Како што пишав у една друга тема, претходниот викенд го искористив за полирање на аутото, односно ја поминав со Paint Cleaner од марката Feral. Средството е многу лесно за употреба и најдобрата особина му е тоа што остатоците по гумените и пластичните површини лесно се одстрануваат, односно не остава флеки кој од поранешно искуство многу тешко се вадат. Исто така позитивна особина му е што откако ќе се нанесе не бара претерано триење за да се добие саканиот ефект. Како негативна особина е огромното количество на прашина кое се ослободува после завршениот процес. Но тоа може да е и последица на количината која ја користев. Како алатки користев сунгерче за бањање 50 денара

и рукавица со крзно од внатрешната страна. Значи зимате стандардна зимска рукавица( што поголема) од зелено пазарче за 100 денара, ја превртувате од внатрешната страна и добивате одлична алатка за овој процес

.
Резултатите се видливи, но за да полирањето биде комплетно овој викенд планирам да ја поминам и со нано восок од истиот производител.


Третата слика е пред полирање, разликата во реалност не е до толку голема бидејќи на таа слика колата има минимум тродневна скопска прашина.

Откако завршив со полирање, коначно се решив да го сменам и касетофонот

, кој е стар 16 години. Инсталирав Радио МП3 Панасониче со 4x 45w

Тука се и новите патосници, кој не се од Самчо.

, али наредните ќе бидат.
За крај да ги преставам гумите. Изборот падна на Falken ZE912 со димензија 205/50/15 . Ги земав од Мултибренд кој заслужуваат пофалба за попустот но и за фактот што од дадената димензија никој од поголемите дилери нема лагер.

Гумата на прв поглед е ОК, немав време за некој посериозен тест, осим што сабајле на првомајска ја збрчев 160 че и немаше никакво тресење нит некој звук.