ете направи еден тест,стави ја колата во 5та брзина,дигни рачна и пробај да тргнеш
ако угаси тоа значи дека ламелата е добра
ако продолжи да работи тогаш ламелата шлајфува а тоа значи дека е "отидена"
Го пробав тестот, ставив во 5та, кренав рачна, пробав да тргнам - гас, отпуштам "куплунг", се крева малку колата, затресува за да тргне и гаси.
Пред да се залеташ да менуваш сет ламела, убаво провери си дали е за менување ... ова не е ефтин зафат ... а најмалку што ти треба е да чуеш после „Еј абе види, не било до тоа, мастер или славе цилиндерот бил, воздух имало бла бла“
Доколку треба еве ти 2 линкови од ибеј
1. Сет квачило со DMF (4 компонентен сет)
http://www.ebay.co.uk/itm/835068-Kupplungssatz-PEUGEOT-407-6D-2-0-HDi-135-136hp-2004-VALEO-/120901229810?pt=DE_Autoteile&hash=item1c26465cf2
2. Сет квачило (3 компонентен сет)
http://www.ebay.co.uk/itm/826345-Kupplungssatz-PEUGEOT-407-6D-2-0-136hp-2004-VALEO-/110861917632?pt=DE_Autoteile&hash=item19cfe29dc0
Мислам дека немора да ти пишувам дека пред да нарачаш (ако се решиш) од ибеј убаво да си провериш спецификации дали одговараат со каталошки број итн... како и цени кај нас па направи си математика.
Потоа не е лошо да се распрашаш, за master и slave цилиндер на квачилото дали се наоѓаат кај менувачот или ... бидејќи доколку пример за промена на некој од нив е потребно иста постапка како и за менување сет квачило, поштеди се од двоен трошок и ако се сомнева мајсторот во нив смени ги.
И по мене, можеби најважно, дали си се распашал дали кај сите 407 е иста ситуација? Можеби така е фабрички, лош дизајн итн...
Не бе пријател, нема шанси да менувам ламела (барем не овој период). Ако ги видиш моите коментари, сите алудираат на поефтини зафати (глицерин) чисто само да пробам да подобрам нешто. Куплунгот е потежок од што треба (од фабричкиот), ама не значи дека е неподнослив. Менувам брзини без никаков проблем, колата влече без никаков проблем.
Темата ја отворив за да соберам информации, да споделиме искуства и да добијам по некој совет, бидеќи не сум многу упознаен "во светот на трансмисијата". Кога ќе отидам на мајстор да знам што да прашам, за што да се интересирам, несакам да ме мотаат ова е проблемот, она е... вака треба, онака треба... само за да ми ги земат парите... друго е кога имам малку познавање во проблематиката, да предложам нешто или пак да одлучам помеѓу нешто, кога веќе треба да давам пари.
Како и да голема благодарност до сите што споделија мислења и знаења, мислам дека работите ми станаа појасни, па ќе отидам во неколку сервиси да ми кажат за мислење, во никој сервис нема да дозволам да ја отворат колата додека не се осигурам што е вистинскиот проблем.
Пред да пишам на форумов, читајќи по странските сајтови/форуми (посебно Англиски и Руски - многу ги возат 407-ците таму), многу луѓе го искусиле токму она што го кажа
AllMightyMe -сменет дел кој си нема никаква врска со проблемот. Сфатив дека многу поситни работи можат да влијаат на тежината на куплунгот, а воедно и поефтини од ламела, замаец и тн. па затоа и напишав тука некој ако искусил, да сподели
APD