Chevrolet полека го привршува развојот на новата седма по ред генерација на Corvette која ќе биде означена како C7 и ќе се одликува со уште полесна градба, помоќен мотор и пониска потрошувачка.
Првите прототипови наскоро би требало да почнат да кружат по патиштата и тркачките патеки ширум светот, а за новата Corvette, Chevrolet ќе ја модернизира и фабриката Bowling Green Assembly во сојузната држава Кентаки.
Осовременувањето на погоните ќе го чини Chevrolet 131 милиони долари, а производството би требало да стартува кон крајот на 2013 година кога ќе биде претставена сериската верзија на Corvette, a не во 2012 како што се веруваше.
Од техничките детали познато е дека моторот повторно ќе биде V8, но со директно вшприцување на горивото и со напредна управувачка електроника која значително треба да ја намали потрошувачката и емисијата на CO2.
Моторот ќе биде спарен со мануелен менувач со седум степени на пренос кои директно ќе влијаат врз намалувањето на потрошувачката преку подобро искористување на вртежниот момент.
Дополнително врз потрошувачката ќе влијаат и подобрата аеродинамика и пониската тежина. Според инасјдери новата Corvette ќе биде значително помал автомобил од актуелниот модел.
Од Chevrolet велат дека комерцијализацијата би требало да стартува на почетокот на 2014 година.
http://www.vozi.com.mk/vesti/nablizhuva-novata-generacija-na-corvette.html