дава за право (на сите, не само за симо и златко) да одлучувате што е фејк, што е добро, што е ужас а што одлично? вашето логично перцепирање на вкусот ваш личен? тој ви е мерилото?
Зошто некој би ни` го одземал правото на коментирање за естетските вредности на промените што ги направил? Естетиката има некои (лабави) правила, кога тие правила ќе ги нарушиш веќе не е естетски прифатливо. Тогаш излегува од таа рамка и влегува во други рамки: невкус, кич, фејк и сл.
се она што се постира за фејк тјунинзи скоро и да не видов фејк.. видов постови со слики од СТИЛИЗИРАНИ возила... за воља на вистината видов доста што ми се свиѓаат, а “експертите“ ги окрактеризирале како фејк... не сакав да пишувам ни таму затоа што ке добијам одговор онаков како што знам дека ке добијам, за почеток од симо...
Не секој може да препознае естетски вредности. Не е тоа нешто за вреѓање. Цело Скопје ни` го направија фејк барок, па луѓево не се бунат. Она што ги прави овие (не)стилски додатоци фејк, е што нивното додавање не придонесува подобрување на ниту една функционалност на возилото. Додавање нефункционален браник кој освен што не подобрува ништо, туку дамбетер - влошува нешто (изгледот) е тотално фејк.
доста длабоко сте ги испомешале стајлингот и тјунингот... стајлингот е личен вкус за ИЗГЛЕДОТ на возилото на сопственикот. немора тебе да ти се свиѓа. он давал пари за него да му се свиѓа. и ако тебе не ти се свиѓа не е фејк т.е. лажен тјунинг... лажен тјунинг е кога ке рече дека има 500 коња а под хауба има едвај 100... не е фејк тјунинг ни ако возилото го преправи со сетап на стајлинг елементи од истиот бренд кој има појак мотор... едноставно тоа е стајлинг а не тјунинг... да повторам, тоа е личен вкус. тоа е сопствено мерило. тебе може да ти се свиѓа или не, а ако не ти се свиѓа, не е фејк...
Тјунинг на надворешниот изглед (body tuning) http://en.wikipedia.org/wiki/Car_tuning#Body_tuning е функционално модифицирање на каросериски делови со цел подобрување на аеродинамичките карактеристики на возилото. Не знам дали сме испомешале ние или некој друг испомешал.
Со овие крш браници, овој само ја сје*ал аеродинамиката и преминал во фејк тјунинг категорија.
браниците го правеле фејк? jeah, right...
Jeah, rhigt...
симо.. мање више и очекував ваков одговор од тебе, кај што не признаваш грешка, не преќутуваш кога ке те поправат и полека ама сигурно стануваш симоВ со правдањето и тупењето се само за повторно да не признаеш дека грешиш.. на википедија може да го викаат боди тјунинг, ама ВО МАКЕДОНСКИОТ ГОВОР постои збор за тоа.. стајлинг... имаме стилисти, имаме школо за тоа. не се вади на википедија жити се...
правото на коментирање никој никому не го одзима.. незнам кој ви даде право на одлучување за вредностите на некој автомобил. тука ке продолжам и со тоа со способноста за препознавање на естетските вредности. кој ти рече дека ти ги имаш? кој рече па дека јас ги имам? имаш диплома за тоа? немам ни јас...
муабетот ми е дека премногу е дрско нечив труд и пари да ги фрлиш и згазиш, нарекувајки ги ФЕЈК, а приота проценката за истото е по твоја логика и вкус, дали ти се свиѓа или не.. тоа сакав да кажам... многу коректно е да кажеш: СПОРЕД МЕНЕ ова е ружно, не го бива дрн дрн дрн ПО МОЈ ВКУС... ама етикета за фејк да му удриш, е тоа е стварно премногу дрско...
Не секој може да препознае естетски вредности. Не е тоа нешто за вреѓање. Цело Скопје ни` го направија фејк барок, па луѓево не се бунат. Она што ги прави овие (не)стилски додатоци фејк, е што нивното додавање не придонесува подобрување на ниту една функционалност на возилото. Додавање нефункционален браник кој освен што не подобрува ништо, туку дамбетер - влошува нешто (изгледот) е тотално фејк.
морав ова посебно... за скопје се бунат многу луѓе. само нема кој да ги чуе, а на википедија не пишува за тоа колку се бунат...
а за браникот... еве за твое инфо, браникот е таков каков што е заради тоа што таму мора да сиса многу воздух, таму е усисот за турбото а и ладилникот... мнооогу потребен е тој браник таков да биде.. можел да биде поинаков, ама отворите начелно ке биле такви... јас на пример кога веке би го имал тој браник би ја избегнал сивата боја...
До сега трпел за другите, ама чим едно Волво се нарече фејк надмината е границата на толеранција. Експертите да се извинат инаку ќе горат во пеколот. 
до некаде си во право и точно е... иако не поднесувам голф на пример, имам видено убави примероци на голфови, убаво средени со етикета дека се фејк... и не се работи за трпење туку за неинволвирање... ме трзна моментот што знам колку е ова уствари бесно возило, а се нарекува фејк дека е... а не дека е волво.. случајно ете, ги знам карактеристиките на тоа возило, бидејки ми е едно од омилените...
и да повторам дека типов со задниот браник ја утнал... со предниот е ок да речеме...
инаку го сменив одлучувачкиот мој личен момент, да престанам да постирам во темата за фејк возила и за грди возила исто така од еден момент... нема некој што не ја посочил мултиплата како ружно возило.. се согласувам, мнооогу ружно возило... ама ете, ми се даде шанса по некоја случајност да ја повозам. од внатре.. е од внатре додека возиш уствари сваѓаш колку многу е комотно, прегледно, практично и убаво возилото.. днавна соба... затоа, за било каква одлука, дефинитивно мора да го имаш на располагање било кое возило... една ебана слика не ти кажува скоро ништо.
впрочем затоа и зеро зима авотобили, ги вози по неколку дена па после пишува мислење за нив...