Мене би ми било срам. Циркусот со општинските камиончиња (а предизборно и контејнери) само создава лоша навика на оставање работи по улици и „до контекнер па некој ќе го земе“
Ете има депоа за тоа, ќе дознаам и за гуми и ќе пишам.
Нема зошто да ми биде срам, проаѓа камион за ѓубре прво ги празни кантите и после поминува камионче што собира трева гранки што ги оставаме на улица и друг отпад што не е за во камионот за ѓубре, штом ги земаа гумите значи имаат кај да ги фрлат инаку не би ги земале. Во неколку наврати имам оставено азбестни табли и не ги земале. Во депото што им е кај аеродромот имам видено дека отпадот е сортиран.
Малку офф топик.
Не си ти виновен, системот наместо да казнува оставање (на улица, до контејнер и сл) дури и те мотивира да го правиш тоа. До тој момент дека ти се чини за нормално.
Тие камиони проаѓаат по потреба,коа ќе се насобере, не секој ден, кога лесно мотивираните граѓани фрлаат гуми, кади, троседи, двоседи дури ете и азбестни табли.
Наместо да излезат комунални инспектори и да почнат да казнуваат.
Заради тоа сме таму каде што сме, наместо да препишеме од една Љубљана или Загреб. Реновираш купатило, или фрлаш тросед, во трошокот ќе се израчунаш и одлагање на отпадот кој не е за „на улица и ќе го соберат“.
За тоа време таквите како мене се обични будали кои се во потрага на легален начин да фрлат едни гуми. За да не бидат на лесен дофат на џипси меџик а изгледа дека предложеното место од општина Карпош е баш такво