Гласање

Hot hatch за вас?

Alfa Romeo Giuilietta QV
70 (13.4%)
Opel Astra OPC
45 (8.6%)
Volkswagen Golf GTI
57 (10.9%)
Audi S3
59 (11.3%)
Skoda Octavia RS
33 (6.3%)
Seat Leon FR
47 (9%)
Renault Megane RS
53 (10.2%)
Ford Focus ST
28 (5.4%)
BMW 135i
50 (9.6%)
Mercedes A45 AMG
79 (15.2%)

Вкупно гласови: 280

Автор Тема: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?  (Прочитано 165414 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #765 на: 10 Декември 2018, 09:57:24 am »
Види, начелно си во право, ама убаво кажа Дени - луѓе што имаат големи скапи коли, сакаат помали коли (да не речам, попрактични коли) во кои нема да се почувствуваат дека напраиле „чекор надоле.“

Малку? Не би рекол. Audi редовно продава повеќе од 150.000 А3-ки годишно, BMW продава околу 130.000 Серии 1, Mercedes-Benz продава околу 120-130.000 А-класи - и тоа се бројки само во Европа.

И кај овие коли воопшто не треба да купиш S3/RS3, M140i или A45 AMG за да ја надминеш границата од 35.000 евра.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #766 на: 10 Декември 2018, 09:59:06 am »
Поарно ваков избор да имаа народот за да не мора да купуваат ѓеризи од типот на Макан, GLC, X3 и остани дренажни системи.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #767 на: 10 Декември 2018, 10:01:54 am »
Отприлика вака стојат работите. http://www.in2013dollars.com/2001-euro-in-2018?amount=26500

Ние сме малку застанати во 2001...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #768 на: 10 Декември 2018, 10:25:17 am »

Малку? Не би рекол. Audi редовно продава повеќе од 150.000 А3-ки годишно, BMW продава околу 130.000 Серии 1, Mercedes-Benz продава околу 120-130.000 А-класи - и тоа се бројки само во Европа.


Ваљда најпродавана кола на Ауди не е А3, на БМВ не е серија 1, а на Мерцедес не е А класа, што е показател што уствари ги занима оние кои реално имаат потреба од премиум.  И ваљда ниеден од овие модели не е најпродаван хеч во Европа, што е показател што уствари ги занима оние кои реално имаат потреба од хечбек.


И не викам дека колава не е добра..може е и најдобра во класата..али имаш ти и пенкало кое кошта 1000 евра и е вероватно убедливо најдоброто пенкало, али на крајот од денот е сепак факинг пенкало и тешко дека ќе ме убедиш дека Паркер од 100-200 евра нема да ти ги задоволи истите потреби.

Мое мислење...





Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3241
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #769 на: 10 Декември 2018, 10:29:50 am »
Имајте само во предвид дека во "нормалниот" Запад, голем број од возилата ги земаат на лизинг.

Па разликата од 15.000 евра во цена од просечен хечбек или просечна Ц класа со рено мотор, до напукана АМГ А класа на Мерцедес се сведува на 50 евра плус во ратата месечна.

А, за 50 евра месечно плус, секако дека би ја земал напуканата, отколку просечната.

Бројките се априксимативни, ама мислам дека ја сконтавте суштината.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6415
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #770 на: 10 Декември 2018, 10:36:21 am »
Ама малце верглаш со твоите повтарања/мислења оставаш импресија дека треба некој тебе да ти го поклони мерцедесов џабе. Знаеме дека е скап и пробуваш само цената да ја земеш како единствен фактор за логичен/нелогичен избор а такво нешто не постои.

Лупам сега, ауди а4 нека е најдобро продаван автомобил на Ауди. Ама сигурно не е најпродаван седан во глобални рамки и сеа шо значи тоа треба да ја спуштат цената? :D

Имајте само во предвид дека во "нормалниот" Запад, голем број од возилата ги земаат на лизинг.

Па разликата од 15.000 евра во цена од просечен хечбек или просечна Ц класа со рено мотор, до напукана АМГ А класа на Мерцедес се сведува на 50 евра плус во ратата месечна.

А, за 50 евра месечно плус, секако дека би ја земал напуканата, отколку просечната.

Бројките се априксимативни, ама мислам дека ја сконтавте суштината.
Иако бројките ти се нереални секако дека ја доловуваме поентата но секогаш деталите се најбитни.

Дури и под претпоставка дека се сведува на 50тина евра плус разлика месечно за АМГ А класа, кај подобро опременава имаш од старт поскап аванс нека биде тоа 15-20% од вредноста на колата. 15% на 25.000 = 3,750 а на 40.000 = 6,000 евра. Па поскапа регистрација, редовни поголеми трошоци како гориво и сервис и доаѓаме до она најбитното а тоа е многу поскапо осигурување и каско. Затоа не сите возат АМГ А класа у запад, усвари немаат голема потреба да се курчат и гледаат нешто оптимално.  :)


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #771 на: 10 Декември 2018, 10:37:02 am »
Не е најпродавана, ама не е ни најмалку продавана. Не е тоа поентата - сите брендови се испораширија да нудат што е можно повеќе различни модели, за да задоволат што е можно повеќе вкусови.

Една од најважните работи за сфаќање во премиум сегментот (а кој им е тешко на купувачи на не-премиум возила да го сфатат) е дека премиумот не се изедначува со големината на возилото.

Еве.. Audi во Европа во 2017 продал 164.000 А3/S3/RS3, и 146.000 А4/S4/RS4.

--

Јас останувам на ставот дека хечбек со пет врати е едно од најпрактичните возила. Веќе станаа доволно големи да можат да соберат товар, а не се преголеми и се сè уште функционални во градски услови.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #772 на: 10 Декември 2018, 10:43:31 am »
Ама малце верглаш со твоите повтарања/мислења оставаш импресија дека треба некој тебе да ти го поклони мерцедесов џабе. Знаеме дека е скап и пробуваш само цената да ја земеш како единствен фактор за логичен/нелогичен избор а такво нешто не постои.


Полека со заклучоциве.
Секако дека цената е најбитен фактор за логичен и нелогичен избор на било што, не само за авотомобил.
Што би било ако не цената?

Да ти понудат одмор во Охрид за 300 евра од ноќ ќе одиш?
И да ги имаш парите, ќе речеш ..ипак е Охрид.
Така и тука...ипак е хеч.

(По трет пат) Мое мислење.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #773 на: 10 Декември 2018, 10:44:57 am »
За тебе цена, за некого бренд, за трет комфор, за четврт перформанси... Итн.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #774 на: 10 Декември 2018, 10:45:11 am »
Познавам луѓе, на кои цената не им игра никава улога во изборот на било што.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #775 на: 10 Декември 2018, 10:45:56 am »
Да се умешам и јас, немам возено АМГ Мерцедес, ама си има зошто е поскапа А Класата,
А класата поставена во Спорт Мод на управување е леле мајко добра за возење и со најслабиот мотор склопен со автоматски менувач, можам да замислам па АМГ.
Поскапа е ама па и го има Мерцедес филнгот внатре, претпоставувам затоа е и поскапа.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #776 на: 10 Декември 2018, 10:48:07 am »
Без учество на 36 месеци е околу 550 евра лизинг.
Со 10% учество на 36 месеци е околу 450 евра лизинг.
Со 20% учество на 36 месеци е околу 320 евра лизинг.
Со 30% учество на 36 месеци е околу 190 евра лизинг.

Ако е за службено возило е релативно евтино. Единствен проблем би бил количината на загадување.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #777 на: 10 Декември 2018, 10:49:58 am »
Познавам луѓе, на кои цената не им игра никава улога во изборот на било што.

И јас познавам.
Едниот е во Будмпешта, другиот кај и да е ќе му се придружи. ;D

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6415
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #778 на: 10 Декември 2018, 10:54:39 am »
Ама малце верглаш со твоите повтарања/мислења оставаш импресија дека треба некој тебе да ти го поклони мерцедесов џабе. Знаеме дека е скап и пробуваш само цената да ја земеш како единствен фактор за логичен/нелогичен избор а такво нешто не постои.


Полека со заклучоциве.
Секако дека цената е најбитен фактор за логичен и нелогичен избор на било што, не само за авотомобил.
Што би било ако не цената?

Да ти понудат одмор во Охрид за 300 евра од ноќ ќе одиш?
И да ги имаш парите, ќе речеш ..ипак е Охрид.
Така и тука...ипак е хеч.

(По трет пат) Мое мислење.


Твоете мислење е твое никој не ти го зима. Се обидуваш да направиш логика на твоето мислење преставувајќи го како факт, но не е така.

Цената покажува колку е некој спремен да плати за возврат да добие нешто. Се додека има купувачи тоа што значи? Дека сите што купуваат мерцедес амг А класа се глупи зошто Кларксон и ти така мислите?

Ако сите смештаи во Охрид се 300 евра од ноќ ти ќе одиш? Или ќе отидеш во Претор за 10 евра? Епа така и ова. Место А АМГ ти ќе возиш Астра со ОПЦ пакетче мислејќи која е таа будала што ќе плати 300 евра за Охрид.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Кој нов Hot Hatch би го одбрале?
« Одговори #779 на: 10 Декември 2018, 10:58:46 am »
Не е најпродавана, ама не е ни најмалку продавана. Не е тоа поентата - сите брендови се испораширија да нудат што е можно повеќе различни модели, за да задоволат што е можно повеќе вкусови.

Една од најважните работи за сфаќање во премиум сегментот (а кој им е тешко на купувачи на не-премиум возила да го сфатат) е дека премиумот не се изедначува со големината на возилото.

Еве.. Audi во Европа во 2017 продал 164.000 А3/S3/RS3, и 146.000 А4/S4/RS4.

--

Јас останувам на ставот дека хечбек со пет врати е едно од најпрактичните возила. Веќе станаа доволно големи да можат да соберат товар, а не се преголеми и се сè уште функционални во градски услови.
Јас уште сум малку резервиран на тоа поле за да можам да кажам дека се доволно големи. Можеби надворешно се, ама архитектурата на просторот е далеку од оптимална. Да, во 308 е доста подобра со тоа што има 470 литри гепек и резервно тркало под багажникот. Но тоа е реткост сеуште. Го нуди делумно и Цивикот, кој имаше навистина феноменални Magic seats кои се тргаа, ама од последнава серија ги нема.

Ако цивик и 308 можат да згреат столче и да стокмат квалитетна архитектура - а за 308 и феноменална шасија и подвозје, никако не ги оправдувам „сите“ хеџбеци дека се најпрактични и најфункционални. Пред се БАШ затоа што не се најпрактични и најфункционални имаме толку ретардирано голема продажба на SUV возила. Реално заради багажникот кој е подобар од некои хечбеци. Има многу работа во архитектурата и практичноста на хеџбеците и се далеку од најпрактични.

Јарис нудеше лизгачки седишта позади од 2001ва. Микра нудеше. Зошто не нуди Голф? Зошто не нуди Астра? Зошто не нудат? Многу пати тоа завршило страшно многу работа. А тек да е во поголема кола како 308 ќе е стравотно добро да се зголеми дел од багажникот. На пример да седи ISOFIX седиштето на малиот дел од клупата, или човек, а другиот дел да се помести нанапред. За и тие 470 литри, да станат 570 литри. Тука се гледаат стварите. Јас симнувам капа на 308 особено откога го средија менувачот, ама не и на други хеџбеци.