Автор Тема: "Пивофест"  (Прочитано 43635 пати)

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
"Пивофест"
« на: 05 Јуни 2013, 10:21:24 am »
Ајде љубители на пивце раскажете како сте поминале претходните години на Пивофест :))
Годинава Inna...мора да се оди :)
http://kriglapivo.com/goran-bregovic-inna-pivofest2013/
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: "Пивофест"
« Одговори #1 на: 05 Јуни 2013, 10:25:19 am »
Јас и лани и прехлани бев. Прехлани многу поубаво си поминав пошто кога бевме со другарите, таа вечер пееа Благица Павловска, Гоце Арнаудов бог нека го прости и Харис Џинович.
Фешти беше, со еден другар заедно таа вечер испивме 12 литри пиво, што наше платено, дел не частеа, а дел од чашите што ги собиравме и идевме да ни дадат ваучери за пиво :D

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: "Пивофест"
« Одговори #2 на: 05 Јуни 2013, 10:29:22 am »
Јас и лани и прехлани бев. Прехлани многу поубаво си поминав пошто кога бевме со другарите, таа вечер пееа Благица Павловска, Гоце Арнаудов бог нека го прости и Харис Џинович.
Фешти беше, со еден другар заедно таа вечер испивме 12 литри пиво, што наше платено, дел не частеа, а дел од чашите што ги собиравме и идевме да ни дадат ваучери за пиво :D
Хахаха дури 12 литри...машала браво ! :D Инаку и јас бев таа вечер Харис кога пееше, мислам и Јоксимовиќ беше истата вечер ако не се лажам, топ беше.
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: "Пивофест"
« Одговори #3 на: 05 Јуни 2013, 10:30:12 am »
Оваа Ина.. Згодна е, све у реду, али музикава саде за на Пивофест.

Енивеј, јас бев лани, вечерта кога свиреше Влатко Стефановски мислам.. Одлично поминавме, драстично подобро организирано него во Скопје, многу опуштена раја, генерално супер провод. Најверојатно би отишол пак оваа година, само ќе треба да изберам вечер со нешабанска музика, ако има.

А муабетот за Харис и Јоксимович, и топ.. Јас повеќе нема што да разговарам тука. :)

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: "Пивофест"
« Одговори #4 на: 05 Јуни 2013, 10:31:16 am »
Оваа Ина.. Згодна е, све у реду, али музикава саде за на Пивофест.

А муабетот за Харис и Јоксимович, и топ.. Јас повеќе нема што да разговарам тука. :)
Хаха, те сваќам како ти е, не секој слуша иста музика, ај Псај да го викнат.
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: "Пивофест"
« Одговори #5 на: 05 Јуни 2013, 10:37:13 am »
Јас и лани и прехлани бев. Прехлани многу поубаво си поминав пошто кога бевме со другарите, таа вечер пееа Благица Павловска, Гоце Арнаудов бог нека го прости и Харис Џинович.
Фешти беше, со еден другар заедно таа вечер испивме 12 литри пиво, што наше платено, дел не частеа, а дел од чашите што ги собиравме и идевме да ни дадат ваучери за пиво :D

преКлани и јас бев. лани не... зафатен бев... да ви дадам совет еден..на пиво фест се пие само лајт пивца, за да нели, испете повеќе, да не се дамлосате...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: "Пивофест"
« Одговори #6 на: 05 Јуни 2013, 10:43:53 am »
Е добро печатна грешка, уште ми се спуштени ролетните, не гледам убаво во тастатурава коа куцам :D
Иначе дабот за пиење најубаво лизга :D

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: "Пивофест"
« Одговори #7 на: 05 Јуни 2013, 10:45:02 am »
Јас, од ко почна да се дешава то Пивофест, сум таму. Сите години. Чунки тамошен чоек ;D
Добра организација, има кај да касниш (не ги преферирам тезгите наместени римоут, одам на сигурно, пример Македонска Куќа и слично) и кај да се напиеш. Единствена замерка е многу чад, ама како рекле старите кај шо чади таму се јади ;D

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Одг: "Пивофест"
« Одговори #8 на: 05 Јуни 2013, 10:54:14 am »
Сељачана во подем и од кај што вее и од кај што грее :D
Чад еден куп и што е најбитно, мал избор на пива. Ако сакам да пијам Даб (моментално едно од полошите пива), ќе си седам пред коперација на гајба. Исто важи и за Крали Марко и Битолско. На Пивофест нема ни Гролш, ни Бекс, ни Стела...
Пред неколку години бев, прилично глупаво си поминав. На инсистирање на блиски луѓе, бев и лани. 1 сат чекав и се чадев за да добијам мизерно тегаво мевце, а згора на се' немав избор на пиво (како што кажав погоре), а имав финансиери за да го платат ако го пронајдам одговарачкото пиво.
Лоши впечатоци, Пивофест...не благодарам! :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: "Пивофест"
« Одговори #9 на: 05 Јуни 2013, 10:59:27 am »
Што знам, моите впечатоци од лани се мошне позитивни. Изборот на пива беше прилично голем (меѓу другото, пиев и Стела, ете), храната беше прилично добра а услугата на ниво. За Даб, Крали Марко, итн, се слагам.. Жалосно е таа жабокречина да се нарече пиво, без навреда до прилепчани и битолчани...

Моментот што ме изненади е што и цените беа прифатливи, односно 30-40% пониски од Скопскиот Пиволенд..

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8114
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: "Пивофест"
« Одговори #10 на: 05 Јуни 2013, 11:00:31 am »
Јас одам секоја година пансионски кај цимерот ама мноооогуу е гужва...
Обично јадеме во некое меане горе кај паркот и после малку у гужвата долу и синаш  ;D

Ина... би го ѕирнал сливчето  :P ќе поминам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: "Пивофест"
« Одговори #11 на: 05 Јуни 2013, 11:05:55 am »
Пак ќе биде концентрационен логор кај Палас или на друго понормално место?


Не научија како се организираат ствари и не научија.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: "Пивофест"
« Одговори #12 на: 05 Јуни 2013, 11:08:46 am »
Не би се сложил дека Даб е жабокречина.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: "Пивофест"
« Одговори #13 на: 05 Јуни 2013, 11:15:00 am »
Секоја година идам и ќе идам
Ќе си се соберете друштво 10тина другари и топ ќе ви биде
Ако не ви се свиѓа музиката ќе си отидете во калипско на странско
Многу подобро организирано за разлика од Скопскиот, опуштена раја, цените како што треба
Избор на пива си има, а тој што сака да не му е убаво ќе си најде нешто за да не му е убаво

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Одг: "Пивофест"
« Одговори #14 на: 05 Јуни 2013, 11:19:06 am »
Не би се сложил дека Даб е жабокречина.
Со новата тикета ми заличе на подобро па се излажав и се напив. Бљак. Даб беше пиво пред некои 6-7 години.
Што знам, моите впечатоци од лани се мошне позитивни. Изборот на пива беше прилично голем (меѓу другото, пиев и Стела, ете), храната беше прилично добра а услугата на ниво. За Даб, Крали Марко, итн, се слагам.. Жалосно е таа жабокречина да се нарече пиво, без навреда до прилепчани и битолчани...

Моментот што ме изненади е што и цените беа прифатливи, односно 30-40% пониски од Скопскиот Пиволенд..
Ете јас не најдов прифатлив бренд на пиво, за да го оправдам одржувањето на ПИВОфест.
Од Пиволенд во Скопје (на Кале) имам далеку подобри впечатоци. Си пијав Гролш и си слушав блуз...али цените...