Минатата недела во Петокот, тргнавме на шетња/ручек во Етно Ресторан Бабино, ама не најдовме место ни за паркинг не па за седнување...
Разгледавме претходно дека во самото село има некој знаменитости што најверојатно вреди да се посетат, па ајде...
Во селото се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија, во која има 20.000 разновидни книги. Влеговме таму, имаше еден човек кој на кратко ни објасни нешто повеќе за книгите што се наоѓаат таму. Секакви речници, разни штампи на весници, учебници, лектири и сл.
Во склоп на библиотеката има двор со амфитеатар, река, средено е за рекреација, со некоја клупа и сл. Исто така има и патека која води нагоре во шумата, поточно две, една до врвот на ридот, другата некаде до средина.
Некоја слика:
Го прашаевме човекот таму каде да ручаме, па ни го предложи во близина Ресторан На Вајалци, во село Слоештица. Моја препорака за ресторанчето, одлично јадење и одлични цени.
Еве една слика и од таму: