Автор Тема: VW го слави 30 милионитиот Golf  (Прочитано 5113 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
VW го слави 30 милионитиот Golf
« на: 21 Јуни 2013, 14:56:01 pm »
Од производните ленти на фабриката на Volkswagen во Волфсбург се симна 30 милионитиот примерок на Golf. Модел којшто е репер во класата и ниже успеси од почетокот на производството во 1974 година.



Статистиката е интересна наука. Таа вели дека во изминатите 39 години секој ден по 2.000 купувачи седнувале зад волан на нов Golf. Воедно Golf e најуспешниот европски автомобил на сите времиња.

Само еден ден откако шефот на VW, Мартин Винтеркорн во име на Golf официјално ја прими претижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2013” од фабриката излезе Golf TDI BlueMotion со бројката 30.000.000.

Автомобилот што на себе го носи рекордот ќе биде изложен во фабриката, потсетувајќи ги вработените за историска вредност на Golf и влијанието на неговите седум генерации. Патешествието на почна во 1974 година.



Golf I (1974-1983): Преминот од Буба (Beetle) во Golf беше револуција за VW кој тргна по стапките на тогаш успешните модели во таа класа Fiat 128, Honda Civic и Toyota Corolla. Од автомобил со мотор и погон назад и воздушно ладење беше создаден нов автомобил со мотор и погон напред и водено ладење. Дизајнерите ги напуштија тркалезните форми и примениа нов правоаголен дизајн врз основа на легендарната дизајнерска студија на Џорџето Џуџаро.



Golf II (1983-1991): Ова е модел во кој се воведени технолошки напредни системи како: контролиран каталитички конвертор (1984), ABS (1986) и погон на четири тркала (1986). Оваа генерација напреднаа до таа мера што дефинитивно станаа икона. Марк Лихте, водечкиот дизајнер на Volkswagen се присетува: „Во тоа време, клучниот момент во историјата на Golf беше одлуката на членовите на Управниот одбор за понатамошно развивање на дизајнот на Golf I и конципирање на Golf II врз основа на неговиот визуелен ген. Така VW создаде основа за развој на моделската понуда".



Golf III (1991-1997): Дојде во 1991 година и иницираше нова ера во сфера на безбедноста. Golf III е прв во серијата кој во 1992 година понуди предни воздушни перничиња. Напредокот во производство на каросеријата доведе до понатамошни подобрувања на нејзините безбедносни својства при незгоди. Првиот TDI мотор исто така, беше воведен во сериските модели на оваа генерација на Golf (1993).



Golf IV (1997-2003): Под водство на искусната рака на поранешниот шеф на дизајн на групацијата, Хартмут Варкус, создаден е дизајн кој го поплочи патот кон иднината на VW. Денес, експертите го сметаат Golf IV како дизајнерска икона и пионер на модерниот дизај на серијата. Но Golf IV беше воедно и инженерски подвиг со воведување во сериско производство на новите технологии како: електронска прогрма на стабилност ESP (1998) и менувач со две спојки DSG (2002).



Golf V (2003 до 2008): Тоа беше генерацијата на Golf чиј комфор, динамика и пред сè квалитет, ги засени останатите конкуренти. За 35% поголемата отпорност на усукување, или торзиска крутост, се должи на ласерски заварената каросерија. Петата генерација на Golf дебитираше во 2003 година, а во 2007 година беше основа за првиот Golf BlueMotion со потрошувачка на гориво од 4,5 l/100 km.



Golf VI (2008 до 2012): Каросеријата, повторно ласерски заварена, беше толку безбедна што мина со врвни оценки на проценката на EuroNCAP. Триумфот на моторите ТSI и конверзијата на турбо дизелите TDI од систем пумпа-шприцлка во систем со заедничка вод – common rail, доведе до подинамични перформанси и пониска потрошувачка. Шестата генерација на Golf го донесе вториот Golf TDI BlueMotion кој имаше просечна потрошувачка од само 3,8 l/100 km.

 

Golf VII (од 2012): Полеснa за до 100 kg седмата генерација на Golf стави стоп на претераното зголемување на тежината условено од потребите за поголема безбедност. Новата палтфрома MQB стана побезбедна, а полесна со паметно комбинирање на материјалите за градба. Така потрошувачката се намали за 23% во однос на претходникот, a изведбата Golf TDI BlueMotion стигна до просечна потрошувачка од само 3.2 l/100 km. Taa воедно e и 30 милионитиот произведен  примерок на Golf.

Golf VII дефинитивно ќе биде запаметен како компактен модел во кого една цела армада од нови дополнителни помошни системи го имаа своето деби. Како системот PreCrash, Automatic Post-Collision Braking, Adaptive Cruise Control…

Технологии кои во минатото се наоѓаа во понудата на возила од многу повисока класа од компактната што означува нова фаза во распространувањето, односно,   демократизацијата на автомобилскиот напредок.


http://www.carclub.mk/2013/06/19/volkswagen-go-napravi-30-milionitiot-golf
« Последно менување: 21 Јуни 2013, 15:41:08 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #1 на: 21 Јуни 2013, 15:11:09 pm »
Пошто очигледно не постои друг начин да ја пренесам поентата.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #2 на: 21 Јуни 2013, 15:38:22 pm »
аууууу копи паст...

во цивилизирани земји за ова следи тужба....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #3 на: 21 Јуни 2013, 15:58:17 pm »
Zero, и останатите љубители на голф

-кој ви е омилен голф и зошто ?

Ајде мала дискусија

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #4 на: 21 Јуни 2013, 16:40:00 pm »
@Onak: Не е копи-пејст проблемот. Описот на индивидуалните генерации е преземен од PR текст, мање-више ист е кај сите.

Проблемот е што Лошко упорно и намерно линкува до конкурентски сајтови за стории кои ние веќе ги имаме објавено.

Да го одговорам прашањето на Лошко: Највеќе ми се свиѓаат Голф 1, 2, 4 и 6. Тројката ми нема карактер како 1 и 2, а петката и седмицата не ми се свиѓаат визуелно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #5 на: 21 Јуни 2013, 17:12:23 pm »
јасно ми е мене за изворот на информации... токму тоа и ми беше муабетот, за изворот што лошко го искористил...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #6 на: 21 Јуни 2013, 17:41:45 pm »
Мене однесувањето на ЛП ми заличува на „piggybacking“ башка и ЛП да пишува за VW некако не би можел да замислам ... кај ли отиде светов ..

;D ;D ;D   

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #7 на: 21 Јуни 2013, 17:58:45 pm »
Ништо не правам упорно, некогаш сум презафатен за да обрнам внимание.


1. Кецот можеби бил добар, давно некад. Денес е толку застарен и непривлечен што не сакам ни 3 секунди да потрошам за него, затоа што не е повеќе од мала тенка лимена кутија.

2. Двојката веројатно бил најдобар во класата. Најпростран, модерен, со одлични дизел и бензински мотори. И денес изгледа добро, ако се среди.

3. Тројката е комерцијална карабатија, со многу лоши материјали во внатрешноста. Сосем просечно возило кое во ништо не се истакнуваше, освен со ТДИ моторите.

4. Четворката повторно беше најдобро возило во класата, со многу детали превземени од повисоката класа. Мислено е на секој детал. Најголем скок во квалитет помеѓу генерација, разликата меѓу тројка и четворка е 3 класи. Сеуште актуелен дизајн, единствен Голф на кој не е штедено. Воведени се најдобрите W дизел мотори со пумпа дизна во 5 изведби. Недостаток е полукрутата оска во скоро сите верзии и помалку крцкава внатрешност. Од оваа генерација Голф станува скап за одржување.

5. Петката е можеби најдобриот Голф. Најмасивен, акутелен дизајн, стегнат, малку полоши материјали, кои се постегнати и помалку крцкаат од четворката. Има мултилинк. Дизелите одат во погрешна насока. 2 литарскиот тди во 16 вентилска изведба е дизајнерска утка. Иако прави голем мерак во возењето, премногу се расипува. Од 1.9 извебите оставена е само една со 105кс.

6. Шеската прави апдејт на материјалите и дизајнот во правилна насока, но моторите ги води во погрешна насока. ВЊ започнува со штедење, па ПД се заменува со КР технологија. Новите дизели се млитави и без душа. Полни со детски болести.

7. Во седмицата се е промашено. Грдо и неквалитетно. Аспектот е ставен само на штедење.

8. Очекувам осмицата повторно да биде добро возило.

Значи 2,4,5 и евентуално 6. Најдобра куповина денес е МК5 1.9 ТДИ 105кс.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #8 на: 21 Јуни 2013, 18:16:48 pm »
Има некој реален тест на CR вс PD мотори во генерациски исти возила за да видиме кој има предност? И дали само заради штедење е преминато на CR или е пак, по мое мислење заради недостастоците што ги носи PD технологијата?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #9 на: 21 Јуни 2013, 18:23:29 pm »
Во петката нема КР, во шеската нема ПД. Но петката и шеската ја носат истата платформа.
Разликата помеѓу моторите е голема. Снагата кај ПД е секогаш достапна, и скоро инстантна.
Звукот на ПД моторите е посличен на она што го знаеме како дизел. ПД е порафиниран во работата, во лер и низ работното поле.
Недостатокот на ПД е што е многу поскапа технологија од КР.

Не ми се допаѓа во кој правец се движи КР технологијата. Третава генерација е многу побучна од првата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #10 на: 21 Јуни 2013, 18:27:04 pm »
Мене Голфовите ме нервираат со комоцијата, не знам упорно значи генерации наназад задната глупа ја прават премногу тесна за високи луѓе. Астрата на пример е супер, а VAG упорно не го продолжуваат доволно меѓуоскиното растојание. На Шкода им текна Супербот да го продолжат во однос на Пасатот и добија екстра популарно возило.

Влегов некни во 3-ката Октавија исто е со Голф 7. Пааак не ја раскомотија задната клупа како што треба, мада има доста подобрување.

И јас се согласувам, некако 5-ката најубава е до сеа, во однос на матерјали и комоција, ама затоа и најскапа за произведување.

6 и 7 се деца на економска криза...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #11 на: 21 Јуни 2013, 18:55:45 pm »
Во петката нема КР, во шеската нема ПД. Но петката и шеската ја носат истата платформа.
Разликата помеѓу моторите е голема. Снагата кај ПД е секогаш достапна, и скоро инстантна.
Звукот на ПД моторите е посличен на она што го знаеме како дизел. ПД е порафиниран во работата, во лер и низ работното поле.
Недостатокот на ПД е што е многу поскапа технологија од КР.

Не ми се допаѓа во кој правец се движи КР технологијата. Третава генерација е многу побучна од првата.
Не мора да е голф, ете мислам дека претходниот пасат носеше и PD и CR?
Среќен би бил ако постои некој асален, помалку субјективен поглед.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #12 на: 21 Јуни 2013, 19:00:52 pm »
Може нешто слично. Пасат 5.5 1.9 тди 131 е помоќен од Пасат 7 2.0 ТДИ КР 140 (кој е меѓудругото и полесен)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #13 на: 21 Јуни 2013, 20:23:46 pm »
Apsolutno se slizuvam za sovrsenstvoto na 5ka so 1.9 tdi. Isklucivo sportlajn ili hajlajn zavisno koj kako si saka.
Son.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: VW го слави 30 милионитиот Golf
« Одговори #14 на: 22 Јуни 2013, 00:43:03 am »
Голф 4 р32 и голф 6 (без разлика што мотор носи,ама опремата и те како битна)..Другиве за к*р не ги бива.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.