Автор Тема: Проблем со квачило (Peugeot 407)  (Прочитано 7028 пати)

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Проблем со квачило (Peugeot 407)
« на: 26 Мај 2013, 22:49:47 pm »
Значи се работи за Peugeot 407, дизел (~150.000km).
Имам проблем со квачилото, педалата е делумно тешка за притискање.
Системот е хидрауличен, се користи и за кочниците и за квачилото, со оглед на тоа сметам дека педалата треба да биде лесна.
Проблем со менување немам, лесно се менуваат брзините.

Дали некој е запознаен со оваа проблематика? Или дали можеби знаете добар сервис/мајстор кој се разбира во хидраулика (на кола)?
Дали е можно глицеринот да прави проблем?

Благодарам,

APD
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #1 на: 26 Мај 2013, 23:09:30 pm »
Мирни, зачистено. Проблемот може да ти биде банален, како на пример осовините на кои стои вилушката која ја одвојува потисната од ламелата да се полни со прљавштина, а може да е и време за менување на ламела (и потисна). Знаат да ослабат федерите на „шеширот“ од потисната. Како и да е, менувачот долу и така ќе се дознае. А ако е веќе долу, зошто да не смениш и потисна и ламела ;) Секако, може да бидат и хидрауличните цилиндри, но се сомневам. Тие кога ќе рикнат, пропаѓа папучата или не се крева..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #2 на: 26 Мај 2013, 23:18:31 pm »

Фала за брзиот одговор. Незнам што се мисли под "менувачот долу"? Изваден менувач? Ако е тоа, не е изваден, си ја возам колата бидејќи не е страшно тешка педалата, туку како на нормална постара кола со сајла...

Уште нешто заборавив да напоменам во првиот пост, се слуша звук при притискање, нешто како затегање на федер/спирала многу кратко, негде на дното штом се притисне педалата. Можеби тоа ќе помогне во дијагностицирање на проблемот?
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #3 на: 26 Мај 2013, 23:20:32 pm »
Да, мора да го извадиш менувачот за да видиш што е работата. Брат ми на алфата успеа да „накапе“ по осовината на вилушката, и ја подобри доста ситуацијата на неговата Alfa 147, но тоа е алфа, не знам за 407 дали е возможно без вадење менувач.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #4 на: 26 Мај 2013, 23:25:21 pm »
Да, мора да го извадиш менувачот за да видиш што е работата. Брат ми на алфата успеа да „накапе“ по осовината на вилушката, и ја подобри доста ситуацијата на неговата Alfa 147, но тоа е алфа, не знам за 407 дали е возможно без вадење менувач.

Па не се разбирам многу, ама во овластениот сервис ми рекоа дека мора да отворат да видат, вака неможат ништо да кажат, а ако треба да се менува квачилото тоа е 7.5 часови работа :) па изгледа е покомплицирано да се извади...
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #5 на: 26 Мај 2013, 23:29:04 pm »
7,5 наплаќаат, а за колку вадат и враќаат назад.. Би рекол 3 саати :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #6 на: 26 Мај 2013, 23:31:19 pm »
7,5 наплаќаат, а за колку вадат и враќаат назад.. Би рекол 3 саати :)

Епа кажете друг мајстор, овие ќе ми наплатат 10 пати повеќе и на крај ќе речат дека "успат" излегло уште нешто да се смени, додека е отворена да го сменат зошто другпат ќе ми наплатат пак за отворање... :D
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1213
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #7 на: 27 Мај 2013, 03:03:36 am »
Затоа пропаѓа еуроимпекс

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #8 на: 27 Мај 2013, 07:06:41 am »
Појди кај Дац во Влае, (кај бензинската Монца на Техногас), Веројатно е подобра варијанта :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #9 на: 27 Мај 2013, 07:38:53 am »
Јас би те препратил во CityCar, не баш кај Дац...Не дека и они не се Ок, ама ваму ми се посигурни некако...Барем јас со нив имам многу добро искуство...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #10 на: 27 Мај 2013, 08:49:42 am »
Сега мој пријтел зеде вакво пежо од Словенија. Таму беше направен огромен сервис со одлична цена.

Тогаш беше сменат замаец на колата. После читање на интернет, замаецот доста често се менува на ова возило (2.0 дизел 136 коњи), на некои 20.000 км.

Дали имаш менувано до сега замаец?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #11 на: 27 Мај 2013, 09:12:25 am »
Замаецот со дупли маси (a.k.a. DMF - dual mass flywheel) кај дизел возилата доста често страда во рангот на 100к-200к км доколку се деси на 20к км да треба да се смени или е нешто фабричка грешка или моторот има некој проблем (т.е. немоирно работење) што ќе доведе до трошење на федерите и јавување голема луфта, за секој тип на возило и мотор има пропишано колку е дозволениот агол на завртување со рака (преточен во број на заби).
А ова ти што го кажуваш дека педалот ти е цврст, потенцира најчесто дека потисната плоча отидена т.е. чиниестата пружина е опуштена и треба поголема сила да се доведе за да се одвои потисната од ламелата.
Ама како што кажа Симо најдобро ќе се види што е проблемот кога ќе се извади менувачот и ќе се види.
Колку што гледам кај овој модел на возило лагерот лизга по еден ракавец, има шанси од струготините што се трошела ламелата да се имаат залепено на него и потешко да лизга ама пак тоа ќе се знае ако се извади менувачот.
Едно е терај додека може, се додека не стане педалот ептен цврст па од тоа да си направиш и некој друг проблем.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #12 на: 27 Мај 2013, 19:07:54 pm »
Ви благодарам за одговорите, навистина не се разбирам многу во овој дел од возилото, па дури малку ми звучите "странски". :)

Јас од кога сум сопственик на возилото, имам поминато нешто повеќе од 30.000km, педалата е со иста тежина на стискање од моментот на купувањето до ден денес.
Со оглед на тоа, уште еднаш да прашам дали има шанси да е до глицеринот или можеби некој вентил, master цилиндар, slave цилиндар или повратен федер (или што и да има)?
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #13 на: 28 Мај 2013, 01:06:18 am »
никој неможе да ти каже дур не се отвори,може да е некоја небитна ствар од 500 денара
а може и да е сет ламела од 200 евра
е сега како што кажа симо,ако е некоја пропатна ствар можеби ќе може да се провери на сервис,со сервисот дац имам позитивно искуство само со французи работат

ете направи еден тест,стави ја колата во 5та брзина,дигни рачна и пробај да тргнеш
ако угаси тоа значи дека ламелата е добра
ако продолжи да работи тогаш ламелата шлајфува а тоа значи дека е "отидена"

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Проблем со квачило (Peugeot 407)
« Одговори #14 на: 28 Мај 2013, 09:53:15 am »
Да исклучиш една работа од сите можни, доколку не е сменет глицерин нигад оди на мајстор нека го сменат (за глицерин пропишан интервал на промена е 40к км или две години, кај нас мн ретко кој го менува на две години, ама еднаш на 3-4 добро е да се смени бидејќи со појавувањето на вода во глицеринот се губат неговите својства дозволено е до 2% вода во глицерин, со 4% вода веќе се смета за неупотреблив).