Според мене, нема посоодветно место од Кале за Пиволенд. Она што беше неколку години на паркингот кај СЦ Борис Трајковски, не личеше на ништо. 
Мене па ми беше многу пологично, највеќе од аспект на пристапност и чистота. На Кале или се гушиш во прашина, или се давиш во кал. Е сега, тоа што кај спортската сала беше многу глупаво изведено, со само две места за влегување/излегување, и моментот со бонови (Кратово, цирка 95-та година).. Тоа е невидена брука.
Да не правиме муабет дека пивото е со иста цена или поскапо од продавници, итн.
Не сме ние за организирање вакви работи. Нит организаторите знаат да организираат, нит продавачите знаат да продадат, нит па ние знаеме да уживаме. 99% од посетителите се бетон пијани, ѓубре има на сите страни а музичкиот избор се сведува на шунд, кич и ѓубре. И Тајзи, apparently.
Алтернативно место? Искрено, јас рецимо би го организирал на кеј, баш во делот на градскиот парк. Во должина од километар би наредил штандчиња за пиво и скара, клупи со маси на сите страни, насекаде канти за ѓубре и персонал што ќе чисти, рандом мали свирки со разно-разна музика, итн. Ќе преживеат 5-6 дена цуците што возат ролери на кеј.